Се вртеа ко прдеж во гаќи со месеци и едните и другите, дури да привлечат внимание и повторно да ни ја потврдат репутацијата на црна дупка, полна со неспособни кловнови и лудаци (очигледно) кои мислеа дека е добра идеја да си ги извезат домашните политички кризи во форма на геополитички проблем.
Пак, странци да не фаќаат за рака и да не влечат како мали деца како и секој пат во овие 24 години комеди шоу. Wish granted.
Ова е смешно веќе, се што ни остана е оваа мочана фасада од држава, затоа што реална политички организирана заедница со општествени институции што функционираат дефинитивно не сме. Уствари не сме ни блиску до тоа. Единствено мочано место во Европа што нема ни надеж да мрдне од овој вулгарен трибализам, од кој што околности не турнаа во глумење на демократија. Уште исто срање, огромни партии и политички клиенти што прават разлика на избори, како фамилии во средновековна Италија.
И нема ни да мрднеме некаде во брзо време, најверојатно. Толку рудиментирана политичка култура и институции. Велепредавство, слобода и демократија, ах брее
.
И дај ако може, конечно, нека олабават оние со гасоводот во гзот, на кој што Западот им ја растура државата цело време. Ако Брисел и Вашингтон не сакаат да постои државата нема ни во историски читанки да не има, ама буквално. Смешно е дури и да се помисли дека било кој тука има најмал капацитет да се спротиставува на политичките одлуки од тие места. Овие држави од Западен Балкан се потенцијално интересни од сосема други причини.
Ајде, на Дуи му го исчистија незгодното крило, овие ќе глумат некаква реконструкција, СДСМ ќе си се вратат во Парламент, ќе имаме избори веројатно брзо и кога ќе заврши се , ќе се фатат сите за раце и ќе ја испеат Imagine.