Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво. Пред неколку месеци почнав на вежбање. Сите мускули си се развиват нормално само десната града не расти како левата. Појака страна ми е десната ама ете со тој мускул како да има некој проблем. Некој совет од искусните, шо како ?
ке се израмни со тек на време, вежбај и со еднорачни
 
Заротирано рамо да не имаш? Провери го и предното рамо (anterior deltoid) на двете страни дали е избалансирано.
Според сликите шо ги видов на нет веројатно имам. Осеќам болка во предниот дел на рамото ама си мислев дека е некоја жила истегната, ама веројатно е ова шо го кажваш. Влијај то некако на градите ?

@UpperCut ќе продолжам и со еднорачни.
 
Влијае и те како. Цел терет што треба на градите да оди го презема предното рамо и од таму се поебува се.

Незнам колку години си, ми изгледаш на помлад, ама ако го заебеш рамото сега после цел живот проблеми ќе имаш.
 
научи го поставувањето пред да почнеш да вежбаш на клупа било со еднорачни било со шипка бенч, плешките ке повлечеш назад градите напред и ке ги закосиш лактите. Ако само така легнеш и буташ ке заебеш рамо нормално
 
Од оваа позиција сега кај што му е хиперактивно рамото џабе ќе се мести, пак ќе преовлада рамото.

Решение би било да се потисне егото, да се почне од празна шипка и со многу тегнење и работа на стабилизаторите пак да качува тежина.
 
ако му е повредата на ротаторот на рамото, загревање пред вежбање има вежби за ротатор и правилен сетап да научи не би требало да има болка. Ако му е друг дел повреден незнам
 
Не мора да значи повреда, повеќе како лимитирани движења има поради дисбалансот помеѓу предниот и задниот дел од рамото. Колку и да успее, ако успее, да се намести перфектно кога ќе почне со вежбата пак ќе преовлада ротирањето поради хиперактивирањето на предното рамо. Можно е и превисоко да ја спушта шипката, што е проверен рецепт за поебување на целото рамо, од мускули до сврзни ткива.

@Кико Д. Најубаво да се снимаш, од сетап до крај на сет (серија) од добар агол, плус една слика од тебе од страна сликана за да се види убаво ротацијата до кај е. Или тоа тука да ти помогнеме или да отидеш на некој физиотерапевт па тој да ти помогне.
 
Moze prasanje.. T. E.. Sovet..
Dali nekoj ima so iskustvo na koristenje. L CARNITINE. ?
Dali deluva i dali ima nekavvi losi posledici.. Ako ima nekoj iskusto nekq spodeli ve molam
 
Влијае и те како. Цел терет што треба на градите да оди го презема предното рамо и од таму се поебува се.

Незнам колку години си, ми изгледаш на помлад, ама ако го заебеш рамото сега после цел живот проблеми ќе имаш.
Ако сум помлад со 21 тогаш млад сум :D

Од оваа позиција сега кај што му е хиперактивно рамото џабе ќе се мести, пак ќе преовлада рамото.

Решение би било да се потисне егото, да се почне од празна шипка и со многу тегнење и работа на стабилизаторите пак да качува тежина.
Спуштено ми егото, мали тежини кревам и гледам да вежбам најправилно шо можам.
научи го поставувањето пред да почнеш да вежбаш на клупа било со еднорачни било со шипка бенч, плешките ке повлечеш назад градите напред и ке ги закосиш лактите. Ако само така легнеш и буташ ке заебеш рамо нормално
Ова со рамото веројатно ми е од порано проблем, само шо сега дојде до израз со вежбањето.

Ќе одам најверојатно до на доктор да кажи мислење.
 
Ако сум помлад со 21 тогаш млад сум :D

Спуштено ми егото, мали тежини кревам и гледам да вежбам најправилно шо можам.

Ова со рамото веројатно ми е од порано проблем, само шо сега дојде до израз со вежбањето.

Ќе одам најверојатно до на доктор да кажи мислење.

Младост-лудост... Шала на страна, убаво што си одлучил да го решиш проблемот, само напред! /motivation
 
Moze prasanje.. T. E.. Sovet..
Dali nekoj ima so iskustvo na koristenje. L CARNITINE. ?
Dali deluva i dali ima nekavvi losi posledici.. Ako ima nekoj iskusto nekq spodeli ve molam
Делува мн малку и мн споро, бар за мене. Добро е за генерално здравје така да немаш штетни ефекти од него.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom