Добро бе луѓе дали сте вие сериозни или овдека билдате искуство да станете експерти за толкување на светската берза?
Сериозно не гледате разлика помеѓу
„Дирекција “Б'лгарско гражданство” објавјава номерата на преписките, приклјучили с издаване на указ за придобиване на б'лгарско гражданство, по молби подадени по реда и условијата на ЗБГ, изм. Д. В. бр. 33 от 30.04.2010 в сила от 04.05.2010 г., както следва:“
и
„Дирекција “Б'лгарско гражданство” објавјава номерата на преписките, приклјучили с издаване на указ за в'зстановјаване на б'лгарско гражданство, както следва:“
Првиот параграф ви е за оние кои аплицираат да добијат државјанство како сите ние на форумов со потекло изјава или како сакате наречете го ова, ама тоа е врз основа на оној закон за бугарите во странство изгласан во 2010 година. Додека вториот параграф кој ви е напишан е за добивање по други основи кои не ги опфакаат нашите случаи. Ако се вратите назад низ протоколите бројки со /2014 искачаат од лани летото тоа без никаков проблем и прилично високи броеви. Новост е тоа што искачаат бројки со ознака /2014 и во првиот параграф кој нас не интересеира.
Дај ќе ве замолам доста со небулози и обиди да решите нешто за кое што очигледно врска немате како иде него само нагаѓате.
Доста се тензии на форумов даваат не даваат ова она, даваат да ама треба трпение и докумети. Ако има некој промени тогаш пишете на форумов а не секој ден по 20+ поста за тоа дали се изгласало или кога ќе се гласа више научивме и што тоалет хартија имаат во комисијава што треба да го достави предлогот до собрание претеравте.
Уште кога ќе ми текне дека пред некој ден овдека читав идеи за фалсификување документи и слично само едно браво имам да ви кажам, е за поради завидниот број на вакви случаи настануваат сите проблеми.
Друго не спамирајте со 12098302974021841 пати постирање на исто прашање ќе се најде во постов на кој мислам без гајле. Се надевам дека сега ви се расчистија некој работи и прашања. И не е прв пат ова да се постира тука нешто вакво проблемот е што луѓе и од прв пат би го разбрале, ама очигледно некој на форумов одбива да го разбере тоа.
-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=-=
@valter kumanovo сподели некоја информација повеќе кога си бил на интервју, приближна бројка што ја имаше и слично. Иначе чекањето е е точно определено ама може да потрае до неколку месеци (3-4 ова како најдолг период гледај го не би требало да е повеќе од тоа)