ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

Член од
24 март 2010
Мислења
15.288
Поени од реакции
26.168
In neighbouring Kosovo, the leftist nationalist opposition Vetevendosje, [Self determination] movement urged Macedonian Albanians to join anti-government protests in Skopje, saying the Prime Minister was directing "police terror against Albanians" in the country.
"Gruevski will fall in Skopje, not in the neighborhoods and villages of Kumanovo," the movement said.

http://www.balkaninsight.com/en/article/calm-in-macedonian-town-after-weekend-shootout
Самоопределување и Беса се сестрински здруженија. Ставов на Самоопределување беше единствен таков на Косово.

И очекував и Беса во Македонија да отстои на истиот. Ама Рама очигледно дека закажал средба за да ги испее овие од Беса. И успешно ги испеа. Интересни работи се случуваат во позадина. Мислам дека сега и ќе се убрза динамиката кон разврска.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
По која основа трупаат војска на границата,како да се спремаат за сириско сценарио?
Според надворешниот министар цитирам:
Бугариja е дложна да пресметне сите возможни варианти, вклучително и наjпесимистичните и да е подготвена за сека една ситуациja. Направени са анализи и подготовка за да може да реагираме на сека една ситуациja.
Целото интерву е на линкот
http://bnt.bg/part-of-show/daniel-mitov-ne-se-nablyudava-etnichesko-naprezhenie-v-makedoniya
 
Z

zlaki

Гостин
оваа тема треба веќе да е затворена или да се преименува..
службите до сега треба да имаат собрано какви - такви информации за мислењето на населението со какви погледи има до сега од акцијата и случајот околу гошинце и куманово..
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.288
Поени од реакции
26.168
Според надворешниот министар цитирам:

Целото интерву е на линкот
http://bnt.bg/part-of-show/daniel-mitov-ne-se-nablyudava-etnichesko-naprezhenie-v-makedoniya
Јас се можам да разберам, вас не можам. Толку да сте butthurt што Македонија сама го реши Куманово, страшна работа. Можам да замислам колку се имате влажнето кога слушнавте за кризата и се имате надевано дека ќе ни се случи второ Арачиново. За да можете да ја продавате приказната дека Бугарија е неопходност за Македонија.

Толкава беда и толку насобрани фрустрации на основ на историја, да се крсти човек.
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
369
Поени од реакции
250
Најкрвавото сценарио ми се мота у глава пратејќи ги збиднувањата во Украина на кој начин и како се се случи и сеа гледајќи го Ѓаволот(Нуланд) , а и тврдоглавоста на Груевски читајќи ги порталите и од едната и од другата страна лагите кои што ги изначитавме последните неколку месеци оставките на министрите, Дуи ќе си иде не си иде од парламент. И со текот на настаните полека и полека забораваме дека ова пак оди на наш грб на народот пак ние ќе страдаме а овие ќе се праат на Тошо цело време, во моменти кога вистината не е вистина и невистината е вистина ставени сме како народ на еден тест, тест во кој наредните 2 3 дена е можно да имаме граѓанска војна во која ќе се тепа народо а овие од горе ќе си праат сеир и ќе мислат што следно да измислат за да се спасат - Редно време е сдсм и вмро да ги закопаат секирите(и да си одлежат фино лепо тие што треба) и да дојде трета опција опција која што нема да гласа како ќе му кажат горе туку како осеќа дека требе да биде имаме 500 000 граѓани од една страна 400 000 од друга и останатите ние кои што не сакаме да се замараме со партии и имаме створено еден зид према сите политички партии.
До кога денот со кафе ќе го трошиме на овие неранимајковци - јас знам дека СДСМ секогаш вели да го мениме името и знам дека ВМРО ДПМНЕ секогаш вели не го мењаме името(и сега се изнаслушавме придавки и додавки на кои тој на вести во сител му се заблагодарува на Заев), па нели името не го мењаме !!!!(изглеа грешка сум бил и за тоа гласав за ВМРО последните 3 пати) Сега са кого да гласам за Грујчо кој си има купено автомобил од мои ваши пари за 600 000 евра и го крие, или Зоран кој примал мито !!!! Ма не ги гласам 100 пати нека ми се јават ќе гласам за партијата која ќе се осмели да застане тврдо и одговорно дека ќе ја легализира марихуаната во медицински цели за сега имаме само еден и тој ми е фаворит но можеби ќе се дрзнат и другите.... офф топик сорру.

Исто така за Куманово се случи што се случи, слава им на бранителите(полицијата) згаснаа 8 животи за кого за што нема да откриеме никогаш а и на крај тоа што ќе ни го сервираат нема да биде вистина туку една извитоперена реалност.
Ние народот сме глупи додека едни си играат други профитираат а ние ќе се тепаме
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Ме интересира ако денес објавија бомби за името дека овие од владава се пазареле, кој е ставот на опозицијата по прашањето "промена на името".

Ако има некој што ја следи опозицијава нека ми го каже ставот на опозоцијата за името.

И ме интересира дали опозицијата побара терористите да бидат казнети, или го преќутеа тоа?
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Zaev e копито, толку глуп човек и покрај тоа што има подршка од надвор не успева да придобие симпатии и затоа упорно оди на карта на омраза и нетрпеливост.. дали така му е наредено, дали е до толку мазохист ќе видиме.
Од еден куп материјали кои ги има во снимените разговори тој најде да пушти разговор кој оди само во прилог на албанците, тоес им даде добра основа да во иднина ни тријат сол на раната и да глумат угнетени и обесправени во земјата која им дава најголеми права на свет, значи можеше да пушти разговор за триста други работи, перење пари палми врби рингишпили но наместо тоа свесно игра на карта мегуетничка нетрпеливост. Ништо нема променето во таа партија, истите финти истите копита, толку големи ороспии што дури и се кријат зад невладини организации и студенски плениуми за утрешниот протест.
Незнам како размислуваат тие копита во таа партија, дека им е битно само да дојдат на власт, цената не е битна, а ниту пак имат некаква официјална стратегија или план за што понатаму, ќор сокак...
Штета е огромна што немаме трета опција, грујо пак ке добие поголема подршка кај народот и покрај сите криминали и ујдурми ќе се извлече, македонскиот народ ќе нема друг избор...
Ова!
Секој што ќе оди денес на протест, се надевам дека му е јасно оти не може да биде селективен за причините зошто оди. Тоа е цел пакет, не може да се оди за едно, а да се игнорира друго. Ова што си го напишал не смее да се игнорира. Тоа магаре доби од нас многу шанси. Му се прогледа низ прсти за еден куп ретардирани гафови, му се прогледа низ очигледната глупост и простодушност. Му се прогледа низ прсти за глупавите спинови во воведот на секоја бомба. За објавување интимни и небитни разговори, како тој со Миле и жена му, идиотски оправдан со некоја потреба за објаснување од...психолошки причини. Ете, натежна вемеро и мораше некако да се казни. Ама со овие последни два потега, со ова предавство, одбра страна. Прво преку умилкување кон албанците, па преку рушење државни позиции за името. Јас не се гледам на таа страна, ниту на тој протест. Не можам да бидам селективен, ниту да игнорирам.

Јас се можам да разберам, вас не можам. Толку да сте butthurt што Македонија сама го реши Куманово, страшна работа. Можам да замислам колку се имате влажнето кога слушнавте за кризата и се имате надевано дека ќе ни се случи второ Арачиново. За да можете да ја продавате приказната дека Бугарија е неопходност за Македонија.

Толкава беда и толку насобрани фрустрации на основ на историја, да се крсти човек.
Тоа ме чуди. Многу пати сум ти викал дека мора да испегламе односи со Бугарија, ако не на далечна историја, тогаш барем на позитивно искуство од 2001ва. Тогаш и помогнаа и беа воздржани. Сега не им го разбирам овој мршојадски однос.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.575
Поени од реакции
27.408
Се случи средбава, и единствените Албанци кои го поддржуваа Заев отворено направија ситна промена на курс за 180 степени.
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/200664-BESA-luti-na-Zaev-i-SDSM-nema-da-ucestvuvaat-na-protestite
Според мене, БЕСА е дел од целото сценарио за дестабилизација на Македонија и главен политички фактор на проектот Илирида. А со тоа и се длабоко инволвирани во безбедносниот упад во Македонија, и со манипулацијата на Македонскиот политички блок во создавањето на политичката криза.

Тоа што утре Албанците го откажаа учеството на митингот последниот ден е доста загрижувачки. Еден од аргументите на Заев беше меѓуетничкото единство на неговата идеја. Ова е дури и загрижувачки по безбедноста на граѓаните кои ќе учествуваат на овој собир. Имаше најави од Русија дека 17 Мај е клучниот датум за сериозна безбедносна дестабилизација на Македонија. Повеќето од нас претпоставуваа дека тоа се однесува на самиот опозициски митинг, но со излегување на Албанските партнери на Заев од митингот, може да се работи за терористички акт за време на одржувањето на митингот. Ако е така, тогаш генерално има голема опасност таков еден напад, да отвори можност за интеретнички судир.

Заев свесно дозволува да се тера филмот дека акцијата во Куманово е во режија на власта, иако тој непосредно после случувањата ја напушти таа теорија. Терористички напад за време на протестот на опозицијата многу лесно и без размислување ќе биде препишан на владата од страна на учесниците на овој протест.

Се надевам дека полицијата ќе направи се од себе, утрешниот ден да помине мирно од тој аспект.[DOUBLEPOST=1431830135][/DOUBLEPOST]
Тоа можеби е влажниот сон на Албанците кои протестираа со џихадистички знамиња на Ал Каеда против приведувањето на осомничените.

Искрено без разлика на содржината посакувам да ги чуеме тие снимки, највише од сите досега, затоа што 99% сум сигурен дека доказите се некако поврзани со албанските партнери на власта.
Индикативно е што Заев го откажа објавувањето на толку најавуваните снимики за егзекуцијата во Смилковци, пред главниот евент на оваа негова кампања за буткање на Владата. Или такви снимки не постојат или тие снимки немаат никаква тежина.

Дури е и можно, он снимките да ги добива на самиот ден на објавување, а за овие снимки некој му најавил дека ги има, па сега го извисил.[DOUBLEPOST=1431830349][/DOUBLEPOST]
Незнам како размислуваат тие копита во таа партија, дека им е битно само да дојдат на власт, цената не е битна, а ниту пак имат некаква официјална стратегија или план за што понатаму, ќор сокак...
Штета е огромна што немаме трета опција, грујо пак ке добие поголема подршка кај народот и покрај сите криминали и ујдурми ќе се извлече, македонскиот народ ќе нема друг избор...
Најголем проблем во владеењето на Груевски беше имбецилната опозиција, која успеа 9 години континуирано да губи рејтинг во опозиција.[DOUBLEPOST=1431830876][/DOUBLEPOST]BTW,
Еве каков став имаат Албанците, со самото спомнување на бомбата за Смилковци.
Како и да е...јавна тајна е тоа дека случајот е наместен од власта.
Ако е од самите албанци наместен,на Ахмети лошо му се пишува...самите албанци ќе го запалат.
Можеби утре ќе се појави бомба за Кумановската акција. После протестите со знамиња на ИСИС и Саудиска Арабија во чест на мачениците кои загинаа од клетите кафири на кои сеуште главата им е на рамена, а треба да им се отсече.
 
Последно уредено:
Член од
4 август 2014
Мислења
9
Поени од реакции
2

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.968
Многу површински гледате на работите, а не одите подлабоко...

Дека во македонската криза е замешан странски фактор веројатноста е голема. Е сега дали битката е на поле САД/ЕУ т.е. Запад (претставени од Заев) од една страна, и Русија/БРИКС т.е. Истокот (преставени Груевски) на друга страна... тешко прашање да се одговори со сигурност. Многу членови на форумот го мислат тоа, а и голем дел од народот го мисли тоа. Површински гледате на работите од проста причина што изјавите на амбасадорите ги земате како „здраво за готово“.

Е сега... не сакам да ви наметнувам мој став (дали Заев е играч на Западот, а Грујо на Истокот... или обратно), бидејќи став немам. Но затоа постирам две објави на нашите интернет-портали, од пред неколку месеци и денови од почетокот на кризата и од аферите кои ја дрмаат Македонија.

Првата е малце позната кај македонската јавност:

СТРАЗБУР
Во Советот на Европа Македонија гласаше за одземање на правото на глас на Русија
Александар Николоски, член на ВМРО-ДПМНЕ и делегат во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) гласаше за повторно оспорување на акредитациите на руската делегација.


Ова е првпат Македонија официјално да го искаже ставот за воведените санкци од ЕУ и САД кон Русија по настаните во Украина. Одземањето на правото на глас на руската делегација во ПССЕ е дел од тие санкции. Членови на таа делегација се на листата на руски државјани на кои им е забранет влезот во земјите членки на ЕУ и САД. Досега, и покрај притисоците од западноевропските дипломати, Македонија не се приклучи кон земјите кои ги воведоа санкциите против Русија. Трговијата со Русија досега одеше без никакви пречки.

Другите двајца членови на ПССЕ од Македонија, Влатко Ѓорчев и Ермира Мехмети не присуствуваа на вчерашната седница.

Александар Николоски во Советот на Европа

Во изјавата за МКД.МК Александар Николоски вели дека акредитациите на руската делегација се одземени уште на минатогодишната априлска сесија на ПС на Совет на Европа на предлог на британскиот пратеник Роберт Волтер.

Парламентарното собрание на Советот на Европа одржува 4 сесии годишно - јануари, април, јуни и октомври.

Според правилата, акредитациите беа повторно оспорени на почетокот на јануарската сесија, повторно на иницијатива на пратеникот Волтер. ПССЕ побара од Мониторинг комитетот да изготви резолуција по однос на ова прашање. До разгледувањето на резолуцијата, акредитациите беа вратени на руската делегација и пратенициите имаа право на глас во првите три, од вкупно пет дена работа на сесијата. Истата беше изработена од претседателот на Мониторинг комитетот Штефан Шенах. Во неа се опишуваат состојбите во Украина, Крим, како и состојбата со пратеничката од Украина Надја Шевченко која е член на ПССЕ, а се наоѓа во затвор во Русија. Првичниот предлог беше акредитациите да бидат одземени до јануари 2016 година, но се постигна компромис истото да биде до следната сесија на ПССЕ која е во април. Значи излегува дека акредитациите се одземени само за преостанатите два дена од оваа сесија. Основно барање е да биде ослободена пратеничката Шевченко. Компромисот беше на предлог на Европската народна партија, а беше прифатен со широка согласност. Јас како пратеник на ВМРО ДПМНЕ сум член на Европската народна партија. Во ПССЕ најчесто став се зазема по партиски групи, а не по земји членки. Така што ова е ставот на Европската народна партија со кој се согласија и Групата на европски демократи, Групата на социјалистите и Групата на либералите. Останува во април да се разгледа повторно ситуацијата. Инаку постоеја радикални предлози кои доаѓаа и од различни пратеници, но истите не беа прифатени“, вели Николоски.



На ова решение, шефот на руската делегација Алексеј Пушков одговорил со едногодишно повлекување на Русија од ПССЕ.

ПССЕ бара од Москва да ја укине „нелегалната анексија“ на Крим, да спроведе транспарентна истрага за случаите на смрт и исчезнувања, кршења на човековите права „од страна на полицијата и оружените (милитаризирани) сили“ во тој регион.

Руските агенции пренесуваат и дека бил отфрлен амандманот на членката на украинската делегација Ирина Герашченко самопрогласените Доњецка и Луганска Народна Република да бидат прогласени за терористички организации.

А.Д.

http://www.mkd.mk/makedonija/politika/vo-sovetot-na-evropa-makedonija-glasashe-za-odzemanje-na-pravoto-na-glas-na
Втората, речиси ич не е позната кај јавноста:

Руски олигарх, поранешен офицер на КГБ, слета во Охрид

13 Ное 2014
Written by Голабовски Крсте.



Денеска во 12 часот од Москва со директен лет до Охрид, на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“, слета рускиот олигарх, Николај Токарев.

Токарев, кој наводно бил поранешен офицер на КГБ кој еден период бил на служба во Источна Германија, на аередромот бил пречекан од Миле Зечевиќ, поранешен директор на Управата за контраразузнавање и безбедност на Република Македонија. Зечевич и Токарев се упатиле кон Дебар.

Инаку Токарев моментално е претседател на руската компанија за дистрибуција на гас, Транснефт.



Неговото име во неколку наврати се поврзува со сегашниот руски претседател Владимир Путин, и во периодот додека Путин бил оперативец на КГБ во Источна Германија, и во периодот од 1996-1999 година, кога Путин работеше во претседателксиот кабинет, на Борис Јелцин.

Во биографијата на Зечевиќ пак стои дека бил шеф на кабинет, на Министерот за одбрана Владо Бучковски, Генерален секретар на Владата на Црвенковски во 2003-та. А од 2013 е член на централниот одбор на СДСМ.

http://tvm.mk/vesti/ohrid/19300-ruski-oligarh-poraneshen-oficer-kgb-sleta-ohridski-aerodrom
Не можам да ви тврдам дека ВМРО-ДПМНЕ е играч на Русите или Американците, ниту дека СДСМ се нивни играчи. Само ви објавувам објави на нашите портали кои се косат со ваши заклучоци, а немам намера да ве убедувам и понатаму да стоите на вашите заклучоци или да ги промените.

Според мене отворена е и можноста, Груевски да биде притиснат од Запад до негов конечен пад, а како причина за тоа во јавноста да кружи дека се приклонил кон Русија и поради тоа Западот му сврти грб. Што ако Грујо не се приклонил кон Русија, туку нешто друго е во прашање...

ПС. Иначе, јас лично сум Русофил и „анти-западно“ расположен. (анти-западно е во „“ бидејќи има многу западни земји против кои немам ништо против и не сакам да генерализирам)
 
Последно уредено:

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Ова!
Секој што ќе оди денес на протест, се надевам дека му е јасно оти не може да биде селективен зqа причините зошто оди. Тоа е цел пакет, не може да се оди за едно, а да се игнорира друго. Ова што си го напишал не смее да се игнорира. Тоа магаре доби од нас многу шанси. Му се прогледа низ прсти за еден куп ретардирани гафови, му се прогледа низ очигледната глупост и простодушност. Му се прогледа низ прсти за глупавите спинови во воведот на секоја бомба. За објавување интимни и небитни разговори, како тој со Миле и жена му, идиотски оправдан со некоја потреба за објаснување од...психолошки причини. Ете, натежна вемеро и мораше некако да се казни. Ама со овие последни два потега, со ова предавство, одбра страна. Прво преку умилкување кон албанците, па преку рушење државни позиции за името. Јас не се гледам на таа страна, ниту на тој протест. Не можам да бидам селективен, ниту да игнорирам.



Тоа ме чуди. Многу пати сум ти викал дека мора да испегламе односи со Бугарија, ако не на далечна историја, тогаш барем на позитивно искуство од 2001ва. Тогаш и помогнаа и беа воздржани. Сега не им го разбирам овој мршојадски однос.

Мислам дека имате малце извитоперен поглед на целава ситуација. Во неколку наврати во повеќе постови од членови шо бар ги читам налетувам на некоја чудна надеж дека на земјава воопшто може да и се случи нешто добро. Да тргне на подобро. Стварно незнам од каде го влечете тој оптимизам. Толку и е на земјава. Веќе одамна е пречекорена онаа црвена линија каде што отпорот има шанси против ентропијата. Трули сме во корен. Исус да се симне на земјава и да ја води Македонија џабе ни е. Сите можни емпириски параметри покажуваат со прст кон анихилација на овој народ и парче земја. На меѓународен план небитни сме ко Иванов. На внатрешен план смрдиме на мртво. Ни руски гасовод ни еу ни нато ни мато не не оправа. Животниот стандард под хипотетичка претпоставка уште денес да почне да се крева за 20 години Можеби ќе биде подносливо. Имаме најлошо образование во Европа, просечниот македонец има ниво на свест на прокариот. И Бог да ни биде премиер пак ќе корне на мишка у автобус, пак ќе имаш сакати жени на шалтер у администрација, неписмен џандар, корумпиран суд, каракамишева е професор. Штетата направена од Бранковци Грујовци Јанковци Миленковци е непоправлива. Толку ни е. Хоризонтот на црната дупка е пројден. Достигнавме такво епско темпо на културолошки регрес што ја трикнавме и самата еволуција да работи во корист на нашата деструкција. Денес единката со некаква вредност и потенцијал има само две опции, да се адаптира, што значи девалвира (во спротивно се дефакторизира), или емигрира. Трето, нема.
Овој протест за мене има чисто духовно значение. Единствена работа за која се борам е некоја душевна сатисфакција евентуално добиена од задоволување на Правдата. Да легнат. Ако не ја видам кармата на дело, толку ми е. Ќе ме скрши. Ќе ме направи нихилист. За мене ова е последна шанса што и ја давам на правдата, на идеалите. Неам време за трте мрте, ако ова не успее, настапува на сцена чиста прагма. Така да ова за мене има повеќе метафизичко одколку било какво световно значење. Со тоа се помирив ја уште одамна. Можеш да замислиш во каква ситуација би се наоѓал сега, да ме болеше кур што треба да гласам човек од бога црпнат од Муртино да ја води државава, и притоа да бидам среќен. Замисли што ќе значеше тоа за мене, да имав некаква надеж? За среќа, ја немам, па имам еден проблем помалку.
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Мислам дека имате малце извитоперен поглед на целава ситуација. Во неколку наврати во повеќе постови од членови шо бар ги читам налетувам на некоја чудна надеж дека на земјава воопшто може да и се случи нешто добро. Да тргне на подобро. Стварно незнам од каде го влечете тој оптимизам. Толку и е на земјава. Веќе одамна е пречекорена онаа црвена линија каде што отпорот има шанси против ентропијата. Трули сме во корен. Исус да се симне на земјава и да ја води Македонија џабе ни е. Сите можни емпириски параметри покажуваат со прст кон анихилација на овој народ и парче земја. На меѓународен план небитни сме ко Иванов. На внатрешен план смрдиме на мртво. Ни руски гасовод ни еу ни нато ни мато не не оправа. Животниот стандард под хипотетичка претпоставка уште денес да почне да се крева за 20 години Можеби ќе биде подносливо. Имаме најлошо образование во Европа, просечниот македонец има ниво на свест на прокариот. И Бог да ни биде премиер пак ќе корне на мишка у автобус, пак ќе имаш сакати жени на шалтер у администрација, неписмен џандар, корумпиран суд, каракамишева е професор. Штетата направена од Бранковци Грујовци Јанковци Миленковци е непоправлива. Толку ни е. Хоризонтот на црната дупка е пројден. Достигнавме такво епско темпо на културолошки регрес што ја трикнавме и самата еволуција да работи во корист на нашата деструкција. Денес единката со некаква вредност и потенцијал има само две опции, да се адаптира, што значи девалвира (во спротивно се дефакторизира), или емигрира. Трето, нема.
Овој протест за мене има чисто духовно значение. Единствена работа за која се борам е некоја душевна сатисфакција евентуално добиена од задоволување на Правдата. Да легнат. Ако не ја видам кармата на дело, толку ми е. Ќе ме скрши. Ќе ме направи нихилист. За мене ова е последна шанса што и ја давам на правдата, на идеалите. Неам време за трте мрте, ако ова не успее, настапува на сцена чиста прагма. Така да ова за мене има повеќе метафизичко одколку било какво световно значење. Со тоа се помирив ја уште одамна. Можеш да замислиш во каква ситуација би се наоѓал сега, да ме болеше кур што треба да гласам човек од бога црпнат од Муртино да ја води државава, и притоа да бидам среќен. Замисли што ќе значеше тоа за мене, да имав некаква надеж? За среќа, ја немам, па имам еден проблем помалку.
Odvaj prochitav shto pishuvash, po se izglada chasot vo osnovno po pravopis i "nov red" i pasus si gi propushtil.

Ama nekako dochitav i da ti kazham pravo mi dojde da povratam i da si gi vratam pette minuti shto gi potroshiv pravejki go toa.
Manipulirash so nekoi poimi shto vrska nemash shto znachat...отпорот има шанси против ентропијата... se prashuvam shto shto li samo pisatelot sakashe da kazhe so ova,

...емпириски параметри....ti da ne si pod vlijanie na nekoi zabraneti supstanci???

...прокариот...poim nemam shto znachi ova.

...Денес единката со некаква вредност и потенцијал има само две опции, да се адаптира, што значи девалвира (во спротивно се дефакторизира), или емигрира....

Ovde veke pochnav da se gubam "what thte hell are you tallking about"...

Ponatamu mislam deka nema smisla dsa komentiram na ova shto go napisha.
 
Последно уредено:
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Добро.
Малку за тој метафизички момент, колку за да доловиме. Оти и еден пријател истите причини ми ги набројуваше за првиот протест, иако тогаш и се согласувавме, иако не беа потребни дополнителни причини покрај смртта на Мартин. Ама океј, сите го покривавме моментот на евентуална злоупотреба од магарето со некое лично прочистување, некоја лична одговорност пред лицето на правдата.
Се слушнавме на телефон негде сабајлето. Вика "стојам таму, секакви имаше, се живо скандираа...у еден момент се вртам и гледам еден, веројатно рамковен, фанал тегне знаме, маме му ебе. Го испокина од постаментот и онака душмански го фрли". После го гушкале другари, го тапшале. Тие другари биле дваесетина. Околу нив 200 неми и мирни овци. Имаш тука опасна симболика и не смееш да ја игнорираш.
Ги следиме овците и со оној Бастерд, па стигнавме до уште еден болен симптом во редицата на игнорирањето и бирањето што сакаме да читаме, а што забораваме дека е напишано, во случајов на статус на фб од арапското курвиче Муки Зекири, напишан и на македонски и на албански, каде ги повикува неговите сонародници албанци да учествуваат на денешниот протест.

https://www.facebook.com/muhamed.zekiri/posts/10153871075169466

И го имаш битниот момент, оној што овците одбиваат да го прочитаат, каде Муки пишува "И Рузвелт и Сталин биле противници, но застанаа заедно против ФАШИЗМОТ, и потоа секој продолжи по својот пат". Имаш и тука опасна симболика и не смееш да ја игнорираш. Оние 1000+ што лајкнале, очигледно решиле дека не треба да ја видат.

Ги следам, а повремено и разговарам со нивниве, така, поистакнати активисти. Плукам по Грујо - и тие плукаат. Плукам по Сашо - и тие плукаат. По Љубе, Љубчо, Љубен, сите тие токмаци од 2001ва - ме надјачуваат у плукање. Ама почнам ли за Смилковско, за командантите нивни, за Јаким, за Гостивар, за "мавровски работници", одма имаш реакција во стил "абе види...многу работи се нејасни таму". Исто и сега за Куманово, иако срамежливо "абе види.."

Да не должам со примериве, ги има колку еден том од Војна и Мир, знаеш отприлика зошто е се ова битно. Зошто моментот кога после еден настан како Куманово, Заев реши дополнително да додава масло на оган, е моментот кога ја пречекори линијата во која он има од мене дадено право да го носи тој, ај нека биде факел на правдата. До тој момент ми беше оправдано затоа шо знаев дека е многу глуп и веројатно ќе успееме да му бапнеме цивилна контрола во побитните институции.
Е сеа, кога ти ќе одиш на протестите, од причини за тебе познати, ама метафизички и невозможни да се сведат на аргументација, сврти се околу тебе и види во какво друштво тоа си решил да го постигнеш. Малку скенирај околина, направи една евалуација. Снимај. Немој на крај како србите во Бања Лука со "ама ние не знаевме". :)
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.951
Поени од реакции
34.307
@Казаки
Навистина има спротиставени потези на нашата надворешна политика, ете како тој каде нашиот претстваник во Советот на Европа гласаше за одземање на правото на глас на Русија. Но воедно ги имаш и следниве работи: Македонија не се приклучи кон санкциите кон Русија, македонскиот претседател беше еден од ретките од регионов кој отиде на прославата на Денот на Победата во Москва, нашиот дел од гасоводот Турски Тек веќе се гради (иако некои овде претпочитаат тоа да го читаат како приклучок за гасоводите во Бугарија) и проектот се гради со пари од клириншкиот долг на СССР... итн.

Понатаму ја имаш и изјавата на министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Лавров - кој отворено изјави дека САД ја казнуваат Македонија за неприклучувањето на сакнциите кон Русија. Се покажаа и официјални ставови на РФ дека случувањата во Македонија се акт на обоена револуција.


Ти ја разбирам дилемата проруска или проамериканска наклонетост на владата. Но во целава работа, мене многу ме смета таа црно бела дихтомија - или сте проруси или сте проамериканци. Слично како ставот на рајата овде, или си вемеро или си есдеес - и ништо друго не можат да разберат.

За мене е многу нормално, ако една влада добие добра економска понуда како што тоа за нас е гасоводот - да ја прифати понудата. Другата страна (Америте) ако сакаат сојузнички и пријателски односи, треба самите да понудат подобра економска понуда - наместо обоена револуција и активирање на замрзнатиот конфликт преку нивните албански вазали.
Сметам дека тука е и главната разлика во начинот на делување на овие две светски велесили. Едните нудат реална економска соработка, другите се силеџии со резонирање во облик на чекан - и сите проблеми им изгледаат како клинци.


Тоа што утре Албанците го откажаа учеството на митингот последниот ден е доста загрижувачки. Еден од аргументите на Заев беше меѓуетничкото единство на неговата идеја. Ова е дури и загрижувачки по безбедноста на граѓаните кои ќе учествуваат на овој собир...
Признавам дека неучеството на Албанците на митингот, е единственото нешто што не можам лесно да го вклопам во можните идни текови на настаните.
Може да се претпостави дека, ако сите дефакто и дејуре знаеме чиви вазали се албанските „борци за права и слободи“, тогаш значи ли тоа дека САД се против успешноста на митингот кој има за цел да помогне во доаѓањето на власт на Заев?
Секако дека не, затоа што во исто време, сите знаеме дека Заев има отворена подршка и од САД и од нивните европски сателити. Сорос, кој одработува незванични кампањи за протажантите на САД, ги подржува и ги финансира Заев и СДСМ, соросовите медиуми и НВО ги организираат протестите против власта. Итн, итн...

Никаква логика нема неучеството на Албанците на тој митинг. Освен ако... и ова сега е „пукање во темно“ претпоставка, освен ако од нивите редови не треба да дојдат некои извршители на некои идни терористички акти, за време на некој од идните митинзи. Па ете организаторите на оваа обоена револуција ги предупредиле на време главешините на Албанците да ги спречат нивните да бидат присутни на митинзите (и со тоа да сносат политичка одоговорност, ако погинат и Албанци).

Не заборавајте дека нецела недела дена пред крвавите немири во Куманово, албанскиот министер за надворешни работи беше во службена посета на САД. Ова го пишуваше и на службената страна на нивното министерство, сега текстот го нема ама линкот сеуште стои:
http://www.punetejashtme.gov.al/en/press-office/news/minister-bushati-holds-official-visit-to-america-meets-with-secretary-kerry-and-signs-joint-declaration-on-strategic-partnership-between-the-u-s-and-albania
Како и да е, едно гугл пребарување ги дава сите потребни информации.
http://www.google.com/?gws_rd=ssl#safe=off&q=Minister Bushati visit to USA
Којзнае што инструкции добиле Албанците во САД, и какви инструкции Еди Рама во Подградец пренел на лидерите на овдешните Албанци.


Скраја да е, и се надевам дека не е така црно сценариото. Но од сите работи што досега ги видовме овде а ги гледавме и и ги гледаме низ светов - се е можно.
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
556
Поени од реакции
307
Самоопределување и Беса се сестрински здруженија. Ставов на Самоопределување беше единствен таков на Косово.

И очекував и Беса во Македонија да отстои на истиот. Ама Рама очигледно дека закажал средба за да ги испее овие од Беса. И успешно ги испеа. Интересни работи се случуваат во позадина. Мислам дека сега и ќе се убрза динамиката кон разврска.
беса на почетокот истапи со некои сериозни небулози, што кажаа за куманово?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom