Епа тоа е муабетот бе , зошто дошло до престрелка. Спиеле ли тие во куќите, од некое село ли баш во тој момент влегле во населбата, неможе у 5 сабајле ти да бидеш со униформа на учк, а да имаш за цел да напаѓаш стратешки места во наредните денови. И по леб да не оделе со униформи.
Сакаш да кажеш цело време не ја соблекувале униформата и додека спиеле?!
Како можеш да ги фатиш неспремни, кога биле во униформи и имале оружје со нив за 2 дена без прекин да пукаат.
Затоа барам некој да се појави на тв со официјална информација од тоа што се случило сабајлето и како влегле терористите во населбата.
Како што ние имаме свои информатори, така и они имаат. Сигурно не се собрале сите на едно место со оружјето заради тим билдинг.
Што би правел ти на нивно место, сигурно не би легнал да спиеш мирно туку на секое движење би реагирал. Па во населбата во која се удомиле, не само што морале да се осеќаат сигурно, што значи поставиле и некој да чува стража, а и не е така тешко да те пробуди моторот на хермелините у 5 наутро, во таква мирна околина.
Не знам што ве изненадува фактот што чекале спремни.
Поентата на нашите служби од она што го објаснија некои старешини е дека не можеле да реагираат порано затоа што знаеле дека групата не е комплентна и затоа чекале сите да се соберат на едно место.
Иначе многу потешко би било да ги бркаш по 2-3 души распрскани низ разни градови и села, а тогаш и ризикот некоја нивна помала група да успее да нападне е многу поголем.
Тие морале да се сретнат и договорат план, ова било совршена прилика сите наеднаш да се фатат и со една акција да се отстрани заканата.
На прашањето како влегле во населбата, не знам што те буни, зарем Дивото Насеље е приватна резиденција со задолжително евидентирање на минувачите или како и секое маало слободно проодно, секој си гледа својата работа и нема обука за распознавање на потенцијални терористи.
Многу е битно да се најдат соработниците на групата, да се проверат телефонските разговори, испита оружјето и сл.
А за нашите жртви, тешко е да се коментира кога не ги познаваме условите при кои се случиле фаталните моменти, па да можеме да кажеме ехх ние да бевме на нивно место или ние да ја водевме акцијата ќе направевме се' поинаку и без жртви. Тоа е често прашање на брза одлука, под ненормален притисок и секое погрешно движење може да биде кобно. А тоа дали се следеле инструкциите и какви тие биле сега се оставени на неблагодарно шпекулирање кое гледам некому му служи само за оцрнување на нашите безбедносни сили.
Е тоа не е во ред.