До 200та страна сум и стварно не можам веќе да читам понатаму. Да се осврнам на неколку работи што до сеа ми останале во памтење.
@Дињата на Анчо имаше прокоментирано на некој „колку треба да си деген за да посакуваш на некого смрт“ а ти самиот на неколку пати низ ДК или други теми си го кажал истото или во најмала рака алудирал на тоа. Небитно дали било кажано во афект. Тотално небитно.
Во врска со коментарите за протестите против полициската бруталност и тие што ги бранат полицајците, поточно конкретно мислам на оние членови кои ги напаѓаат претходниве. Добро вие нормални сте ? Против кого протестирате ? Против каква полициска бруталност ? Она што го трубам веќе неколку години е дека си патите од генерализација, што моменталнава ситуација ептен го докажува истото. Поради постапки на 50 монструми кои по некоја „случајност“ се полиција/ специјална единица/ обезбедување на јавна личност, вие ги осудувате сите припадници. Тоа ти е исто како денеска некое 5-6 годишно невоспитано дете да ми опцуло мајка, па сега ја ќе ги мразам сите деца.
ОКЕЈ Е ! ТОТАЛНО СЕ СОГЛАСУВАМ ДА СЕ ПРОТЕСТИРА ! Протестирај против Јанкуловска, против владата, против Груевски. Впрочем, тие беа тие кои се директно инволвирани во случајот. Тие се оние кои треба да сносат одговорност што овие 50 монструми се докопале до ситуација да се кријат позади значка. Ама да плукаш, навредуваш и удираш полицајци поради „полициска бруталност“ ? Сериозно ?! До сеа сум бил запрен од полиција/алфи бог знај колку пати. Си ме запрел ? Океј. Сигурно си имал причина... Алко тест, рутинска контрола, сум ти изгледал сомнително. Во ред..Сфаќам. Се поштено, фино, не се правам паметен, не почнувам да правам фаци или бог знај што. Ти кажувам како што е, за се што си ме прашал. Дали сум пиел алкохол, дали сум пушел трева, дали сум возел без возачка, зошто сум трчал како пци да ме бркаат во 2 по полноќ.... Што и да е... 95% ќе те разберат, ќе те укорат или посочат на нешто дека си згрешил и готово...КРАЈ ! Некои ќе се позаебаваат, ќе се посмеете, некои не сакаат да чујат никакво оправдување, едноставно им е битно дали си го прекршил законот или не. Дали да ти пише казна или не. Ја стварно не гледам како е тоа полициска бруталност.....Па уште на сам ден на дешавање на акцијата во Куманово, да има луѓе кои протестираат против „ ПОЛИЦИСКА БРУТАЛНОСТ “, не против влада, барем не го става акцентот на тоа, него против полиција, е во најмала рака гадливо.
И тоа не е најгадливото што се случува на темава. Настрана шпекулациите во моментите додека траеше акцијата и потоа. Гадливото е што, инстантно, без ни минута да помине, одма се почнува со обвинувања и сценариа. СДСМ беше, на ВМРО најмногу им одговара, ДУИ/ДПА и Албанците се....Се за вас е политичко сценарио. Од А до Ш. Впрочем, ако денес отидеш до продавница и касиерот нема доволно кусур да ти врати, вие ќе направите политичко сценарио од тоа. Касиерот не ми врати 2 денари, пошто, стрина му на дедо му, од женска му страна, е од спротивна партија од мојата.... Не само што не сте поарни од политичарите, напротив, полоши сте. ОЛОШИ СТЕ !
Ден на жалост, небитно што е ден на жалост. Абе месеци после ова не се доволни за да се почне со политичките игри. Али не, селективно се гледа на работите. Ги плукаме, Курир, Либертас, јанко петко станко и остала багра, ама Максим е возвишен за тоа што го рече. Да, во право беше за тоа што го рече, да за плукање е потегот на Канал 5, ама моментот што го одбра дебилот е тотално погрешен. ТОТАЛНО !!! Уште ситуацијата не се смирила, уште не знаеме што точно се случи и зошто, батката бара ОСТАВКИ. Па добро бе, ти ли си совесен политичар ? Оставка во време на криза ... Бог да чува.... Демек тогаш постабилни ќе бидеме
Плукајте ги вие и Груевски и Заев и Иванов....Едино тие тројца постапија „зрело“ во целава ситуација. Секој се огради од обвинувања, секој се огради од прерани „испади“ во медиумите со коментари за ситуацијата. Секој повика на смиреност. Оние мочковците под нив, дофрлаат масло, а вие слепо се фаќате за тоа.
Како сакате бе да известуваат за жртви и повредени на сред акција ? Да излезе и да каже толку иаме мртви. Кај отиде моралот? И нашиот и на специјалците на терен ? Фанатициве, платенициве, како сакате наречете ги, ќе добиат уште толку на сила.
За мороните ВМРОВСКИ, што го преплавија фејсбукот со тоа стасуот нивни „ Терористите, соросоидите и СДСМ од тогаш до тогаш, заедно убија и повредија толку и толку “, се надевам цел живот ќе ве прати беда. На пуст остров опколен со крокодили да ве остават, крокодолите од вас ќе избегаат.
За акцијата колку била успешна или не. Да ве вратам на 2001 Арачиново. Кој не чул Панде Петровски ( тогашен заменик на ГШ на АРМ ) што има да каже за тоа, нека чуе. Да не испадне дека лупетам овдека. Арачиново, тактички далеку полесна мисија за освојување од тесните улички на Диво Насеље и покрај константните бомбардирања, за негово целосно освојување пак било потребно да влезат трупи во него. И ПАК ЌЕ ИМАЛО ЖРТВИ !!! Жртвите, за жал се неизбежни во вакви ситуации. Разликата од тогаш до сега ? Тогаш „нашите“ не биле спремни на акција која ќе резлутира со жртви, овој пат беа... Колку тоа е добар потег никогаш нема да дознаеме. Пошто сега после апсењето на групава, или дел од неа, никогаш нема да разбереме што ќе направеа да не беа неутрализирани.
За крај, нормално дека е ова сценарио. Чиво е не знам. Али ни во најлош сон не би ги обвинил ниту ВМРО ниту СДСМ...па реално ниту Албанците.
На ВМРО дефинитивно ова не му одговара. Кога после 30 минути од објавување дека нешто се случува во Куманово, започнаа обвинувањата против нив...Кога во моменти кога има најголеми протести да направат вакво нешто.... Не. Дефинитивно не им одговара. Со ова губат поени, небитно дали е нивна режија или не. Па и ниту еден загинат и повреден да немаше на наша страна, ПАК ЌЕ ИЗГУБЕА ПОЕНИ !!! Како што изгубија поени после Гошинце.
На СДСМ исто не им одговара. Како Ставро или Син кој и да беше, што постојано ги потенцира тие 9 години опозција и ова нивни најголем атак, вакво сценарио не им одговара од причина наместо ВМРО многумина може да ги обвинат нив. Да не правиме пак муабет, дека многумина ќе се поколебаат да отидат на протест пошто ќе се запрашаат колку се сигурни тие на тој протест. А за моралноста на тоа, да органзираш протест за време на таква ситуација веќе не коментирам. Дури и таа непозната да не е дел од равенката на политичарите, многу „неутрални“ би се запрашале искрено...
Некои викаат дека ова воопшто не е налик 2001...Не се согласувам.
Тотално е исто, само што сега нема да бидат Албанците оние кои ќе пукаат и бараат права. Македонците ќе сме. Ни се пупма тензијата. Не меѓуетничка. Политичка. Поделени сме, а усвари обединети сме. Дома се расправаме со нашите кој е крив кој е прав. И оп. Се дешава Куманово. И на површина излегува секој РАДИКАЛЕН МАКЕДОНЕЦ. Албанците се криви....Можеби се. Не знам. Но, ако не се. Тогаш ќе се деси Смилковско. И да нема нешто бог знај што, сигурно ќе имаа некоја информација што ќе алудира на „ заташкување “ или „повторна истрага“. Албанците ќе излезат на протест. Ние веќе протестираме. Во дадена ситуација ќе се случи пак сценарио каде двете групи „ќе се пресметаат“ меѓусебно. Со тоа што овој пат не можат да бараат никакви права пошто се веќе имаат. Едино им остана Голема Албанија или по ново, Република Илирида. А Македонците ќе си ја бараат „ слободата “, ќе бараат оставка на секој политичар, промена на устав, оние порадикалните ќе бараат чиста Македонија, трети ќе пукаат на се и сешто без прашање, четврти ќе си ги тепаат комшиите пошто не се согласуваат со нив, и никогаш не се согласувале со нив. Ќе се деси 2001, и тоа на големо, со таа разлика што тогаш, можеше да се прекине „ конфликтот“ пошто сепак се работеше за помала група и малцинство. Кога веќе цел народ излегува и се буни, кога веќе мнозинството на таа држава се буни против својата држава, тоа е веќе војна.
И тогаш на сцена стапуваат странските „миротворци“. Русија или САД, ќе видеме...
Нормално, има начин да се спречи. Ладнокрвноста на која повикуваа лидерите на СДСМ и ВМРО, без обвинувања, без револт, без пцуења итн итн. Ама....прекинав на 200та страна, пошто гледам таа ладнокрвност ја имаше во се помал број...