ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

  • Креатор на темата Креатор на темата Brutus
  • Време на започнување Време на започнување
Со оглед на тоа дека нашите биле пречекани со жесток оган, што имаме толку жртви и што полицијата мораше да праќа засилувања, постои можност некој да ги информирал терористиве за акцијата и/или акцијата да била организирана со пропусти. Ако се земе в предвид македонскиот предавнички синдром низ историјата (типичен пример Вејце 2001) и тоа што во Македонија веќе 13 години на власт ни се терористи инсталирани во АРМ и МВР. Сепак, ако овие планирале масовни немири низ македонија, напади по разни цели и ако планирале да се раштркаат, тогаш ми е јасно зошто полицијата идеше херојски да ги среди до крај и покрај толку жртви. Така да во сета оваа трагедија тоа би била некоја светла точка. Само се надевам дека не успеале некои да се повлечат (избегаат).
Слава им на тие што загинаа.
Нема што да ги информирал некој,кога нашиве влегле со тешко навооружување. Да било некоја акција како Бродец со 5-10 теорористи али 50 луѓе коа имаш ова не е антитерористичка акција туку герилска војна. Се глеа тоа и по сликите од куќите. Едина грешка е ако не ги информирале тигрите со што ќе се соочат,ама ова не ми личи на заседа. Цел група им е елиминирана,доколку биле предупредени или ќе избегале или ќе подготвеле терен вака 8 џандари и не се многу од нивна гледна точка.
Така бар ја мислам,коа ќе споредам со заседи како Карпалак,Вејце.
 
Еве едно интересно интервју на полицискиот генерал Горан Митевски.. интересен ми е делот за Србија..

"Очекувам и други премиери во опкружување да побараат од Груевски да си даде оставка."
Но претпоставувам не го очекувате тоа од Вучиќ.
"Само не Вучиќ. На него му одговара дестабилизација на регионот бидејќи некои работи кажуваат дека ќе се откаже од гасоводот „Турскиот тек“ да се прошири на територија на Србија, а дека нивната цел е влез во ЕУ со одредени предуслови. Претпоставувам они ќе бараат северниот дел на Косово да биде припоен кон Србија. Но тоа е погубно сценарио за Македонија бидејќи дефинитивно северозападниот дел ќе биде побарано да се припои на Косово или Јужна Србија во делот каде живее албанско население. Зошто македонските власти би прифатиле едно такво српско сценарио? Некој во нашата држава ќе треба да одговори на овие прашања бидејќи тоа на Македонија најмалку и одговара, а на Србија да. Би и се оствариле намерите барем северен дел од Косово да го добие, кога веќе го изгубија останатиот дел.
"

Од сите овие теории на заговор за странски служби оваа ми делува најверојатна... Најмногу поради однесувањето на српските политичари и медиуми кои цело време подбуцнуваат нешто... Плус Србија очигледно не е помирена со загубата на Косово, барем не со северниот дел на Косово па и одговара еден конфлит по кој ќе дојде до поделба на Косово и на Македонија...

Нормално е ова една теорија заговор кои многу не ги обожавам но кога веќе си правиме филмови нека биди :)
 
Ова не се случува туку така.
Сево ова е убаво смислено и договорено. Најверојатно од СДСМ и УЧК.
.

Ваквите постови не придонесуваат кон здрава дискусија, исто како и ботовите од другата страна кои од уста не го вадат Грујо.

Не заборавајте дека толерирањето политика на темава не значи дека ви се остава простор за партиски такмичење кој колку постови со вперување прст ќе напише.

Ова е воедно опомена за сите партиски поларизирани умови кои се надеваат да ја однесат темава во штабски мерења мускули.
 
Нема што да ги информирал некој,кога нашиве влегле со тешко навооружување. Да било некоја акција како Бродец со 5-10 теорористи али 50 луѓе коа имаш ова не е антитерористичка акција туку герилска војна. Се глеа тоа и по сликите од куќите. Едина грешка е ако не ги информирале тигрите со што ќе се соочат,ама ова не ми личи на заседа. Цел група им е елиминирана,доколку биле предупредени или ќе избегале или ќе подготвеле терен вака 8 џандари и не се многу од нивна гледна точка.
Така бар ја мислам,коа ќе споредам со заседи како Карпалак,Вејце.
па јас само претпоставувам, затоа што ако не се лажам дали Иво, дали бркот на интервју спомна дека наишле на неочекувано жесток отпор и затоа што полицијата морала да бара засилување. Можеби и не била дојава, ама има шанси да нашите не ја процениле добро состојбата и не очекувале толкав отпор. Затоа и во коментарот напишав и/или. Дека не знам дали е дојава или несоодветна проценка. Ова секако се само шпекулации. Тука мора да се спомне и распоредот, тесни улички, високи ѕидови и итн.
 
Ти тука конкретно ми збориш за изградбата на гасоводот кај нас. Во ред. Ние делумно се спремаме за свадба а невеста нема. Проектот најверојатно нема да мрдне од турска граница, е тоа ми е поентата. Сеуште се преговара со турците за цената на гасот а на Грција гледаме дека јасно и се укажа дека нема што да бара во тој проект.
Повторно, по незнам-кој-пат си неинформиран. Тоа со Турција е завршена работа:
http://rt.com/business/256509-gazprom-turkey-pipeline-launch/
Gazprom, Ankara agree to start Turkish Stream
"An agreement [between Russia and Turkey] has been reached on operational commissioning and the start of gas deliveries via Turkish Stream in December 2016,” said Miller, according to a statement released by Gazprom.

The agreement was signed by Miller and Turkish Minister of Energy and Natural Resources Taner Yildiz during a meeting on Thursday.

За Грција не прејудицирај без аргументи. Ако веќе шпекулираме, Русија пред некое време доби официјална дозвола да ги користи Кипарските пристаништа за своите потреби во Медитеранот... Сметаш дека тоа беше со амин од САД? ;)




Најмалку нешто што ни треба е да станеме уште едно место каде што Америка и Русија ќе си ги мерат ташаците.
Јас сум најголем (единствен?) заложник на форумов, за неутралност на Македонија. Но ако е потребен времен сојуз со РФ, за да се решат отворените прашања со кои земјава се држи заложник... тогаш целосно сум за тоа - РЕШЕНИЕ.

Најпосле парите за гасоводот и онака се од стар клирнишки долг на СССР. Што има да не ни се допаѓа, до каде ќе оди дефетизмот на Македонците? Кубурот во џеп, а стап во газот? Да не треба да и масовно да се самоубиеме и да ослободиме место за американските вазали - Албанците?
 
Ваквите постови не придонесуваат кон здрава дискусија, исто како и ботовите од другата страна кои од уста не го вадат Грујо.

Не заборавајте дека толерирањето политика на темава не значи дека ви се остава простор за партиски такмичење кој колку постови со вперување прст ќе напише.

Ова е воедно опомена за сите партиски поларизирани умови кои се надеваат да ја однесат темава во штабски мерења мускули.
Дискусијата е размена на мислења.
Тоа е мое мислење без разлика дали ти се допаѓа тебе или не.
Ако сум ги прекршил правилата на форумот, избриши ми го постот, нема да се лутам.
 
Ваквите постови не придонесуваат кон здрава дискусија, исто како и ботовите од другата страна кои од уста не го вадат Грујо.
Исто како и муабетите за турски текови, соросоиди, америки, русии, германии и разглабања за теории налик на таа дали земјата е рамна.
 
Исто како и муабетите за турски текови, соросоиди, америки, русии, германии и разглабања за теории налик на таа дали земјата е рамна.
Другар во кој свет живееш ти ? :D
 
Тоа е во ред, едно за внатрешна употреба, друго е за транзит. Не ми е намерата сега да ги разглабуваме деталите за гасоводот плусови/минуси, поентата е дека на теренот се материјализираат политиките за кои веруваме или имаме причина за тоа, дека се основата за нашите проблеми и проблемите во регионот.
Ако има проблем за транзит, тоj ке се деси на границата Турциja-Грциja. Македониja ни ке може да запре един гасовод, ни ке може да го реализира сама.
Наполно спротивното политиките кои ги гледаш на терен, са сосем нешто различно от политиките,кои течат по цевките.
Тоа што ти се дешава на терен е сосем различна работа-преминуване во 3-та група на Балкан,заеднички со БиХ,Косово и РМ.
 
Последно уредено:
У оној со помалку халуцинации.
Па све што се дешава у секоја координата на Земјава од 1900год па до ден денешен се дешава токму заради ентитетите кој ти ги наброја во претходниот пост, а ти тоа го нарекуваш теорија налик на таа дали земјата била рамна. Алал да ти е.
 
http://brif.mk/?p=183122

Уште еден интересантен настан. Додека Заев предавникот и платеникот кој не убедуваше да свиткаме кичма за името отиде во Куманово, во Диво Насеље, и нормално разговараше со луѓето кои што живеат таму, Пастирот наш пресвет се усра и му тече од панталони, кај е да им објасни на луѓево дека ги спасил од клети терористи кои сакаат да ја спречат изградбата на турски ток?
 
Дискусијата е размена на мислења.
Тоа е мое мислење без разлика дали ти се допаѓа тебе или не.
Ако сум ги прекршил правилата на форумот, избриши ми го постот, нема да се лутам.

Најлесно е да избришам, ти се обраќам поради прекумерното партизирање на тема која е од заеднички интерес на сите. Ако примети, твојот пост предизвика лавина реакции со слични обвинувања што според никакви стандарди не се квалификува како конструктивна размена на мислења.

Исто како и муабетите за турски текови, соросоиди, америки, русии, германии и разглабања за теории налик на таа дали земјата е рамна.

Види Ивица, има разлика меѓу неутрално дискутирање и отворено размислување, отколку насочено пишување против одредена партија поради лична партиска определеност.
И понатаму мислам дека толеранцијата на темава досега е поприлично висока за двете страни, но неможе интензитетот и застапеноста на овој тип мислења да преовладуваат со темата.

Нема преговарање за овие услови.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom