За задгробниот живот, многу добро се сеќавам дека ти го кажав следново - "ако разбереш што е животот, ќе разбереш и што е смртта". Крајно наивно и глупо е да се расфрлаш со тврдења за тоа што е смртта, кога тие тврдења не се базираат на знаење туку на верување! Ти незнаеш што е задгробниот живот, ти веруваш дека тој е тоа и тоа, и твоето верување го прикажауваш како вистина, бидејќи така го замислуваш и така сакаш да биде кога ќе умреш. Телемата не се занимава со залажувања и заплашувања. Ако си петгодишно дете, единствениот начин да знаеш што значи да бидеш триесет годишник, е да наполниш триесет години, се останато ќе биде детска - петтогодишна интерпретација.