Што бе браво за човекот. Што од кога го спашкаја почна да плачи и да кука. Што не си замина сам ако му било толку лошо како што кажува, башка и без плата толку месеци, туку чекал да го избркаат. Можеби за љубов према државата работел за безпари или сепак државно си е државно. Еден карактер што да ти расправам. Ако бил карактер ке си заминел сам , а не вака трпел трпел( наводно) и сега го избркале од Х причини па отпосле му текна дека условите биле лоши. Пред тоа никаде го немаше да се пожали.
П.с ете го скршив мразот.
2013 година се вратив во Македонија после две години и три договори поминати работејќи на брод.
Парите си ги орочив на 36 месеци и од каматата секој месец ми стигаа финансиски средства со кои можам да преживеам.
На 01 Март 2013 година протестирав против Грујо оти го назначи командат Форина за министер за одбрана.
Настанаа инциденти...
Без повод полицајци ме акнаа во пролеќе ми земаа пасош лаптоп камери телефони ме одведоа со лисици пред истражен каде ми определија забрана за искачање надвор од државата цела година дена
Ми пропадна договорот за работа на брод
На почеток од септември 2014 ми беше вратен пасош и комплетно бев ослободен од кривично гонење
Како што го добив пасошот така и аплицирав да си се вратам на брод.
Искочи и конкурс за музејски водич во Археолошки, не се надевав многу но по некое чудо ме примија.
Веројатно интервјуто каде им однесов се што научно сум правел си ја заврши работата. Си реков види мајката имало вмровци и кои знаат да вреднуваат ствари.
Прифатив и почнав да го работам тоа за кое си го посветив цел живот
На 28 ноември 2014 минатата година имав договор за да заминам по четврти пат на брод со месечен доход од чисти 1800 долари
Не отидов.
Зошто?
Од истата причина зошто и се запишав на археологија а можев да бирам кај сакам
Но еве да ме разбереш....
Од што бев глуп и ми беше битно да се грижам и за нешто повеќе од мојот газ
Конкретно за културното наследство историјата и борбата за името на оваа држава.
Ете затоа...
Ко што од таа ебана тврдоглавост за оваа смрдена земја одев и на протести за името на Пела од 2008, и на протести за Нешковски, и на протести за Тамара и за мал милион други глупости.
Од што мислам дека без таа борба за нормална држава џабе ми е и плата и се
А дали не зборев за глупостите што се случуваа во Музеј и дур бев таму најубаво да ги прашаш и луѓето кои беа таму. Само што тоа го правев одвнатре а не преку медиуми бидејќи се знае што следи ако пуштиш глас. Не го оговараш тренерот додека си пред битна утакмица. Туку гледаш да играш најдобро што можеш и да победиш. Сум давал пари од мој џеб за флаери и мал милион други глупости за колку толку да пробам да ги оправам работите. Не успеав сега бар ќе им го изнесам целиот долен веш пред јавноста како за музејот така и за цела држава
А ти продолжи да коментираш за тоа каков ми е карактерот.