Немам партнерка за на матура

  • Креатор на темата Креатор на темата DekiBomba
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 мај 2015
Мислења
4
Поени од реакции
5
Возраст
29
Значи да се претставам, учам средно стручно училиште и сум четврта година. На почетокот на оваа година ми се случија некои стресни настани во мојата фамилија што ми одзедоа многу време и ментално ме истоштија(да не навлегувам). После тоа започнав со подготвување за матурскиот испит, доста имав пропусти(особено по македонски), но успеав да научам и сум при крај. И како што е редот избрав сако, кравата итн. Но сфатив дека сум го пропуштил најважниот дел - јас немам партнерка. Сите мои другари нашле партнерки, а јас изгледа сум останал шворц. Сите девојки во класот имаат партнер, а девојките со кои сум близок од другите класови исто така имаат партнери. Ептен ме јаде срам кога ке помислам дека на матурата ќе треба да се појавам и пред влезот да се сликам сам. Но, тоа не е ни она што најмногу ме боли. Како што ми кажаа моите пријатели, девојките ги барале нив за партнерки, а не обратно. Јас не добив ниту една покана од девојка за на матура, ниту една. И тоа баш и неколкуте девојки со кои бев близок овие четири години не ме поканија. И што ме депримира најповеќе е тоа што односот на женски спрема машки во мојот клас е повеќе од 2 спрема 1. Најголемиот дел од другарите имаат по две партнерки, а јас немам ниту една. Ова страшно ме деморализира, фактот што радо би делеле партнер со друга девојка, одколку да одат со мене. Дури и пратив абер до моите другари да се распрашаат во другите(каде има уште повеќе девојки него машки) дали има некоја слободна девојка кој би можел јас да ја поканам. Но тие се незаинтересирани, пројавија необична себичност за оваа услуга, иако јас редовно им имам правено услуги од типот местење девојки и сл.Се чуствувам тотално предадено.Се чувствувам катастрофално, ова полека ме разјадува одвнатре. Станувам мрзоволен, дразлив, дома и секаде каде што одам ме прашуваат што не е во ред.
Ве молам за некој совет, што да направам. Дали да побарам некоја девојка од другите класови, иако воопшто не сум бил во комуникација со неа? Или на крај сепак ако одам сам на матура како да се соочам со овој проблем?
 
Си имал проблем со македонски, а вака склопен текст... хмм :unsure:


Како и да е батица, пред влезот ваљда имаш некоја другарка или некоја да и речеш да се слика со тебе, па плати ја и за неа сликата. Јас пример иако имав партнерка, се сликав со уште 2-3 девојки кои бев ептен близок. ;)
 
Јас мислам дека зошто не си нашол партнерка најубаво е да не одиш на матура.Имавме еден у генерација дојде без партнерка абе не знаеш го умреа детено ене го уште мајка му го бања.Ден денес не може да се опраи а пројдоа 12 месеци и 359 дена од тогаш.
 
- Мене ми беше парнтерка моја тогаш многу добра другарка која учеше во другиот клас а девојка на еден од најдобрите другари.
- На најдобриот другар (што учевме во клас заедно) му беше партнерка девојка на еден од нашите другари во тоа време, која учеше исто во другиот клас.
- Партнер на мојата тогашна девојка која учеше во другиот клас и беше еден од клас, кој многу ја сфиѓаше, би рекол и ја сакаше.
- Партнер на девојката на мојот најдобар другар од клас, која учеше во дригиот клас и беше еден од нивни клас, кој исто така многу ја сфиѓаше. Ама ептен...

Човече, на што ме потсети, урлам на работа :D

Иначе, ич да не ти чуе. Партнерката нема да ти смени ништо таа вечер.
 
Не ми е за нешто друго, туку срам ми е луѓе ..:(
 
Ова е вистински момент и оправдување ( :D ) да се "цврцниш" малку и опуштиш пред да влезеш во салата. :D
+ нема да викаат по тебе - “дек си ти до саа?! колкоо саато?! последни ли ќе одаме?!!!!“ :D
 
Не ми е за нешто друго, туку срам ми е луѓе ..:(


Срам треба да ти биде што на 18 години никнејм на форум ти е ДекиБомба.За ова другово треба кур да те боли.
 
Еден другар мој за матурата немаше партнерка( не дека не можеше да најде, туку не сакаше) па на лице место ни крив ни должен му се нафрлија две :jeeee:
 
Па да можеше вака со некој поблизок другар да се договориш да ти ја даде едната партнерка, дека ионака повеќето по две имале..
 
Ма знаеш што? Ич да не ти чуе. И онака откако ќе се начукате нема да се знае кој со кого ќе се мува. За сликање може да се сликаш со некој од другарите и нивните партнерки.
 
@Премногу внимание му даваш на настанот. Кај мене во клас имаше што немаа партнерка па никому ништо. Јас не ни планирав некоја да прашувам пошто со други работи се замарав ама од клас девојче ме праша и така испадна со партнерка да идам.

Искрено според мене матурската вечер не ми беше разлика од која било друга вечер во кафана.

П.С Инаку да вистина е девојчињата далеку каде каде повеќе се замараат со матурска вечер така да не е чудо што навреме си бараат партнери, а до некаде пострашно е и девојче да иде само ако си човек што се замара што мислат другите.

П.С2 Имав братучетка која е бонбона на изглед па сама отиде така да ниту си ниту ќе бидеш единствен, а тоа што во 5 до 12 ти текнало за партнерка значи дека и не ти е приоритет во животот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom