Многу пати споменувано, но еве пак, како позицијата на Албанците беше уште полоша од нашата, но тие го најдоа начинот за кој што збориме. Ние можеме да побараме свој начин, но пак се’ е врзано за парите.
Албанците после Хитлер не се двоумеа својот опстанок да осугураат со Сталин. Слично се позиционираа и Бугарите (не случајно ја дадов паралелата). Менаџирањето на позицијата во дадениот момент е клучен за успех, понекад и не играат парите најолема улога, ако е така Гадафи имаше и пари и врски во западниот свет, дури и во последно време се отвори кон западот, дури спонзорирање и изборни кампањи во Франција и Италија, меѓутоа ете како заврши.
Сигурен сум дека можеме да испереме огромни пари и да скубнеме добри дилови од бизнисите околу нас.
Локалната пералница на пари во регионот, има структури и во режимот и во подземјето кај нас, и секој обид да го превземеме тој бизнис би водел кон дестабилизација на државава.
Нашата дијаспора е премала и пресиромашна за да може доволно да донира за нашите лобирања и подмитувања, тука се согласувам дека Грците имаат предност.
Но, ова е почетна предност и во никој случај не ги ограничува нашите способности.
Многу голема грешка на нашата дијаспора што не комуницира со Ерменската и Коптската дијаспори кои се доста моќни и доста отворени за соработка и во секој случај гледаат со симпатии спрема нас во однос на прашањето за името. Не треба да се исклучи ниедна лоби група и сегде треба да сме присутни.
И да нагласам пошто изгледа сум погрешно сватен, Грчката дијаспора не е единствената, што се грижи за тоа прашање. Постојат структури во Грција кои го координираат све тоа. Ние не можеме да се наслониме на државата. Едноставно нема интерес за тоа.
Еден банален пример од аспект на размерите споменати погоре, на пример, нашата влада може да размисли да создаде наградни фондови за дела од странски автори, како што тоа го прави грчкото министерство за надворешни работи кое со финансиски грантови ги спонзорира најголемиот дел од книгите со историска содржина во кои тенденциозно се негира македонската историја.
Мал милион семинари се организирани од разни грчки „невладини“ здруженија кои го обиколуваат светов и креираат “светски“ призната историја.
Бугарите тоа го прават на поинаков начин, преку испраќање на свои професори во странски универзитети и преку тие кадри продуцираат историја која тие сакаат да се знае.
Да не ги заборавиме организациите од типот на ЕЛИАМЕП, МКГ, како и останатите институти и отворени општества... кои претставуваат само логистика.
И да е можно ова, тоа нема да го тргне Грчкото вето. Единствен начин да успееш да докажеш историја и да се заштитиш од интерпретации е да направиш временска машина и да ги снимиш случувањата. Па и тогаш прашање е дали ќе успееме да го тргнеме ветото. Посреди не е битка за историјата, туку битка на интереси. Затоа и искрено не верувам дека Грција сама по себе е доволно моќна да го спречи нашето учество во НАТО. Све си мислам дека САД има поинаква улога за нас во нивните планови.
Но се слагам дека пропаганда од тој аспект многу добро би ни дошла за јакнење на нашите позиции. Исто така јас би отишол подалеку, би спонзорирал еден добар филм, или уште повеќе серијал, за да ја раширам таа пропаганда и врз обичниот народ во САД и во западните земји. Треба да се има во предвид дека западните влади се потпираат на маркетинг, тоест за да нешто пројде, треба да се види НЕ дали критичната маса тоа го одобрува, туку да се пази да не се дојде до критична маса што тоа го осудува.
За да ти опишам што мислам со ова ќе ти го наведам примерот со Ерменците. Ерменците како така, неочекувано во Нагорно Карабах добија тоа што имаа да добијат, меѓутоа Азербејџан во меѓувреме се сврте кон запад и почна да се вооружува имајќи ја во предвид нивната економија која се базира на нафта. Во моментов како што стојат работите, Азербејџан може да го продефилира во Нагорно Карабах за 1 ден. НО, што се случи, Ерменското лоби изигра доста паметно и симпатиите во Европа и во САД ги сврте кон себе. Моментално не верувам дека било каква воена офанзива на Азербејџан на дефакто нивни терен ме би поминала без тежок притисок на западната јавност за воена интервенција во одбрана на Ерменците. Овој пример кажува дека иако со доста повеќе пари, и со доста силен сојузник во НАТО, Турција(да не ја спомињаме Турската дијаспора), додека најблиска држава во моментов на Ерменија е Иран, Азербејџанците ја изгубија и оваа битка со Ерменците.
Тука пак има НО. Ние оваа стратегија не можеме да ја играме против Грците од причина што во егзодусот на Македонците во Грција учествувале Британците и Американците. Но се слагам дека би можеле да најдеме начин за Маркетинг.
Само кеш ти велам, мноооггууу кеш да им се даде и ниту ќе треба да гинеме ниту ќе гладуваме поради некои педофили и нацисти.
Да почневме да градиме структура попут Jewish Agency пред 10 години, кога се роди критична маса, до сега ќе имавме силна економска мрежа, дури и внатре во Грција, Бугарија и Албанија, која ќе имаше сила да делува врз тие држави и тогаш, самите по себе, дури и без НАТО би обезбедиле опстанок на земјава. Во тие моменти тоа ќе беше неочекуван чекор кога од дефанзива ќе прејдевме во офанзива, и сега ситуацијата ќе беше подруга. Но ете за жал не успеав(ме) во тоа.
Но никогаш не е касно да се почне. Оваа ситуација сама по себе, може да трае уште десетина години во непроменет статус, но може и утре да се смени, по генералната тенденција негативно по нас. Пак ќе кажам ништо не не кошта да ги видиме плановите на Русија, можеби ако не со директно воено присуство, ќе може да ни помогне во пропагандата и корумпцијата која што ја збориш.