Албанија го користи правото на вето на барањето на Македонија да стане членка на НАТО

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Тоа подвлеченото е вистина, а до пред некое време беше вистина и за Груевски - во помала мера. Не знам како и зошто, но некои карти очигледно ги променија рацете.
ВМРО се во клучниот период на власт, имаат пристап до повеќе информации него ли што има Заев, кој иако изгледа дека ја држи ситуацијата под контрола и дека знае многу он само изнесува материјали што му се сервирани, ништо повеќе. Поради тоа Груевски ја сврти играта. Ја увиде безизлезноста и опасноста од вечната статус кво ситуација. И очигледно има логистичка помош во тоа.


Но не те разбирам зошто мислиш дека со очигледнато марионетство на Заев, РФ автоматски ја придобива Македонија како отворен сојузник. Самото јавно приредено фелацио на Албанците од Заев (на западот всушност), јасно кажува дека македонскиот електорат не се смета за фактор во евентуалното неговото планирано доаѓање на власт.
Види, кога САД најмува политичар кој треба да владее, неговите настапи би требало да се мед и млеко за електоратот, а не глупост. Ова што Заев го прави, оди од една глупост во друга. Или он самиот е несвесен дека е играч на САД и САД не го рачуна дека треба да владее, или САД намерно го туркаат во амбис. Тоа може да значи 2 сценарија:
1. Нарачателот не сака промена на власта туку сериозна дестабилизација.
2. Нарачателот свесно игра да Македонија подпадне под контрола на спротивниот табор.

Можеби второто сценарио изгледа крајно неверојатно, но, ако си ме прател порано имам образложено зошто САД би можел да турка едно такво сценарио:
Како прво и основно во пост воената историја, вакви 2 блока се очигледно потребни меѓусебе за да светот балансирано функционира. Додека постоеја блоковите во ниедна држава било од западниот било од источниот блок не се водеше војна.

Немањето противник на запад прави тешка нестабилност на режимите, но и на економската состојба. Фамата со исламизот помина, режимите кои требаше да бидат страв и трепет паднаа како глувци. Се бара нов блок. Не за џабе го спомнав Ромни. Гледај ги работите вака: И на Русија и на САД им одговара нова студена војна за да можат полесно да ги остваруваат своите интереси. Ако ние останеме надвор од тие блокови, сме потенцијално бојно поле, но ако сме внатре во еден од сојузите, ќе бидеме посматрачи и ситни учесници. Значи ако поради некои причини не не примаат во НАТО, треба да се види дали би можеле да станеме дел од другите.

Војна меѓу блокови, би значела светска војна, таква војна нема нас да не одмине, без разлика на кој блок и да припаѓаме или па и да сме неутрални.
Што би значело за САД Македонија да биде дел од спротивниот табор?
Тоа значи подобра побарувачка на оружје на НАТО земјите во поширокиот регион и одлична Баба Рога за контрола на истите. Можеби инспирацијата им ја дала Грција со нивниот нерационален страв од поимот Македонија.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.656
Поени од реакции
35.530
Види, кога САД најмува политичар кој треба да владее, неговите настапи би требало да се мед и млеко за електоратот, а не глупост. Ова што Заев го прави, оди од една глупост во друга. Или он самиот е несвесен дека е играч на САД и САД не го рачуна дека треба да владее, или САД намерно го туркаат во амбис. Тоа може да значи 2 сценарија:
1. Нарачателот не сака промена на власта туку сериозна дестабилизација.
Сметам дека додека тезата (1) е логична, горното објаснување не држи вода. Можно е САД да имаат намера да направат промена на власта, а за тоа да не им треба македонскиот електорат. Многу вакви актуелни примери имаш, ете ти ги Сирија и Украина. Укриана е пример каде твојата теза (1) е точна, но Сирија е друг случај каде на САД им треба промена на власта по секоја цена.
Во Украина САД сакаат да се оневозможи работата на руските гасоводи кон Европа, додека во Сирија сакаат нова власт која ќе дозволи изградбана вахабистички катарски гасовод кон Европа.


2. Нарачателот свесно игра да Македонија подпадне под контрола на спротивниот табор.
...Што би значело за САД Македонија да биде дел од спротивниот табор?
Тоа значи подобра побарувачка на оружје на НАТО земјите во поширокиот регион и одлична Баба Рога за контрола на истите. Можеби инспирацијата им ја дала Грција со нивниот нерационален страв од поимот Македонија.
Овде пак ја имаме истата ситуација, тезата ти држи вода - барем до делот дека на САД им се неопходни непријатели за да функционира нивната доктрина на постојана војна и хаос.
Но едноставна логика ти вели дека за сето тоа нема никакви потреби да се им се предаваат ресурси на непријателите. Зошто САД би ги оставиле РФ да ја земат Македонија под нивна целосна сфера на интерес и влијание? Им одговара Русите да направат гасовод низ државава?
Нема логика тоа. САД сакаат непријател, ама не силен непријател туку слаб и лесен за контролирање, непријател. Русија која цела Европа (и други делови од светот) ги држи зависни од енергенси, тоа никако не е непријателот кој САД го посакува.
На САД не им требаат вистински непријатели, туку страшила за пи-ар на јавноста. Можеби добар показател за некакво менување на курсот кон општа војна, или само таквиот впечаток (или едноставно купување време) се последните сесии на фелацио кои американскиот државен секретар Џон Кери ги одработи во последнава посета на Русија?


Да резимирам. Точно е тоа дека на САД им одговара и сериозна континуирана дестабилизација во регионов, или целосна смена на власта која ќе биде повторно послушна и ќе ги запре проектите за соработка со Русија, како што е гасоводот. Иако тоа е на огромна штета на Македонците, и иако со тоа ние ништо нема да смениме во ситуацијата каде сме под постојано заложништво на албанскиот тероризам.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.498
Поени од реакции
84.992
Да не бевме во постојано заложништво на македонскиот моронизам, немаше воопшто да бидеме во постојано заложништво на било кого.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Спинувај, спинувај - врти се врти, вртелешко!
Сега значи пак се враќаш на тоа дека за Македонија, Русија економски не е битна? Демек економската поврзаност е еднонасочна? Мора ли сега пак да ја спомнувам вредноста на хектолитрите и хектолитрите, руски природен гас, кои во иднина треба да поминуваат низ македонскиот дел од гасоводот...?
Пари од транзит на гасот, пари од подобрената економија (заради многу поевтин гас), итн, итн...

Се разбира дека морам да повторувам, ама ти не си овде дојден за да дискутираш - туку да агитираш и гомна да јадеш... затоа се чудам зошто те толерираат на форумов.
Не спинувам,ти не читаш што ти е напишано.
Многу jaсно ти постирав,каков е извозот на Македониja ком државиве. Русиja е минорен пазар. Тоа е тоа.
Имаш достап до договор за транзита на гас? - не. Има ваков?-не Тогава за какви транзити и пари зборуваме?
Коj ти кажа,дека цената ке биде друга? Ако бие,знаеш со колко ке биде друга? -Не. Тогава лупаш без да знаеш ништо. Тоа е тоа.[DOUBLEPOST=1432491085][/DOUBLEPOST]
Аха, па кој ве прашува вас бе?
Официјална Софија е безгласна буква во тековните збиднувања на геополитичката арена. Ќе мора да играте како што ви свират и после повторно 45 годишна агонија.
Знаеш,убаво е дека процесот от миналите на 50 години заминува во истоиjaта. :) Знаеш,може да не сме фактор во Европа или светот, но на Балканот винаги сме били во можност на клониме везните на само или натамо. Тоа са го правили држави исто како Србиja,Грциja,Турциja.[DOUBLEPOST=1432491486][/DOUBLEPOST]
Нема случајности во комуникацијата на Лавров или било кој друг висок функционер.

Што тоа направи Лавров и зошто го направи тоа?
1. Директно пред светските медиуми, Лавров го информира Светот за своите сомнежи, изнудувајќи реакција со “гаранции“ за македонскиот територијален интегритет (за волја на вистината само од БГ) иако не може да се верува на 'чесен збор' во политиката
2. Доколку теоретски земеме дека навистина постојат такви намери за поделба на Македонија, тогаш со овој настап плановите се разобличени и дополнително одложени бар на некое време
3. Со оваа изјава, тој делумно го симна притисокот од плеќите на Груевски
4. После албанската закана со блокирање на МК во НАТО, суптилно ни понудија алтернатива која сме принудени да ја бараме, бидејќи ни се заканува дезинтеграција и дополнително оптоварување со квази-услови како името или рамковниот.


Значи успеа со една изјава да им го симне ветерот од едрата на заговарачите против Македонија.
1. Не, Лавров се заигра со Бугариja врз база на геоинтересите, знаеме и зашто се заигра само со Бугариja и Албаниja. Зер не спомена Србиja и Грциja,кои исто са ти соседи.
2. Тоа е хибридна воjна от страна на Русиja,коja води не от днес во Европа.Самата руска амбасада признава,дека не станува прашане за официален став.
3. Не, симна го от Русиja,коja смислено изместува фокусот от Украина и Донбас.
4. Да,се разбира дека мора да ja барате,само се прашам случаjно ли ja барате со Србиja само или е намерно?!
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.897
Поени од реакции
12.438
Во секој случај лудница, ...И знамето на македонско младинско првенство, орелот во Скопје, знамиња Тетово и Скопје, поклонувањето , имињата на школите. Константно се работи на случајот за што немам прочитано некој да одговарал.

А за албански, епа мора од градинка, да не се мачат љуѓено вака да зборат лош албански
се надевам не мора да учат децата и руски и индиски.
 
Последно уредено:

Keljav

baram zena - test kujna
Член од
8 март 2009
Мислења
1.372
Поени од реакции
310
Во секој случај лудница, ...И знамето на македонско младинско првенство, орелот во Скопје, знамиња Тетово и Скопје, поклонувањето , имињата на школите. Константно се работи на случајот за што немам прочитано некој да одговарал.

А за албански, епа мора од градинка, да не се мачат љуѓено вака да зборат лош албански
се надевам не мора да учат децата и руски и индиски.
Ќе учат албански ама од 90 годишна возраст
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.656
Поени од реакции
35.530
Не спинувам,ти не читаш што ти е напишано.
Многу jaсно ти постирав,каков е извозот на Македониja ком државиве. Русиja е минорен пазар. Тоа е тоа.
Пак исто ќе верглаш? Колку пати треба да ти повторам дека целта на таа дискусија не е само моменталната вредност на економската соработка со Русија, туку идната претстојна економска соработка. Пар години од сега, или помалку од еден потег унапред во геополитичкиот шах на регионот.

Ти реков веќе еднаш. Лажеш, вошки имаш, и на тавани спиеш.
Вие ја имавте истата (и подобра) шанса и никако не можам да разберам зошто ти како Бугарин си толку buthurt oд можноста за просперитет на Македонија и идна економска соработка со Руската Федерација?
едит:
(освен што можам да разберам, ама не можам да пропуштам да искористам многу добрата демонстрација која им ја покажуваш на моиве сонародници од кои некои ете се прилично спори, најпосле ако на Бугарија тоа толку и смета - тогаш мора да има нешто добро во сето тоа) (y)
 
Последно уредено:
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.746
Поени од реакции
9.354

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.538
Поени од реакции
9.438
@Dardan-ia, немој да заборавите и Фатљум Шљаку да го пречекате со знамиња и да го погребете на државен трошок со највисоки воени почести, како што доликува на еден борец за слобода и маченик:

http://www.blic.rs/Vesti/Svet/561887/Mladic-s-Kosova-predvodio-napad-bombasa-samoubica-u-Iraku
па мора да го пречекаат како народен херој, таму ако не си криминален кретен, ју р нот д ман
 

Raynor

Mr.Terrible
Член од
16 април 2014
Мислења
384
Поени од реакции
583
Да се навратам на мислењата во почетокот на дискусијата на некои од членовите

1.Рамковниот договор не бил исполнет и се биле дискриминирани
-Вашиот племенски старешина Ахмети изјави дека договорот е речиси исполнет во емисијата(за нападот во Куманово) на алсат кај Зекири.
-Се спомнува бројка од 18% вработени наместо 20% - 25%,хмм дали во тие бројки ги вклучувате оние што седат дома и си го ладат и си земаат плата(за нив не важи дури ни правилото клати врата - земај врата)
-Пола западна Македонија ви е дадена на тацна,вештачко припојување на рурални општини оддалечени по 15- 20 км од градските средини се припоија за да ве направат мнозинство,што не е исполнето,да го припоиме тетово со велес,за и овде да бидете мнозинство?
-Кога веке го спомнав велес,според пописот од 2002 год во општина велес имало некаде 4% албанци од кои 99 проценти живеаат во 2-3 села кои се оддалечени од градот.Во велес се отворија паралелки на албански јазик во средните школи,учениците од тие паралелки престојуваат во школскиот интернат БЕСПЛАТНО,директорката на центарот за социјална работа е албанка(со потекло од косово) од село согле,општина чашка,претседателот на судот во последнава декада е албанец,вработените во јавните претријатиа во велес ( зборам за високите позиции )се или албанци или членови на вмро.
2.Сте биле дискриминирани во Охрид,велес,прилеп...
-Во велес досега се случи една тепачка на национална основа,албанци претепаа дете во гимназијата во велес,детето едвај жива глава спаси и доби искршена вилица.за каква дискриминиција збориме тука !!!???
3.Сте имале кадар
- За каков кадар зборуваме дека имате,во рамковната пошта во велес после 2001 се вработија голема број албанци,од кои голем број не го знаеја мк јазик,идам да пратам писмо за странство,чичата незнаеше да ми каже како да го адресирам,имам доста непријатни искуства со рамковно вработени ,да не навлегувам...

Едит
4.За Спомениците
Зашто бе да има ваши споменици на плоштад,па вие плаката ли даноци сметки во оваа држава,како можам јас во велес да плакам и вода и струја и данок на имот,цели населби во куманово(од проверени извори) не плакаат ни вода ни струја,диво приклучени на кабелска,и тн..

Аргументите се од наша страна,вие може да кукате и да се жалите како сте дискриминирани и малтретирани во македонија,сепак тоа е дел од спроведувањето на вашата национална кауза голема албанија,така да и изјавата на рама не ме чуди воопшто,влажниот сон на секој албанец е голема албанија,бидете искрени барем еднаш на овој форум и признајте го тоа.
 
Последно уредено:

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Пак исто ќе верглаш? Колку пати треба да ти повторам дека целта на таа дискусија не е само моменталната вредност на економската соработка со Русија, туку идната претстојна економска соработка. Пар години од сега, или помалку од еден потег унапред во геополитичкиот шах на регионот.
Како ке ja уствариш? Вака мислеха и србите со санкциите ком Русиja,кои се воведаха от ЕУ,па не видовме чудо некво да се деси.
Многу,многу,ама МНОГУ далеку ти е Русиja от jaка икономска соработка со РМ. Русиja не бара да соработува со мали држави. Таа бара држави како Германиja,како Турциja,како арабските држави,Кина, Франциja,Велика Британиja...ама тоа ти е тежко ушге да го сватиш и сакаш да спинуваш.

Ти реков веќе еднаш. Лажеш, вошки имаш, и на тавани спиеш.
Вие ја имавте истата (и подобра) шанса и никако не можам да разберам зошто ти како Бугарин си толку buthurt oд можноста за просперитет на Македонија и идна економска соработка со Руската Федерација?
едит:
(освен што можам да разберам, ама не можам да пропуштам да искористам многу добрата демонстрација која им ја покажуваш на моиве сонародници од кои некои ете се прилично спори, најпосле ако на Бугарија тоа толку и смета - тогаш мора да има нешто добро во сето тоа) (y)
:icon_lol::icon_lol::icon_lol: Дааа,старите митови и легенди. :kruna:
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.656
Поени од реакции
35.530
@Raynor почнуваш ли сега да ја разбираш суштината на заложничката ситуација во која живееме со децении? Почнуваш ли да разбираш дека ние Македонците ништо не правиме се додека еднаш за секогаш и целосно не раскрстиме со албанските терористички закани?



Многу,многу,ама МНОГУ далеку ти е Русиja от jaка икономска соработка со РМ. Русиja не бара да соработува со мали држави. Таа бара држави како Германиja,како Турциja,како арабските држави,Кина, Франциja,Велика Британиja...ама тоа ти е тежко ушге да го сватиш и сакаш да спинуваш.
Teбе гледам спинувањето не само што не ти е тешко, туку никако да престанеш да го практикуваш. Многу приказни раскажуваш, ама со малку суштина и факти. Но и шуто и сакато се експерти на интернет, па имаш и ти право на свое мислење (дури и ти).

Мојата теза е едноставна, Македонија својот економски бенефит од Руската Федерација пред се го гледа во добивањето евтин енергенс преку гасоводот, и од парите што ќе се добиваат од транзит на гасот северно кон трети дражави. Тоа нема допирна точка со извозот и увозот на други видови на стока и услуги.

Тоа јас што го кажувам нема никаква врска со големината на мојата држава.
Евтиниот енергенс е евтин, без разлика дали е во Германија или во Македонија. На индустријата и на граѓаните им е потребен евтин енергенс, без разлика дали тие граѓани живеат во Германија или во Македонија.
Ај сега спинувај пак, плус со по некоја дигресија (пак) за да ја разбиеш монотонијата.

П.С. Бонус „експертски“ момент: „Русија бара да извезува енергенси на арабските држави!:facepalm:
 
Последно уредено:

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Teбе гледам спинувањето не само што не ти е тешко, туку никако да престанеш да го практикуваш. Многу приказни раскажуваш, ама со малку суштина и факти. Но и шуто и сакато се експерти на интернет, па имаш и ти право на свое мислење (дури и ти).
Поголем факт от вашиот завод за статистика...не знам. Повели ти до некоj твоj факт.

Мојата теза е едноставна, Македонија својот економски бенефит од Руската Федерација пред се го гледа во добивањето евтин енергенс преку гасоводот, и од парите што ќе се добиваат од транзит на гасот северно кон трети дражави. Тоа нема допирна точка со извозот и увозот на други видови на стока и услуги.
Не знам зашто сметаш дека ке е евтин? На што темелиш тоа?
Коj ти кажа,дека ЕК ке попушти на Русиja за да помине преку Грциja за да стаса до вас, па да оди ком трети држави?

Тоа јас што го кажувам нема никаква врска со големината на мојата држава.
Евтиниот енергенс е евтин, без разлика дали е во Германија или во Македонија. На индустријата и на граѓаните им е потребен евтин енергенс, без разлика дали тие граѓани живеат во Германија или во Македонија.
Ај сега спинувај пак, плус со по некоја дигресија (пак) за да ја разбиеш монотонијата.

П.С. Бонус „експертски“ момент: „Русија бара да извезува енергенси на арабските држави!:facepalm:
Па според Русиja, спремо потрошовачката ти е и цената на гасот. Како се има во предвид вашата потрошувачка колко е мала,можеш сам да предпоставиш,колко "евтин" гас ке добиеш.
П.С. Не знам каде виде,дека кажав,дека Русиja бара извезуване на енегенси за арабските држави. :) Можеш да го цитираш тоа?:brlav:[DOUBLEPOST=1432561491][/DOUBLEPOST]Бугариja и Хрватска подкрепат теритоалниот интегритет на РМ и БиХ.
http://bnr.bg/post/100561024/balgaria-i-harvatia-podkrepat-teritorialnata-calost-na-makedonia-i-bosna-i-hercegovina
 

Kajgana Shop

На врв Bottom