Рани куче... Русија и Србија не го имаа/т признаено Косово. Македонија ниту е ФНРЈ ниту претседникот ни е Тито, ниту е сцената од 50тите за да се игра на две столици. Во 2008 Македонија се истрча да го признае Косово, кога одлуката беше фалена од истите медиуми кои сега ни сервираат сосем други информации и промена на к*урсот во надворешната политика од истите функционери. Пред неколку
месеци ако е точен датумот е потпишан договор за здравствено осигурување и пензија
- Преку примената на договорот ќе се овозможува усогласување на националните законодавства, еднаков третман на лицата на кои се применува договорот, здравствена заштита, болест и мајчинство, упатување на лекување, собирање на периодите на осигурување, одредби за давања во натура, кои произлегуваат од здравственото осигурување и заштита, парични давања - рече Диме Спасов, министер за труд и социјална политика.
Договорот важи за сите лица што во Македонија или во Албанија оствариле право на самостојна старосна пензија според законската регулатива. Со него се уредени и одредби со кои им се овозможува на работодавците и работниците да не плаќаат двојно осигурување во двете држави, во однос на истата работа што ја врши работникот.
Албанскиот министер за социјална сигурност и млади Ерион Велиај е уверен дека договорот не е само симболичен акт, туку ќе влијае на лицата што живеат во двете земји.
- Со него ќе бидат опфатени околу 300 илјади граѓани на кои ќе им се подобри здравственото и пензиското осигурување. Договорот ги штити припадниците на албанската заедница во Македонија и на македонската заедница во Албанија - рече Велиај.
Се дискутирало за за гасификација, за "заеднички интерес" од енергетско
поврзување Битола Елбасан и Луково Поле...Жителите на Демир Капија ќе ви кажат дека се носени албански работници за мостот на автопатот до нивниот град...а познавајќи ги години и години наназад постојаните притисоци, мешање во внатрешните случувања, дури честопати и изјави на отворен сепаратизам од официјални лица и институции од Албанија, не знам зошто некој е зачуден. Да не го заборавам и Пописот 2011 за кој, и според Беџети, се раководевме од волјата на албанците, останавме без податоци, а "потрошивме" милиони за негово организирање.
http://www.press24.mk/polovina-od-makedonskite-albanci-ne-zhiveat-vo-makedonija
како и другите пописи од 94 наваму каде се живо влегуваше во поимот "вкупно население".
Прашање е дали ние имаме или некогаш сме имале државен врв за македонските интереси, цврсто кормило, став, дали воопшто водиме некаква реална еднонасочна надворешна политика, позитивна за Македонија или сме постојано во улога на држава-аморфна маса.
Ама бугарите и србите ни се дежурни виновници, еб**аго.[DOUBLEPOST=1432371057][/DOUBLEPOST]Инаку пошто ние за некоја недела ќе влеземе па се загриживме пустото за оваа изјава
Албанија не може да ја блокира Македонија во НАТО