Колку изнесува IQ од еден прекинувач?...
Не се мери по човечката скала, затоа што човечката скала е правена според луѓето, но во информатиката тоа е максималната интелигенција која што може да се постигне со 1 бит меморија (најмалото можно количесто на информација). За споредба, човечката интелигенција е проценета на околку 100 тера бајти (800 000 000 000 000 бита).
Не „фунцкионирам„, туку сакам да кажам дека без апсолутни виситни, животот па и Светов би биле бесмилица и бесцелност. Патем кажано, живееем во Свет кој е уреден на и со бесцелност во битисувањето.
Еве јас не чувствувам дека мојот живот е бесцелен, и без апсолутни вистини...
Христос не ни оставил „нам„, кои Му веруваме, туку ни остави(л) „на сите„ од човечкиот род. Самоамнестирањето од Христа не ти е на помош.
Мислам дека засега е бесцелно да се расправаме за ова... не верувам дека ќе биде многу продуктивно.
Затоа працијалната примена од парцијалната теорија и е успешна: затоа што е парцијалана и не може да ни каже ништо повеќе од својата парцијалност.
Една од критиките од Црквата кон науките е токму таа: науките не ни кажаа ниту една голема вистина, а працијални „вистинчиња„ може да ни каже било кој.
А кои се овие големи вистини за Црквата, и зошто немам слушнато за никој друг еве да ни каже такви прецизни и проверливи „парцијални вистинчиња“ како науката?
На што е заснован тој оптимизам?
На:
- еколошките катастрофи,
- на светските војни,
- на душманското трошење на природните ресурси,
- на масовното заглупување на луѓето,
- на еугениката...
На што?...
Ова е исто како да го обвинувам Христијанството за крстоносните војни. Немој да паѓаш на вакво ниско ниво. За ова не е крива науката, туку луѓето кои ја користат науката за своите цели, исто
како што религијата била користена порано. Единсвена цел на секоја теоретска наука е само спознавање на светот, но науката не диктира како потоа некој ќе го искористи тоа знаење, дали деструктивно или за доброто на човекот.
Нависитна не познавам, но можам да тврдам.
Добро можеш да тврдиш, но тогаш тоа тврдење е незасновано. Исто како јас да велам дека има летечки прасиња на Марс. Со тоа одат по вода сите твои аргументи дека злобните „научници-богаташи“ (верувај нема такви) ги манипулираат кутрите луѓе.
Ма секако: атомската бомба, која беше „успешно„ примената врз „јапанците,„ сама од себе се створи или ја створија најпознатите математичари и физичари (Ајнштај, Опенхајмер...)?
Не велам дека сите научници се светци (ни сите попови не се толку чесни колку што се прикажуваат), но имаше огромен број на научници што одбиле да работат на нуклеарката, токму од морални причини. Од друга страна, самиот христијански Бог, во библијата во повеќе наврати повикува на убиство на различни народи за разни причини.
Конечно, нуклеарната физика како наука воопшто не е започната за создавање оружја, туку за сфаќање на структурата на атомот и подоцна за ефикасно создавање на енергија.
Прво и основно, не ги наведов наведените науки, а второ, навидум некорисните науки се корисно или како помошно или како непосредно средство.
Бихејвиоризмот на пример, се чини бескорисен, и тоа како е корисен во контролирањето и манипулацијата со луѓето.
Верувај, овие науки се толку егзотични што нема да има никаква корист барем во наредните илјада години. И целта на бихејвиоризмот е баш тоа, да се проучи однесувањето на луѓето, но не кажува ништо за неговата употреба. Може да се употребува во психијатрија, за помош на луѓе со психички проблеми, но и во маркетинг, за како што рече да се манипулира со луѓе. Како што наведов горе, теоретската наука не диктира кој и како ќе го употребува стекнатото знаење.
А кога ќе се случи? Колку миљарди години се потребни за да се случи?
Можеби за сто, можеби за илјада, можеби за милијарда години а можеби и никогаш. Никаде не се брзаме. Научници уживаат во самиот процес на спознавање на светот.
Како допринесол?
Што мислиш, колку луѓе ги заболе „таквото„ за научното толкување на Светов?
Не ми е битно кој го заболе, тие што се интересираат се добредојдени, не е ова натпревар за популарност. Но секој човек кој користи било какво парче технологија (па еве ти секој што е настрадан поради некој деструктивна употреба на науката, макар да луѓето и без тоа ќе најдат начин да се убиваат) е директно засегнат од тоа научно толкување на светот.
Секако дека не: религијата се занимава со духовните а не со материјаните потреби од човекот.
Патем, во моето секојдневно живеење, што е за мене битно по која патека се движат ѕвездите?
Ете сега сам кажуваш дека науката не е секогаш прагматично ориентирана. Точно тебе не те засегаат движењата на ѕвездите или мултидимензионалната топографија, но некој се чувствува исполнет во моментот кога ќе осознае нешто ново за светот во кој живееме. Значи уште еднаш да повториме, голем дел од научниците не се научници од некои финансиски или социјални причини (ако си станал научник за да се збогатиш, си ја згрешил професијата), тие се научници просто затоа што уживаат во процесот на истражување и откривање на нови нешта за нашиот свет.