Скопје ќе добие луксузен трговски центар

  • Креатор на темата Креатор на темата arheolog
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.095
Локација
СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА
Во близина на аеродромот Александар Велики
Скопје ќе добие луксузен трговски центар

Бугарската компанија ИСА 2000 ќе гради трговски центар во непосредна близина на аеродромот Александар Велики. Инвестицијата во Luxury Balkan Mall, според најавите на општината Петровец, ќе биде 50 милиони евра и ќе отвори 2000 вработувања. Станува збор за објект двојно поголем од Сити Мол.

272211-skopje-kje-dobie-luksuzen-trgovski-centar.jpg

Оваа парцела е околу 70 илјади квадрати. Според најавите на инвеститорот планот е во завршна фаза и се однесува на голем луксузен балкански мол со големина од 200 илјади квадратни метри во кои се планирани 2000 вработувања.

ИСА 2000 на својот веб сајт се претставува како водечка градежна компанија во Бугарија.
Индустриската зона Ќојлија која се протега спроти скопскиот аеродром по површина е најголема во земјава и една од најбараните. Од седумдесетина парцели, уште само три се непродадени.
Во Петровец италијанска компанија гради и приватна болница со врвна опрема за пациенти од Македонија и соседните земји. Градоначалникот очекува со најавените капацитети не само комплетно да се реши невработеноста во општината туку да работа да најдат илјадници луѓе од поширокиот регион на Скопје.
http://vecer.mk/skopska/skopje-kje-dobie-luksuzen-trgovski-centar
 
Ок меѓутоа мислам дека сликата им е утната, затоа што овој проект како што наведе @ShakaZulu датира уште од ноември 2012 а и не ми личи на 200.000 квадратни метри т.е. два пати поголем од СЦМ. И не, Никако во барок стил. Не е лошо на толкава територија да никне големо здание но во некој футуристички облик и изглед. Нешто слично на ова.

futuristic-building-china.jpg
 
Каде е локацијава In the middle of nowhere? :pos:
Во City Mall неколку пати сум се нашол инцидентно па сум купил некоја глупост. Значи стратешки се позиционирани феноменално.
За ваму што, ќе треба патарина да се плати само за да се прошета трговскиот ? :D
 
Ко ќе дојдат странци да се шетаат :)
 
Каква ни е ситуацијава во земјава и џебот,нам ни треба еден голем „Бувљак“, а не луксузни трговски центри.
 
1. Изгледот е ужас.
2. Локацијата е ужас.
3. Више е Фул Скопје со молови.
4. Џабе коа неаме пари за трошење.
 
Каква ни е ситуацијава во земјава и џебот,нам ни треба еден голем „Бувљак“, а не луксузни трговски центри.

Само тогаш ќе треба повеќе да внимаваш на мелниците чичко Анчо, да не ти се најдат на истиот "бувљак" за 30 денара парче :D
 
Нели еден тргoвски центaр веќе се грaди вo Петрoвец ? Штo биднa сo тoј ?
 
Во близина на аеродромот Александар Велики
Скопје ќе добие луксузен трговски центар

Бугарската компанија ИСА 2000 ќе гради трговски центар во непосредна близина на аеродромот Александар Велики. Инвестицијата во Luxury Balkan Mall, според најавите на општината Петровец, ќе биде 50 милиони евра и ќе отвори 2000 вработувања. Станува збор за објект двојно поголем од Сити Мол.

272211-skopje-kje-dobie-luksuzen-trgovski-centar.jpg

Оваа парцела е околу 70 илјади квадрати. Според најавите на инвеститорот планот е во завршна фаза и се однесува на голем луксузен балкански мол со големина од 200 илјади квадратни метри во кои се планирани 2000 вработувања.

ИСА 2000 на својот веб сајт се претставува како водечка градежна компанија во Бугарија.
Индустриската зона Ќојлија која се протега спроти скопскиот аеродром по површина е најголема во земјава и една од најбараните. Од седумдесетина парцели, уште само три се непродадени.
Во Петровец италијанска компанија гради и приватна болница со врвна опрема за пациенти од Македонија и соседните земји. Градоначалникот очекува со најавените капацитети не само комплетно да се реши невработеноста во општината туку да работа да најдат илјадници луѓе од поширокиот регион на Скопје.
http://vecer.mk/skopska/skopje-kje-dobie-luksuzen-trgovski-centar
Сликата и видеото се од таканаречениот трговски центар што треба (или веќе се прави) да се прави во Прилеп.
Иначе ова нема да се реализира.
 
За ова не кажувај во множина. Ти ако немаш тоа е твој проблем.(ме разбираш зошто нели):coffee:

Можам у множина да зборам со оглед на тоа дека пола од народот у земјава е на работ на сиромаштија а останатата половина е среќна ако е "средна" класа.
Ова статистички. Ти глобализирам.
Освен ако не праиме муабет за шопинг на маички од 200 денари у теранова..
Просечна плата е 12к, една патика е 5к.
 
Не си ме разбрал.

За трговски центар, луксузен ресторан, аеродром, приватна болница, хотел неможеш да мешаш баби и жаби. Работиве што ти ги наведов сами по себе се луксуз и затоа не е хумано да спомнуваш сиромаштија во тој контекст.

За сиромаштија споредувај си јавен превоз, цена на лекови, цена на струја- вода,цени по пазарите и сл.
 
„Скопје ќе добие луксузен трговски центар“ - Не. Да се разбереме, ако се гради ќе се гради во Општина Петровец што не е дел од Град Скопје т.е не е Скопска општина. Точниот наслов би бил „Петровец ќе добие луксузен трговски центар“. Тоа би било ко да се гради фабрика во Општина Битола, веднаш до границата со Општина Ресен и да пишат наслов „Ресен ќе добие нова фабрика“.
 
Не си ме разбрал.

За трговски центар, луксузен ресторан, аеродром, приватна болница, хотел неможеш да мешаш баби и жаби. Работиве што ти ги наведов сами по себе се луксуз и затоа не е хумано да спомнуваш сиромаштија во тој контекст.

За сиромаштија споредувај си јавен превоз, цена на лекови, цена на струја- вода,цени по пазарите и сл.

Стварно не би го ставил трговскиот центар во оваа категорија.
Облека и обувки се потреба а не луксуз. У трговски центар 99% од времето немаш луксузни ресторани туку фаст фуд ланци кои секаде во светот ја таргетираат ниската класа.
Да, имаш и златари/казина/bowling курац палац, ама реално 80% од профитот на трговските центри кај нас е од дуќани за облека и обувки и чат пат кафичи.
Се слагам со муабетов твој ама стварно не мислам дека трговски центар, бар оној типичен, ко кај нас, рамстор/капитол/ситимол е "луксуз".
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom