Koj ги заштити малолетните деца отепани на смилковско езеро? Тие ли беа пречка да се вработи некој Албанец??
Те штити функсионирањето на правото, кога виновниците ќе ги казниш максимално. Тоа е веќе направено, само не знаеме дали тоа се виновниците. Ако не се, тоа ќе биде уште една потврда дека во оваа држава нема кој да ги заштити не-македонците. (За жал нема кој да ги заштити ни тие од македонска опозиција, но тие се надеваат дека ќе се смени власта и ќе бидат ослободени од лажните обвиненија, но кој да ги заштити албанците, ако се има предвид дека и СДСМ и ДПМНЕ за случајот Сопот се покажаа исти)
Кој го заштити Лешочкиот манастир изграден во 14 век кој талибанците го кренаа во воздух? Манастирот ли беше пречка да се вработат Албанци??
Лешочкиот манастир се сруши во август месец, откако веќе десетици џамии беа срушени и запалени. Тоа е срам за албанците, и не ми е јасно зошто го сторија тоа, ако се знае дека во 2001 УЧК се фалеше дека не рушат цркви и манастири. (а по албанските села, низ Битола, Прилеп веќе беа запалени сите џамии, а полиција не ги штитеше)
Кој ги заштити киндапирани и сечени работници на Маврово?? тиуе ли беа печка за вработување?
Тие што се надлежни да ги заштитат, што ги штитеа, и на крај се договорија Хашкиот суд да биде надлежен за сите воени злосторства. Ако наредам примери на злоставувани цивили, бројката иде на стотина албанци, па после не ќе знаеш кој е терористот во целата прича)
Кој ги заштити 160.000 раселени лица? тие ли ви беа пречка, кога мислите тие да се вратат на своите огништа уште 2600 лица?
Тие 160.000 лица се раселени заради специјалната војна, и се во Швајцарија, Германија...
А за 2600 раселени од Арачиново, Матејче, Опае и каде друго мислам дека се жртви на самите македонци, можам и да образложам, во Хасанбег си живеат македонци и албанци заедно, исто така и во Лопате.
“Сакаме да се вработиме зато ќе убиваме силуваме палиме дигаме во воздух цркви и манастири, запираме вода на цели градови, масакрираме и палиме живи ранети и протеруваме цивили“
А бе тој калифо Ал Багдади би ви рекол “Претеравте“
Зборуваш наопачки, не ја зборуваш вистината, не ја признаваш грешката. Мене ми е жал за едниот манастир кој е срушен, а тебе не ти е за 50 џамии. Мене ми е жал што 2600 македонци ги напуштиле своите домови после војната, а тебе не ти е жал за 160.000 албанци кои ги напуштиле домовите поради специјалната војна над нив.
Ти зборуваш за работи од 2001ва (а да почнам јас до утре ќе треба да куцам за 2001).
Јас ти зборам за денес, 2015 година, невини луѓе лежат по затворите.
Охридски договор не е спроведен ни после 14 години, и ова е темата за која зборуваме, не се враќај во историја.