@Казаки
Навистина има спротиставени потези на нашата надворешна политика, ете како тој каде нашиот претстваник во Советот на Европа гласаше за одземање на правото на глас на Русија. Но воедно ги имаш и следниве работи: Македонија не се приклучи кон санкциите кон Русија, македонскиот претседател беше еден од ретките од регионов кој отиде на прославата на Денот на Победата во Москва, нашиот дел од гасоводот Турски Тек веќе се гради (иако некои овде претпочитаат тоа да го читаат како приклучок за гасоводите во Бугарија) и проектот се гради со пари од клириншкиот долг на СССР... итн.
Понатаму ја имаш и изјавата на министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Лавров - кој отворено изјави дека САД ја казнуваат Македонија за неприклучувањето на сакнциите кон Русија. Се покажаа и официјални ставови на РФ дека случувањата во Македонија се акт на обоена револуција.
Ти ја разбирам дилемата проруска или проамериканска наклонетост на владата. Но во целава работа, мене многу ме смета таа црно бела дихтомија - или сте проруси или сте проамериканци. Слично како ставот на рајата овде, или си вемеро или си есдеес - и ништо друго не можат да разберат.
За мене е многу нормално, ако една влада добие добра економска понуда како што тоа за нас е гасоводот - да ја прифати понудата. Другата страна (Америте) ако сакаат сојузнички и пријателски односи, треба самите да понудат подобра економска понуда - наместо обоена револуција и активирање на замрзнатиот конфликт преку нивните албански вазали.
Сметам дека тука е и главната разлика во начинот на делување на овие две светски велесили. Едните нудат реална економска соработка, другите се силеџии со резонирање во облик на чекан - и сите проблеми им изгледаат како клинци.
Тоа што утре Албанците го откажаа учеството на митингот последниот ден е доста загрижувачки. Еден од аргументите на Заев беше меѓуетничкото единство на неговата идеја. Ова е дури и загрижувачки по безбедноста на граѓаните кои ќе учествуваат на овој собир...
Признавам дека неучеството на Албанците на митингот, е единственото нешто што не можам лесно да го вклопам во можните идни текови на настаните.
Може да се претпостави дека, ако сите дефакто и дејуре знаеме чиви вазали се албанските „борци за права и слободи“, тогаш значи ли тоа дека САД се против успешноста на митингот кој има за цел да помогне во доаѓањето на власт на Заев?
Секако дека не, затоа што во исто време, сите знаеме дека Заев има отворена подршка и од САД и од нивните европски сателити. Сорос, кој одработува незванични кампањи за протажантите на САД, ги подржува и ги финансира Заев и СДСМ, соросовите медиуми и НВО ги организираат протестите против власта. Итн, итн...
Никаква логика нема неучеството на Албанците на тој митинг. Освен ако... и ова сега е „пукање во темно“ претпоставка, освен ако од нивите редови не треба да дојдат некои извршители на некои идни терористички акти, за време на некој од идните митинзи. Па ете организаторите на оваа обоена револуција ги предупредиле на време главешините на Албанците да ги спречат нивните да бидат присутни на митинзите (и со тоа да сносат политичка одоговорност, ако погинат и Албанци).
Не заборавајте дека нецела недела дена пред крвавите немири во Куманово,
албанскиот министер за надворешни работи беше во службена посета на САД. Ова го пишуваше и на службената страна на нивното министерство, сега текстот го нема ама линкот сеуште стои:
http://www.punetejashtme.gov.al/en/...tegic-partnership-between-the-u-s-and-albania
Како и да е, едно гугл пребарување ги дава сите потребни информации.
http://www.google.com/?gws_rd=ssl#safe=off&q=Minister Bushati visit to USA
Којзнае што инструкции добиле Албанците во САД, и какви инструкции Еди Рама во Подградец пренел на лидерите на овдешните Албанци.
Скраја да е, и се надевам дека не е така црно сценариото. Но од сите работи што досега ги видовме овде а ги гледавме и и ги гледаме низ светов - се е можно.