Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Кога ќе почине некој близок, познат, што Разбираш суштински?
На кој начин моето разбирање за некој мој близок има било каква врска со твоето?
Ако не ја разбираш математиката, не го знаеш значењето, суштината на симболите и знаците, може многу лесно равенката 6+3=9 да ја гледаш како нешто различно на оваа: 7+2=9
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018

Па, заедничко е што сме луѓе и споделуваме искуства, што е погрешно?
Мене на пример, ми недостасуваат тие луѓе што починале, математички неможам да го надоместам нивното отсуство.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Па, заедничко е што сме луѓе и споделуваме искуства, што е погрешно?
Мене на пример, ми недостасуваат тие луѓе што починале, математички неможам да го надоместам нивното отсуство.
Погрешно е кога тој недостиг што го чуствуваш ќе стане критериум кој ќе одлучува што е вистина а што не.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Погрешно е кога тој недостиг што го чуствуваш ќе стане критериум кој ќе одлучува што е вистина а што не.
Нам Христијаните, Христос ни е критериум. За овој проблем за смртта, бидејќи воскресна, имаме доверба дека сите ќе не врати во постоење за вечен живот.
Во телемата, колку знам имате некакво безлично решение т.е. немате потреба од друга личност, сам на себеси си доволен...?
Ако можеш објасни.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Нам Христијаните, Христос ни е критериум. За овој проблем за смртта, бидејќи воскресна, имаме доверба дека сите ќе не врати во постоење за вечен живот.
Во телемата, колку знам имате некакво безлично решение т.е. немате потреба од друга личност, сам на себеси си доволен...?
Ако можеш објасни.
Објаснето е, вашиот критериум е слепа верба во пишан текст, таа слепа верба вие ја пласирате како вистина, факт и покрај тоа што немате начин да ја докажете, ниту пак истата се темели т.е е производ на ваше искуство. Дали ќе ти биде критериум христос или бетмен, исто е, се работи за слепа верба во нешто кое не е продукт на пракса, метод од кој произлегло тоа искуство.
Во телемата вербата не игра никаква битна улога, тоа што е битно е праксата и искуството. Без неа нема суштина, само форма, а поголема безличност од тоа верувањето да го поистоветуваш со знаење нема.
 
Последно уредено:

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Објаснето е, вашиот критериум е слепа верба во пишан текст, таа слепа верба вие ја пласирате како вистина, факт и покрај тоа што немате начин да ја докажете, ниту пак истата се темели т.е е производ на ваше искуство. Дали ќе ти биде критериум христос или бетмен, исто е, се работи за слепа верба во нешто кое не е продукт на пракса, метод од кој произлегло тоа искуство.
Исто? Бог и човечка фикција не е исто. Јас сум Христијанин, поштедиме од твоето „знаење“ за Христијанството.
Инаку Христијанска пракса е Литургијата, тука знаењто е надинтелектуално(интелектот е само аспект во човечката содржина, редуктивна перспектива), човекот е заедно со Живиот Бог, жив опит и искуство.

Тоа прашувам, дали вашата пракса е индивидуален, аутистичен опит или имате заеднички интеракции, како се препознавате, идентификувате?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Тоа прашувам, дали вашата пракса е индивидуален, аутистичен опит или имате заеднички интеракции, како се препознавате, идентификувате?
Ваквија и сличи прашања веќе имам поставувано, а одговорите се, нормално, несоодветни на прашањата...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Исто? Бог и човечка фикција не е исто. Јас сум Христијанин, поштедиме од твоето „знаење“ за Христијанството.
Инаку Христијанска пракса е Литургијата, тука знаењто е надинтелектуално(интелектот е само аспект во човечката содржина, редуктивна перспектива), човекот е заедно со Живиот Бог, жив опит и искуство.
Твојата вера е човечка фикција, не е факт, не е аргумент. Како што некој љубител на фикција неможе да го прикаже бетмен како реална - постоечка фигура, така ни ти неможеш кога е во прашање твојот христос. Поентата цело време се однесува на тоа дека верувањето не е разбирање, не е знаење, ниту вистина. Вие овој фундаментален факт неможете да го разберете, затоа цело време сте како рогови во вреќа, убедувајќи се чие верување е поголема вистина.
Тоа прашувам, дали вашата пракса е индивидуален, аутистичен опит или имате заеднички интеракции, како се препознавате, идентификувате?
Праксата се дели на две основни категории - јога и магика. Едната е од интровертен додека другата од екстровертен карактер. Има методи што може да се изведуваат и индивидуално, има и такви што се изведуваат колективно.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Објаснето е, вашиот критериум е слепа верба во пишан текст, таа слепа верба вие ја пласирате како вистина, факт и покрај тоа што немате начин да ја докажете, ниту пак истата се темели т.е е производ на ваше искуство. Дали ќе ти биде критериум христос или бетмен, исто е, се работи за слепа верба во нешто кое не е продукт на пракса, метод од кој произлегло тоа искуство.
Не може да знаеш за нешто што не го практикуваш и не си дел од него, нели?
Затоа ич не се секирај за верата на православните.[DOUBLEPOST=1432472269][/DOUBLEPOST]
Во телемата вербата не игра никаква битна улога, тоа што е битно е праксата и искуството. Без неа нема суштина, само форма, а поголема безличност од тоа верувањето да го поистоветуваш со знаење нема.
Како ја разбираш смртта преку пракса и лично изкуство?[DOUBLEPOST=1432472583][/DOUBLEPOST]
] овој фундаментален факт неможете да го разберете, затоа цело време сте како рогови во вреќа, убедувајќи се чие верување е поголема вистина.
Е ајде кажи која е таа вистина СПОРЕД ТЕБЕ.
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не може да знаеш за нешто што не го практикуваш и не си дел од него, нели?
Затоа ич не се секирај за верата на православните.
Тогаш зошто истата таа православна вера јогата ја прогласува за "ѓаволска", луѓето што си имаат поинакви морални стандарди ги прогласува за " грешници", ја негира науката и си го пика носот кај ќе стигне?
Како ја разбираш смртта преку пракса и лично изкуство?
За задгробниот живот, многу добро се сеќавам дека ти го кажав следново - "ако разбереш што е животот, ќе разбереш и што е смртта". Крајно наивно и глупо е да се расфрлаш со тврдења за тоа што е смртта, кога тие тврдења не се базираат на знаење туку на верување! Ти незнаеш што е задгробниот живот, ти веруваш дека тој е тоа и тоа, и твоето верување го прикажауваш како вистина, бидејќи така го замислуваш и така сакаш да биде кога ќе умреш. Телемата не се занимава со залажувања и заплашувања. Ако си петгодишно дете, единствениот начин да знаеш што значи да бидеш триесет годишник, е да наполниш триесет години, се останато ќе биде детска - петтогодишна интерпретација.
Веќе кажав, кога ќе го Разбереш животот во секоја можна смисла, тогаш ќе разбереш и што е смртта. Тоа е единствениот начин да Знаеш, се останато е верување, залажување, убедување, но не и вистина, не и факт. Нема скратени патишта.
Е ајде кажи која е таа вистина СПОРЕД ТЕБЕ.
Вистини има многу, и сите имаат едно заедничко, сито до една се темелат на сознание а не на слепо верување.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Твојата вера е човечка фикција, не е факт, не е аргумент. Како што некој љубител на фикција неможе да го прикаже бетмен како реална - постоечка фигура, така ни ти неможеш кога е во прашање твојот христос. Поентата цело време се однесува на тоа дека верувањето не е разбирање, не е знаење, ниту вистина. Вие овој фундаментален факт неможете да го разберете, затоа цело време сте како рогови во вреќа, убедувајќи се чие верување е поголема вистина.
Како ќе го докажеш Бог?! Се читаш ли што пишуваш?
Бог неможе да биде предмет на научен доказ, статистика. Тој е над све докажливо и поимливо за човекот.
Бог е логосен принцип на све создадено, природно се открива, но тоа не е пантеистички Бог туку Пантократор.
Бог Самиот се открива Литургиски, Живо, Искуствено во Црквата. Човекот сам неможе да Го открие, осознае..., Бог е причина на нашето познание, знаење...

Праксата се дели на две основни категории - јога и магика. Едната е од интровертен додека другата од екстровертен карактер. Има методи што може да се изведуваат и индивидуално, има и такви што се изведуваат колективно.
Тоа е ок, но немате личносна идентификација, затоа ти велам дека сте безлични(да не сватиш погрешно, без навреда, велам во вистинска смисла на зборот).:smirce:[DOUBLEPOST=1432475130][/DOUBLEPOST]
Како ја разбираш смртта преку пракса и лично изкуство?
Живо ме „занима„ одговорот на прашањево...
И мене!:misticen:
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Како ќе го докажеш Бог?! Се читаш ли што пишуваш?
Бог неможе да биде предмет на научен доказ, статистика. Тој е над све докажливо и поимливо за човекот.
Бог е логосен принцип на све создадено, природно се открива, но тоа не е пантеистички Бог туку Пантократор.
Бог Самиот се открива Литургиски, Живо, Искуствено во Црквата. Човекот сам неможе да Го открие, осознае..., Бог е причина на нашето познание, знаење...
И како дојде ти до овој заклучок? Едноставно одлучи дека Бог е тоа и тоа а не нешто поинакво, бидејќи веруваш дека е така?! Од каде знаеш дали природата на Бог е пантеистичка, деистичка или некоја сосем трета? Твоето верување е аргумент?!

П.С. никаде не реков "докаже", туку покаже, во смисла да го објасниш, да го разбереш, сватиш.
Тоа е ок, но немате личносна идентификација, затоа ти велам дека сте безлични(да не сватиш погрешно, без навреда, велам во вистинска смисла на зборот)
Незнам што подразбираш под "личносна идентификација", но тешко дека ќе најдеш по лична поставеност или релација од оние во окултните методи. За разлика од вас, каде е неопходен медијатор - посредник а тоа секако е свештеникот, во овој случај, секој лично и индивидуално стапува во интеракција со божественото. Кај нас "свештеник" е само титула, стадиум кој е достигнат, а не неопхпдна скала за посредување.[DOUBLEPOST=1432475922][/DOUBLEPOST]
Колку што гледам, не сум пишувал кинески овде:
Веќе кажав, кога ќе го Разбереш животот во секоја можна смисла, тогаш ќе разбереш и што е смртта. Тоа е единствениот начин да Знаеш, се останато е верување, залажување, убедување, но не и вистина, не и факт. Нема скратени патишта.
Мала дигресија во контекст на истава поента. Човекот никогаш не стапнал на сонцето, но денес знаеме сосем прецизно од кои елементи се состои. Знаеме колку хелиум, колку водород, литиум.... итн, итн има.
 
Последно уредено:

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
И како дојде ти до овој заклучок? Едноставно одлучи дека Бог е тоа и тоа а не нешто поинакво, бидејќи веруваш дека е така?! Од каде знаеш дали природата на Бог е пантеистичка, деистичка или некоја сосем трета? Твоето верување е аргумент?!

П.С. никаде не реков "докаже", туку покаже, во смисла да го објасниш, да го разбереш, сватиш.
Бог Самиот се открива Литургиски, Живо, Искуствено во Црквата. Човекот сам неможе да Го открие, осознае..., Бог е причина на нашето познание, знаење...
Да повторам.
Го прифаќам Бог онака како што се открива во Својата Црква, како Творец, Спасител, Љубов.
П.С. Нешто ти се разниша ставот?!o_O

Незнам што подразбираш под "личносна идентификација", но тешко дека ќе најдеш по лична поставеност или релација од оние во окултните методи. За разлика од вас, каде е неопходен медијатор - посредник а тоа секако е свештеникот, во овој случај, секој лично и индивидуално стапува во интеракција со божественото. Кај нас "свештеник" е само титула, стадиум кој е достигнат, а не неопхпдна скала за посредување.
Божественото кај вас е безлична категорија?[DOUBLEPOST=1432477067][/DOUBLEPOST]

Божественото кај вас е безлична категорија?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Да повторам.
Го прифаќам Бог онака како што се открива во Својата Црква, како Творец, Спасител, Љубов.
П.С. Нешто ти се разниша ставот?!o_O
Како ти знаеш на кој начин се открива и дали воопшто се открива?! По кој пат треба да ти нагласам дека знаењето не е исто што и верувањето! Ти незнаеш дали и како било што се открива, ти веруваш дека е така, бидејќи си прочитал и си решил да веруваш во истото!
И како заклучи дека ми се разнишал ставот?!
Божественото кај вас е безлична категорија?
Јас не сум тука да зборувам во име на сите телемити, моите ставови се лично мои.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom