ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

  • Креатор на темата Креатор на темата Brutus
  • Време на започнување Време на започнување
Грујо може со ова да добие само заради тоа што покажа и докажа дека крупна одлука не е возможно да донесе без притоа да не го удрат по глава од запад. Се надевам дека оваа тажна епизода ќе им ги отвори очите на многу од нас во врска со тоа каква политика води западот према нас.

И се разбира отсега ќе треба и ние во Македонија да отвориме очи какви демократски процеси ни се случуваат, за да не ни се повторат некој работи.

Немој да се секираш многу, САД далеку повеќе се грижеле досега за опстојувањето на Македонија, отколку нашите политичари.
 
Ако ДУИ излезе од владата и не сака да гласа за распишување на нови избори, а истото го сторат и ДПА, немаат доволно пратеници за распишување на избори. Во тој случај излезот е техничка влада.
 
LcNTuZy.png
 
И се разбира отсега ќе треба и ние во Македонија да отвориме очи какви демократски процеси ни се случуваат, за да не ни се повторат некој работи.

Немој да се секираш многу, САД далеку повеќе се грижеле досега за опстојувањето на Македонија, отколку нашите политичари.
А како да имаме избор нешто да правиме. Ете одлучија денеска што е доброто за нас. Без разлика дали оставките се од едната или од другата страна. Тоа што се случи е диктат.
 
https://www.facebook.com/arszek/posts/10204316391611675

Досега ова е веста која најмногу ми го зацврсти убедувањето дека ДУИ и Али Ахмети се имплицирани во настаните во Куманово. Потполно во согласност со циничниот идиотизам на Али-Муса кои ноќе те убиваат а дење оплакуваат, ова е несомнено соодветна порака од Зајаз упатена кон Кумановците во смисла "можете да ни се фатите, ништо не може да ни направите".

Именување на воени профитери кои ќе ја искористат и оваа трагедија за поделба на колачот (50% за градежни компании од Тетово и 50% запослувња од Кичево) е тешка навреда намерно упатена кон кумановчани. Кои доколку ја прифатат, останува само да им се каже - извинете браќа, но што баравте си добивте.

. . .

"Државниот секретар во Секретаријатот за Рамковен Договор Ејуп Халими ќе предводи со Владината комисија за оценка на штетите предизвикани од полицијската акција во Куманово".
 
Една работа која досега не ја поврзував е, како тоа престанаа тепачките во автобусите кога почнаа бомбите? И одеднаш изникнаа тие за соживот подржувајќи ги сите што го подржуваат зајко. И сите заедно нели сплотени во уривање на владата.
 
јаки овие американциве.влегоа низ врата и за пет минути фрчат оставки.Nма разлика
Мање-више истиот состав амбасадори беа и кај Заев, така што очекувајте враќање во Собрание или некакво попуштање и од нивна страна. Барем по моја скромна процена.
 
Рузвелт дозволи Јапан да го нападне ненадејно Перл Харбур ( ги тргна само најважните носачи на авиони), за да може да ја нападне Јапонија и да спроведе мобилизација ... е сега не очекувајте дека ќе ја нападнеме најголемата сила (па да не освојат и да не ранат :D), туку ова е тактика за регионална употреба
 
Мање-више истиот состав амбасадори беа и кај Заев, така што очекувајте враќање во Собрание или некакво попуштање и од нивна страна. Барем по моја скромна процена.
најверојатно техничка влада,а Заев ќе го стигне помрачина.
Обичниот народ пак ќе биде во гомна.
 
Се вртеа ко прдеж во гаќи со месеци и едните и другите, дури да привлечат внимание и повторно да ни ја потврдат репутацијата на црна дупка, полна со неспособни кловнови и лудаци (очигледно) кои мислеа дека е добра идеја да си ги извезат домашните политички кризи во форма на геополитички проблем. :facepalm:
Пак, странци да не фаќаат за рака и да не влечат како мали деца како и секој пат во овие 24 години комеди шоу. Wish granted.
Ова е смешно веќе, се што ни остана е оваа мочана фасада од држава, затоа што реална политички организирана заедница со општествени институции што функционираат дефинитивно не сме. Уствари не сме ни блиску до тоа. Единствено мочано место во Европа што нема ни надеж да мрдне од овој вулгарен трибализам, од кој што околности не турнаа во глумење на демократија. Уште исто срање, огромни партии и политички клиенти што прават разлика на избори, како фамилии во средновековна Италија.
И нема ни да мрднеме некаде во брзо време, најверојатно. Толку рудиментирана политичка култура и институции. Велепредавство, слобода и демократија, ах брее :pos:.

И дај ако може, конечно, нека олабават оние со гасоводот во гзот, на кој што Западот им ја растура државата цело време. Ако Брисел и Вашингтон не сакаат да постои државата нема ни во историски читанки да не има, ама буквално. Смешно е дури и да се помисли дека било кој тука има најмал капацитет да се спротиставува на политичките одлуки од тие места. Овие држави од Западен Балкан се потенцијално интересни од сосема други причини.

Ајде, на Дуи му го исчистија незгодното крило, овие ќе глумат некаква реконструкција, СДСМ ќе си се вратат во Парламент, ќе имаме избори веројатно брзо и кога ќе заврши се , ќе се фатат сите за раце и ќе ја испеат Imagine.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom