Реков дека Битушанец не го заработува лебот во Македонија, но не сум рекол дека сум иселен од Македонија. Јас сум си дома
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Постојат многу млади и способни луѓе, фриленсери, кои на повеќе начини работат за странски фирми и организации (проекти, хонорарци, консултанти, соработници итн.) од дома, од Македонија.
Битушанец само го мисли и изразува она што апсолутното мнозинство Македонци го мисли за странските инвестиции. Факт е дека доаѓаат да инвестираат во Македонија огромни компании и групации, кои имаат илјадници вработени ширум светот и обрти од милијарди евра. После криминалната приватизација и уништувањето/разграбувањето на македонските индустриски капацитети во 90`те, Македонија се деиндустријализира и сега сме во фаза на повторна индустријализација. Се` уште има недоволно странски инвестиции, но добро ќе е, доколку би се инвестирало секоја години во 20-тина фабрики кои ќе вработуваат повеќе од 1000 вработени.
Денеска кукаат дека е лошо, оние, кои ја вршеа приватизацијата и нивните деца и соработници, а имаат милиони, поседуваат по 5-6 стана, повеќе куќи и вили, а возат џипови од 50,000 еур и повеќе.
Не дека сега се живее добро во Македонија, ама не се живее ниту така лошо како пред 10 или 20 години, кога не можеја луѓето да најдат работа ниту за 4000 денари месечна плата
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Важно, сега се роди надеж кај младите дека работите се движат на подобро во Македонија, а надежта ги води луѓето кон идејност и визионерство, а со тоа и кон успех.