D
Deleted member 53418
Гостин
Дрогон е мал змеј сеуште, нема ни три години откако е роден.
@Trpe Grozni може копјата им биле на расклопување
Има нелогичности не викам не, ама нема потреба да се фаќаме толку за ситници, сцената беше убава и адреналинска, сценографијата уште поубава, премногу барање логичност и анализи ќе ни го расипат севкупното уживање во серијата.
Но за пожарот во кампот се сложувам 100%, тоа е за голема критика, можеа барем пет минути да прикажат да видиме како се инфилтрираа, дали беа преоблечени како цивили, дали како војници на Станис, оти тоа е едино логично како би ја извршиле диверзијата, сигурно не биле во ознаки на Болтон кога напаѓале.
Од друга страна, сеуште немаме доказ дека баш Ремзи го предизвика пожарот, Мелисандре беше будна и надвор кога се случи тоа, нема да сум изненаден ако саботажата е нејзино дело за да го натера Станис на големата одлука за жртвувањето.
Ја помислив дека е Lord of light што го вика она дека праи ова не ни помислив одма на Ремзи


Како и да е ова е битка за власт, за трон, ни мене не ми се свиѓаше ова со малава ама човек желен за власт на се ќе згази, треба да се навикнеме. 