"Бобан: Во вчерашната изјава на комесарот Хан, во однос на последниот терористички напад во земјата, што траеше две ипол минути, во таа изјава, само во две секунди тој изрази жалење за жртвите, а во останатите две ипол минути ја критикуваше политичката ситуација, велејќи дека ова не треба да го одвлекува вниманието на земјата и на политичките лидери во земјата за да не ја решат сегашната политичка криза. Значи, имајќи осум жртви од полициските безбендосни сили од една од најголемите терористички групи во која беа вклучени голем број на членови на ИСИЛ и странски борци на ИСИЛ, комесарот Хан смета дека не е толку важно, туку дека е важна политичката криза. Дали говориме тука за хипокризија, бидејќи пред неколку години имавме терористички напад во Париз, но никој не кажа дека ова не треба да го одвлекува вниманието на Франција од решавањето на макроекономската неизбалансираност и економските проблеми, туку сите критикуваа и кажуваа нешто за терористичкиот напад? Сега, имаме комесар кој ја претставува Европската комисија кој само кажа дека жали за жртвите, но потоа во 98 проценти од неговата изјава вели дека ова не трбеа да ја одвлекува земјата од политичката криза.Дали е ова нормално? Маја: - Мора да посветите внимание на деталите. Ние го изразивме нашето жалење на неколку нивоа во текот на вчерашниот ден и никој во одредени услови, дури и јас бев неколкупати на сцената изразувајќи жалење, како и на пресот вчера. Тоа го рековме екстремно јасно. Но, ние исто така одговоривме и на други прашања што се во прашање тука и тие не беа никако критика, туку наш потврден повик до политичките лидери во земјата да седнат заедно и дапочнат да ги решаваат потцртаните прашања. Ова не е нова работа и беше само можност да се повтори уште еднаш. Бобан: Мнозинство од групата дојде од Косово, значи дека ЕУЛЕКС не ја врши добро работата таму, а таму сте за влаадеење на правото и зајакнување на безбедноста, но се чини дека ЕУ не успеа со ова. Значи ли дека Еулекс чувствува одговорност за тоа што 50 терористи дојдоа преку границата од земјата што е регулирана и заштитена од страна на ЕУ?"