Како ќе го докажеш Бог?! Се читаш ли што пишуваш?
Бог неможе да биде предмет на научен доказ, статистика. Тој е над све докажливо и поимливо за човекот.
Бог е логосен принцип на све создадено, природно се открива, но тоа не е пантеистички Бог туку Пантократор.
Бог Самиот се открива Литургиски, Живо, Искуствено во Црквата. Човекот сам неможе да Го открие, осознае..., Бог е причина на нашето познание, знаење...
И како дојде ти до овој заклучок? Едноставно одлучи дека Бог е тоа и тоа а не нешто поинакво, бидејќи
веруваш дека е така?! Од каде знаеш дали природата на Бог е пантеистичка, деистичка или некоја сосем трета? Твоето верување е аргумент?!
П.С. никаде не реков "докаже", туку покаже, во смисла да го објасниш, да го разбереш, сватиш.
Тоа е ок, но немате личносна идентификација, затоа ти велам дека сте безлични(да не сватиш погрешно, без навреда, велам во вистинска смисла на зборот)
Незнам што подразбираш под "личносна идентификација", но тешко дека ќе најдеш по лична поставеност или релација од оние во окултните методи. За разлика од вас, каде е неопходен медијатор - посредник а тоа секако е свештеникот, во овој случај, секој лично и индивидуално стапува во интеракција со божественото. Кај нас "свештеник" е само титула, стадиум кој е достигнат, а не неопхпдна скала за посредување.[DOUBLEPOST=1432475922][/DOUBLEPOST]
И мене!
Колку што гледам, не сум пишувал кинески овде:
Веќе кажав, кога ќе го Разбереш животот во секоја можна смисла, тогаш ќе разбереш и што е смртта. Тоа е единствениот начин да Знаеш, се останато е верување, залажување, убедување, но не и вистина, не и факт. Нема скратени патишта.
Мала дигресија во контекст на истава поента. Човекот никогаш не стапнал на сонцето, но денес знаеме сосем прецизно од кои елементи се состои. Знаеме колку хелиум, колку водород, литиум.... итн, итн има.