ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

Член од
20 јули 2014
Мислења
3.133
Поени од реакции
8.226
И пошто некој збунет праша, зашо му било избришано мислењето. Пишувавте што пишувавте за митинзите, во ред, сега стоп и освен ако немате идеја како да го поврзете митингот со темава тогаш воопшто не ни трошете простор овде да правите партиски пост-митинг бодрења.
Администраторот на форумот дозволи да се коментира во поширока рамка. А и самиот случај во Куманово е поврзан со тековните политички случувања, така што не може да се зборува изолирано. :)

Еве цитат од коментарот на Acid:
 
Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
553
Морам нешто да ти објаснам. Геополитиката ти е како фудбалот, секој мисли дека се разбира. Нити ти, ниту јас немаме пристап до навистина вредните информации. Било која информација која ти или јас можеме да ја добиеме на нет, не вреди скоро ништо. Вистинските коридори на моќта, информациите кои управуваат со светот, се затворени и за мене, и за тебе. Јас сум свесен за тоа, ти не си. Ти си имаш една замислена слика за светот, и таа слика се обидуваш да ја поткрепиш со одбрани информации. Тоа не те прави попаметен или поинформиран, те прави понаивен.

Овој пат одбра да веруваш дека САД ни прави упад во безбедносниот систем во земјата. Таа идеја те доведе до претпоставка дека на Македонија му се заканува македонски Мајдан. Дебело се насанка. Сега, наместо да си размислиш за почетните тези, ќе ја виткаш теоријата се додека не дојдеш во ситуација повторно да можеш да живееш со тоа, без да си ги преиспираш ставовите.

Инаку, јас не глумам никакво интелектуално ниво, ниту со некој претенциозен израз, ниту со некое замислено надзнаење. За разлика од некои тука. :)[DOUBLEPOST=1431894969][/DOUBLEPOST]

Кога Србин ја поддржува политиката на ВМРО, веднаш ти станува јасно дека нешто е отидено у пизду матер.
Па чим дое време албанец со знаме на голема албанија да ви биде у први редови ја идам по дифаулт на спротивната страна.

Али ипак највише ме погоди џубрево што ми го оставивте пред улаз.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.120
Поени од реакции
4.799
Прегледај го приврзокот 121312
наводно и ова го имало денеска
Страшно неповрзано ми изгледа, ова може дури и од Косово да е негде.

Поголеми потпалувачи од овие Курир не може да се најдат. Дај некој ако може да пребара од кај им е извадена сликата, можно ли е? Да беше поголема сликата барем, можеби намерно е намалена за да не се види околината.

Ова како вакво може да биде некој протест на ветераните во Косово или нешто слично, ама никако не може вакво нешто да се извади на протест.
Овдека нигде не пишува 113 бригада како што вели Курир, туку насловот е АУТОРИЗАЦИЈА, ФОНДОТ ЛИРИА КОМБТАРЕ.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Администраторот на форумот дозволи да се коментира во поширока рамка. А и самиот случај во Куманово е поврзан со тековните политички случувања, така што не може да се зборува изолирано. :)
Еве цитат од коментарот на Acid:
Не се секирај ти, редакцијата има заеднички пристап и постапуваме како што е договорено меѓу нас.
Твојата интерпретација на “рамката“ за жал не се совпаѓа со таа која ја одредивме ние на темава.
 
W

wicked_1

Гостин
@Bratot , на 20 и повеќе мислења е искоментирана овдека изјавата на Лавров, зашто вака игнорантно продолжуваш да се однесуваш не ми е јасно? Руската дипломатија со нивните изјави е ништо повеќе од лицемерие, фиктивни коалиции и "заштитници" у сенка беа на многу држави, а најдобар пример ти е нашиот северен сосед. После еден куп изјави за чување грб на Милошевиќ, 99та дадоа зелено светло да ги бомбардираат. Исто нели, Сорос и Америка го предизвикаа Мајдан, ја распарчија Украина, а финалниот резултат беше - анексирање на Крим од одредена (братска) држава. Се надевам и ова нема да го игнорираш :))
Ова е последното алиби за ситуациите како дефокус од реалноста, за тврдокорните членови на партијата на кримосите секако. После 9 години зад завеса активно работење на анти-еу/нато агенда, конечно е јасен ставот на Партијата.
 
Член од
16 мај 2015
Мислења
23
Поени од реакции
24
Да прашам, со сите оние слики за голема Албанија и знамиња на Република Албанија, дали денеска оној хаотичен протест беше всушност некоја промоција на ГОЛЕМА АЛБАНИЈА?

Се вџашив ко ги видов фотографиите од протестот објавени од Курир: http://kurir.mk/makedonija/vesti/200784-Skandal-Zaev-vo-pregratki-so-lugeto-koi-dadoa-javna-poddrska-na-treroristite-vo-Kumanovo#

После да не се чуди СДС ако на следните избори не би имала ниту 10 пратеници во Собранието.
Што има тука за вџашување? Па, и ВМРО пие кафе со ДУИ секој ден, се сликаат, во иста влада се, преговараат заеднички, си го имаат и едните и другите. Не мора да се игра со овие евтини спинови. Не мора да се сакаат ВМРО и ДУИ, си глумат лицемерие, но имаат еден и единствен заеднички интерес, а тоа се парите и политичкото влијание. Пари без политичко влијание е како газда без фабрика.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Ексурзија до Скопје, шаторче, дружење, јадење, пиење, музиче, може некој секс да падне, ни работа ни сабота, слободни денови земени, не е толку лош животот протестантски.
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
@Bratot , на 20 и повеќе мислења е искоментирана овдека изјавата на Лавров, зашто вака игнорантно продолжуваш да се однесуваш не ми е јасно? Руската дипломатија со нивните изјави е ништо повеќе од лицемерие, фиктивни коалиции и "заштитници" у сенка беа на многу држави, а најдобар пример ти е нашиот северен сосед. После еден куп изјави за чување грб на Милошевиќ, 99та дадоа зелено светло да ги бомбардираат. Исто нели, Сорос и Америка го предизвикаа Мајдан, ја распарчија Украина, а финалниот резултат беше - анексирање на Крим од одредена (братска) држава. Се надевам и ова нема да го игнорираш :))
Ова е последното алиби за ситуациите како дефокус од реалноста, за тврдокорните членови на партијата на кримосите секако. После 9 години зад завеса активно работење на анти-еу/нато агенда, конечно е јасен ставот на Партијата.
Кога сме кај кримосите, слушнавме и за едните, но и за оние другите, за оние провизии од 200%, па и за онаа криминална приватизација и одлевањето 15 милијарди долари, делењето тендери на свои блиски. итн. Народот ги става на кантар и едните и другите, затоа и го одбира помалото зло.

Што се однесува на Русија, Русија 1999 г. со Јелцин и онаа од 2015 г. со Путин се сосема други држави. Сега Русија е супер сила. Во 1999 г. Русија немаше никаков интерес од Србија, а денеска Русија има огромен интерес од Македонија зошто тука треба да минува 70% од рускиот гас за Европа. Кога Русија има интерес, си делува како во Ј. Абхазија, Ј. Осетија (ги ослободија од грузиската окупација), Белорусија (ја штитат од западните портокалови револуции), Нагорно карабах (ги штитат Ерменците во Азербеџан), Сирија, Куба, Бразил, итн. Исто така, порано Кина немаше интерес во Македонија, но сега низ Македонија треба да поминува кинескиот транзит на роба од кинеското пирејско пристаниште и така Македонија стана важна за Кина. Односот на светските сили во последниве 5 години се менува, па така се менуваат и македонските интереси.

п.с. Се извинувам на Братот.
 
Sinisa

libertad o muerte
Член од
27 август 2005
Мислења
661
Поени од реакции
52
Честитки Македонци на мирен протест и убава слика од Скопје. Имам лично мислење за политичката ситуација во Македонија ама тоа си е ваша работа, само не се тепајте помеѓу себе. Сепак, начинот на кој владата треба да се менува е само избори и ако има притисокот тој треба да оди во тај правац . Дури и ако владата паѓа, тоа би значело влез во вакуум "прелазна Влада" и понестабилан политички период. Немам фаворит и не го сакам Груевски ама морам да кажам: тешко дека има поталентован политичар од Груевски во Македонија а и шире, во регионот, (човек добро плива и сналази се у екстремно ограниченом маневарском простору а и урадио је и неких добрих ствари да их не набрајам) ама власта му удари во главата и најлошиот чекор му беше притисокот на медије. Какав лош потез, слично сега Вучиќ работи во Србија. .И сега се гледа дека Западот го пушти низ вода. По корупција шо да се каже, исти кур во цел регион. Опозицијата треба да има слобода да работи се што е легитимно, но без сила и дестабилизација , Груевски сепак не е Милошевиќ (а и то говедо беше сменето на крај со избори). Факт е дека низ Балканот младите луѓе се крајно фрустрирани и јас ги навистина и искрено подржавам ама мора и малку да се стави прстот на челото.

Само уште едно: дестабилизација на било која земја на Балканот не одговара на никој на Балканот. Никој! Сите има да ги осетиме последице. Тоа можно одговара само на некој надвор од Балканот далеку на запад или исток или и на једни и на други.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
@Bratot , на 20 и повеќе мислења е искоментирана овдека изјавата на Лавров, зашто вака игнорантно продолжуваш да се однесуваш не ми е јасно? Руската дипломатија со нивните изјави е ништо повеќе од лицемерие, фиктивни коалиции и "заштитници" у сенка беа на многу држави, а најдобар пример ти е нашиот северен сосед. После еден куп изјави за чување грб на Милошевиќ, 99та дадоа зелено светло да ги бомбардираат. Исто нели, Сорос и Америка го предизвикаа Мајдан, ја распарчија Украина, а финалниот резултат беше - анексирање на Крим од одредена (братска) држава. Се надевам и ова нема да го игнорираш :))
Ова е последното алиби за ситуациите како дефокус од реалноста, за тврдокорните членови на партијата на кримосите секако. После 9 години зад завеса активно работење на анти-еу/нато агенда, конечно е јасен ставот на Партијата.
Киро, Русија е другата страна на монетата.

Како што Русија не успеала да ја заштити Србија, некому успеало да ја бомбардира.
Е сега чудно но гледам тоа наидува на оправдување.

А во врска со моите гледишта за македонската надворешна политика, ги има доволно на темава.
И доколку имаш потреба да се потсетиш за наклонетоста на САД во нашата понова историја, ти го посветувам мислењево #64.
 
Киро?
Од интересен аспект анализирано, ама редоследот на фактите не кажува така, изјави - медиумски испропагирана коалиција - де факто никакво преземање дејствија освен дипломатски пораки - вртење грб. И не е баш случајот дека "не успеале да ги заштитат"
Сигурно имаш добро скоцкани тези и ставови не чепкам твои разгледувања се тие, а околу книгите на Никовски и од таму вадење поука, доста лошо. Тука има краток преглед за лесна оцена колку и какви пародии од ставови има он.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Зошто ти си можел денес да одиш, а утре некој да не може да оди? Што си ти поразличен од тој утре? Демек си прогресивен, напреден, а тој утре со исперен мозок? Истото и тој го мисли за тебе, а плус, никој не знае дали ти си отишол партиски или не. Можеби само блефираш форумот за да ја оправдаш својата теза и да креираш лажна слика.

И, денеска повеќето беа плакатолепачи како што ќе бидат и утре. Не гледам никаква разлика. Македонија има преголем број на кадар во делот на : психологија, социологија, економија, право, лингвистика, филозофија, уметност, педагогија односно факултети коишто не произведуваат јавно добро, туку зависат исклучиво од државна цицка. На денешните и утрешните протести нема да видиш инжињери, информатичари, електротехничари, хемичари, доктори, водоводџии, молери, тапетари, плочкари, дренари, градежници, земјоделци и други, затоа што тие не зависат исклучиво од државна цицка, туку р’мбаат цел ден, но дома носат и по 700 евра месечно зависно од нивниот квалитет и знаење. Нив не ги занимаат квази револуции.
И да беа денес ПОВЕЌЕТО плакатолепачи (мада од луѓето што знам дека беа ни пола не се есдеес али ај), разликата е во тоа што утре ќе бидат СИТЕ плакатолепачи.
Иначе, не бев али од слики мислам дека нема повеќе од 30к, што е успех со оглед на тоа во каков страв живееме, заканите што се присутни на секој чекон и опструкциите на превозниците да извршат превоз.
Утре груефски собира у најмала рака дупло, ко од шала. Има да го поплави градот. Плус, да не заборавиме дека 20% од донесените за уши ќе си отидат во Ајриш на пиво или во СитиМол пошто има попуст.

П.С. Исплатени се парите на безбедносните сили?
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Киро?
Од интересен аспект анализирано, ама редоследот на фактите не кажува така, изјави - медиумски испропагирана коалиција - де факто никакво преземање дејствија освен дипломатски пораки - вртење грб. И не е баш случајот дека "не успеале да ги заштитат"
Сигурно имаш добро скоцкани тези и ставови не чепкам твои разгледувања се тие, а околу книгите на Никовски и од таму вадење поука, доста лошо. Тука има краток преглед за лесна оцена колку и какви пародии од ставови има он.
Индициите наведени од Никовски во неговата книга, самиот ги истражив и затоа ги дополнив со линковите во постот.
Фокусирај се на фактите, не на личноста.

Во поглед на темава, без разлика на холивудската репутација на Русија, мислењата од нивните високи челници не смеат туку така лежерно да се игнорираат, а истите нетипично беа преќутени од страна на светските западни медиуми.
Тоа ми дава дополнителна причина да верувам дека станува збор за криза оркестрирана од надвор.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom