Еве што УЈП насочува:
„Укажуваме дека исплатата на хонорарите на сметка на хонорарците треба да се врши согласно роковите кои ги договориле договорните страни, а како и досегашната пракса и обврска, исплатувачот во моментот на исплатата на хонорарот истовремено треба да го пресмета и уплати персоналниот данок.
Што се однесува пак до пресметката на придонесите за договорите за дело и авторските договори, истите потребно е да се подготват и достават до УЈП најдоцна до 10-ти во месецот, а уплатата на придонесите да се изврши најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец, независно од тоа дали хонорарот е исплатен или не е исплатен“, се наведува во соопштението кое е поставено на веб страницата на УЈП. http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/500
Не постои држава во светов каде што се плаќаат придонеси и двачки за приходи кои не се исплатени. Додуша, оваа нелогична информација од УЈП е во спротивсност и со нашиот закон за облигациони односи, зошто договорот меѓу две страни се реализира кога двете страни ќе си ги исполнат своите должности и обврски, што значи дека договорот не е реализиран доколку исплатувачот не си ја исполни својата обврска да го исплати надоместокот. Кај нас често се случува и воопшто некои надоместоци/хонорари да не се исплатат, има случаи и кога исплатувачот на хонорарите оди во стечај, не е солвентен итн. И како ќе се плаќаат придонеси на нешто што не е остварено, зошто придонесите се плаќаат само на остварен приход.
Власта забега од кога победи на последниве избори, а со овој неуставен закон за плаќање на придонеси на надоместоците од сите видови договори, и, законот за високо образование, како самите против себе да си идат. Македонецот не иде на протести, молчи, но на следните избори ќе се рефлектира незадоволството од наложените обврски да се плаќаат придонеси на хонорарите/надоместоците. Од 150,000 хонорарци, под претпоставка барем 70,000 да биле симпатизери, поддржувачи на власта или гласале за неа зошто друга подобра опција не гледале, и, сега сите тие и нивните семејства се незадоволни од плаќањето давачки за надоместоци/хонорари, власта на следните избори ќе се слика и кае што донела ваков закон. Огромна е бројката од 150.000 луѓе на хонораарци односно луѓе што земаат разни надоместоци, кои ранат 150,000 семејства и како смееше власта да донесе закон без консултација на хонорарците, зарем не се свесни што значат 150,000 семејства (околу 450,000 луѓе) во Македонија, која сега нема повеќе од 1,7 милони жители?[DOUBLEPOST=1422704457][/DOUBLEPOST]
Гледаш дека грешно си ме проценил/а.
Sega ke dojde i
@leandra da mi kazuva kako me udrile po dzebot i pejam druga pesna
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
[DOUBLEPOST=1422704865][/DOUBLEPOST]
На платите има даночно ослободување и затоа на платите се плаќа помалку данок и придонеси. Само во Македонија за хонорарите односно надоместоците нема даночно ослободување и се плаќаат давачки на целата сума.
Во земјите каде се плаќаат придонеси на хонорарите/надоместоците/авторскитот приходи, на секој надоместок се признаваат трошоци/расходи околу 40%, така што се плаќаат придонеси и даноци на 60% од сумата на хонорарот или надоместокот за некоја работа или извршена услуга. Затоа, кај нас законот за плаќање придонеси на хонорари/надоместоци е неправеден, зошто нема одземање на расходите од даночната стапка на хонорарците.