ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

Член од
12 март 2009
Мислења
19.964
Поени од реакции
15.984
Дали нашата војска се распореди на границата со албанија, србија и косово ??? Сите ги кренаа војските само никаде не прочитав дека наша војска е пратена на границите со косово албанија и србија.
ne e vojska, specijalma policija, čitaj...
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.459
Поени од реакции
31.368
Хм, не сум сигурен дека знаеш што значи зборот факт...
...
2. Гасоводот не им одговарал на САД, добро бе ти стварно веруваш у ова, дали има грам кај тебе објективност и поим за реалност? Ти твоите тези како факти ги пласираш овдека, што ку* ти знаеш за американската надворешна политика и дали е таа про/анти гасовод на балкан?
...
Алас, мој неук соговорнику... ти ли мене најде ми кажуваш дали јас го знам значењето на поимот факт. :)
Гледај вака, факт е нешто што недвојбено е вистина. На пример ако јас кажам дека во Бугарија проектот за гасоводот е стопиран, тоа е факт. Кога ќе ти кажам дека стопирањето на гасоводот е настанато откако е сменета тамошната влада, и тоа е факт. И кога ќе ти кажам дека смената на владата е случена по демонстрациите (кои се случени по посети на американски сенатори) - епа мој неук соговорнику, и тоа е факт.

Можеш лесно да ја провериш вистинитоста на тие аргументи, затоа се наречени ФАКТИ.
Е сега кога ти (пре)раскажуваш зошто Бугарија го стопирала проектот за гасоводот, без да наведеш факти, тоа значи дека раскажуваш приказни. Ако ЕУ регулациите биле висинската причина за прекин на гасоводот, тогаш зошто тоа не се случило за време на претодната влада, а паметњаковичу?
Иначе кога мене ме обвинуваш дека лажам, тоа не се само приказни, туку и клевети.


А тие небулозите што ги лупеташ дека демек не знаеме дали на надворешната политика на САД им смета изградбата на руските гасоводи кон Европа - епа тоа не заслужува ни коментар.
Само ќе ти кажам дека ПОЈМА НЕМАШ за што се обидуваш да дискутираш. Немаш бе ти благе везе за тематикава, ни три чисти за што лупаш глупости.
Цел еден планетарен судир се случува во моментов меѓу САД и Русија. Повеќе прокси војни во моментов додека го читаш ова - се водат меѓу САД и Русија. Такви војни се водат во Украина, Сирија, Левант, Арабија... И сите тие судири се за и окулу енергетски ресурси, а ти игнорамусу велиш дека е можно на САД да не им смета нов руски гасовод во Европа???

Хаха... каков комедијант. Ајде тогаш познавачу, кажи (како што Ти се изразуваш) ШО К*Р САД ЈА УБЕДУВААТ ГРЦИЈА ДА НЕ ГО ГРАДИ ТУРСКИ ТЕК??
http://vesti.mk/read/news/5375490/2033846/sad-grcija-da-se-drzhi-do-transjadranskiot-gasovod-i-da-ne-polaga-nadezhi-vo-turski-tek
САД ја поттикнуваат Грција да продолжи со проектот за изградба на цевковод што ќе пренесува природен гас од Азербејџан до Европа преку Грција, а не да полага надежи во другиот проект што ќе транспортира руски гас преку Турција
damnass...
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.299
Поени од реакции
81.489
Значи јас тебе ти покажав факти, а ти мене ми нудиш ветар и магла во исто време додека фактите ги нарекуваш пропаганда.

Факт: Гасоводот се гради! Реалност е. Потпишани се договорите, решено е финансирањето, и отпочната е изградбата.
Факт: Постоењето на тој гасовод не им одоговара на САД, ако успеат да го направат невозможен македонскиот дел - успеале и да го направат невозможен самиот гасовод (на кој целта не се само Турција/Грција, туку цел Балкан и Централна Европа).
Факт: Претходната варијанта на гасоводот требаше да поминува низ Бугарија. Откако таму ги посетуваа неколку американски сенатори, и се десија „спонтани“ демонстрации - владата во Софија падна. Новата влада прва работа што направи - го прекина проектот за гасоводот. Заради тоа и Македонија влезе во игра, преку новата траса - Турскиот Тек.

Факт: Стањата во Македонија почнаа откако стана јасно откажувањето на Јужен Тек низ Бугарија, и реалноста за Турскиот Тек низ Македонија.


Ете ти факти. Ти имаш да кажеш нешто... со факти?
- Факт е дека Стојанче кажа пред месец дена дека е платено 2 милиона евра на криминалци да го праат ова. (пази добро, реков - факт е дека он ова го кажа, не реков дека е факт оти навистина е така)

- Факт е дека Американците кои сакаат да го тргнат Груевски од власт, во најлош можен тајминг ги исценираа овие напади: првиот, баш пред референдумот за ГТЦ (првиот официјален тест за незадоволството на народот), вториот, баш пред големиот најавен антивладин митинг, баш пред објавувањето на бомбата за Смилковско, а при кулминација на незадоволството изразено во протести. Поарно за Груевски не можеа да погодат коа да нападнат.
Тотален hinder на плановите за негово тргнување од власт. Некој ќе си рече, таму у Пентагон, Ленгли... седат и планираат идиоти.

- Факт е дека кумановскиот конгрес на ВМРО кој беше најавен за 9-ти мај, беше одложен за една недела порано. Причина некоја е кажана у јавност?

- Факт е дека борбите на овие и борбите на силите на ОНА од 2001-ва на практичен план, на терен, немаат баш многу заедничко. Ова е типично терористичка акција, при која штетата била во прв план и ништо друго. Според мене, некој кој се бори за агенда, идеали, не дејствува баш вака, на овој начин. Мене ми личи на платеничка акција, со строго определена цел и функција - флагрантна штета.

- Факт е дека трилион пати е потенцирано оти нашиве сили тогаш (2001-ва) и сега, не се баш исти, по опременост и обученост. Епа како бе тогаш овие жртви за толку кратко време? Или, везе нема тоа, обученост и спремност, туку се све неспособни таму (во што искрено се сомневам), или пак станува збор за класична немштаљка, од типот на Вејце и слично (што ми делува многу пореално и што се поклопува со начинот на борба на терористите). Некој сметал дека "будалетинките" се потрошен материјал, а не луѓе од крв и месо.

Веќе видовме дека може да најдат прокси кој за 20.000+ евра, ќе преземе вина за згазено дете, па некој ќе си помисли дека има и луѓе кои за поголема пара ќе преземат поголема вина.

Си играат RTS со народот.
 
Последно уредено:
Член од
11 февруари 2013
Мислења
156
Поени од реакции
241
Зошто да нема смисла ситуацијата? Постојат 2 можни објаснувања за тоа:
1. Ја потцениле моќта на терористичката борбена група и не очекувале толку жртви.
2. Свесен дека позади овие местенки стојат западни служби оди во Москва по некаква помош или инструкции.

Незнам зошто упорно се бараат нелогичности во ситуацијава. Толку ли сакате власта да го наместила ова ?
Да, он свесен уште пред 4 месеци за местенките на западните служби за терористични напад, чекал да поминат 4 месеци, и одеднаш му текнало во истиот момент на нападот кога гинеа полицајци, да иде во Москва по помош и инструкции.. Ма немој.
Друго, Иванов ја прекина посетата на Москва, и се врати во Македонија за да свика Совет за безбедност. Ако, како што самиот изјави, знаел уште пред 4 месеци за нападот кога и како ќе се одвива, зарем не би било пологично да не иде у Москва за да не биде приморан да ја прекинува посетата?
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Алас, мој неук соговорнику... ти ли мене најде ми кажуваш дали јас го знам значењето на поимот факт. :)
Гледај вака, факт е нешто што недвојбено е вистина. На пример ако јас кажам дека во Бугарија проектот за гасоводот е стопиран, тоа е факт. Кога ќе ти кажам дека стопирањето на гасоводот е настанато откако е сменета тамошната влада, и тоа е факт. И кога ќе ти кажам дека смената на владата е случена по демонстрациите (кои се случени по посети на американски сенатори) - епа мој неук соговорнику, и тоа е факт.

Можеш лесно да ја провериш вистинитоста на тие аргументи, затоа се наречени ФАКТИ.
Е сега кога ти (пре)раскажуваш зошто Бугарија го стопирала проектот за гасоводот, без да наведеш факти, тоа значи дека раскажуваш приказни. Кога мене ме обвинуваш дека лажам, тоа не се само приказни, туку и клевети.
Симптоматично е за "теоретичарите" како тебе да ги извртуваат фактите за да им одговараат на теориите, а не обратно.

Про-западната влада на Бојко Борисов падна со демонстрации, кои стивнаа месец-два, за да продолжат повторно кога новата влада направи неколку непопуларни потези.

http://en.m.wikipedia.org/wiki/2013_Bulgarian_protests_against_the_Borisov_cabinet
 
W

wicked_1

Гостин
@Vanlok , таа твоја реторика со која споредуваш случувања во странски држави и теории на заговор со кои си играте у подтемата мистерии, не е ни одблизу проекција на идните дешавања у нашата држава. А и со последниот линк како вест од САД за Грција е скроз лошо интерпретирана на сајтот, со оригиналната вест САД не им забранува ништо, него им нуди да ја прифатат нивната опција TAP, може они да ги убедуваат колку сакаат.Министерот на Грција кажа дека ќе продолжат со рускиот проект.
Насловот е missleading, таман за тебе и сличните, и еден владин мегафон некни ја стави оваа вест со 2 километри статус за сатаните ЕУ и Америка, му пишаа подоле дека се збунил и си избриша.
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.411
Поени од реакции
36.344
Многу наивно, а ако идеш така наивно - тогаш зошто не заклучиш дека е можно и некој друг да ги стиска јајцата на Груевски?




Навистина. Ајде да зборуваме за бенефитот од гасоводот и за неговата остварливост... ќе повелиш ти да почнеш? Да не ти ја нарушувам конценпцијата, но ако сакаш можам и јас да почнам - ти одбери.


edit:
Или ајде, само за остварливоста и реалноста на гасоводот еве јас ќе почнам - држ:
http://youtu.be/PAGw_8l44Zo
или поопширно:
http://www.pipeline-conference.com/news/oao-stroytransgaz-build-121-km-gas-pipeline-macedonia

http://vlada.mk/node/10340?language=en-gb
http://www.prnewswire.co.uk/news-releases/stroytransgaz-to-build-gas-pipeline-in-macedonia-296027141.html
http://www.novinite.com/articles/167169/Russia’s Stroytransgaz to Build Gas Pipeline in Macedonia

Итн...
Ти тука конкретно ми збориш за изградбата на гасоводот кај нас. Во ред. Ние делумно се спремаме за свадба а невеста нема. Проектот најверојатно нема да мрдне од турска граница, е тоа ми е поентата. Сеуште се преговара со турците за цената на гасот а на Грција гледаме дека јасно и се укажа дека нема што да бара во тој проект.

Најмалку нешто што ни треба е да станеме уште едно место каде што Америка и Русија ќе си ги мерат ташаците.


Он топик:

Интересно како се предадоа сите "команданти" после 30 часа борба. Да не им е ветено нешто за обработената улога.
 
Член од
11 февруари 2013
Мислења
156
Поени од реакции
241
Друга нејаснотија е тоа што до пред 24 часа имаше војна, на лице место, а сега таму нема ниту обичен полицаец. Кога успеаа да направат истрага? МВР си отиде веднаш, а местото треба да биде обезбедено уште најмалку една недела. Или нема потреба од истрага, кога нешто нарачуваш, знаеш точно што си нарачал?
Тешко е да се поверува дека човечки ум може да смисли и спроведе ваков масакр, но има многу докази дека целиот напад е порачан. А судејќи и по изминатите настани, закривања на убиства и изживување врз луѓе, јасно е дека се работи за луѓе со оболени умови, уште и ако вистина нападот е испланиран и не им проблем да носат 8 животи на душа и да даваат изјави на ТВ како ништо да не е.. дефинитивно се работи за патологија, сериозно оболени луѓе кои водат држава, и што поскоро треба да бидат изолирани во лудница далеку од секаков контакт со луѓе, а не во затвор.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.911
Поени од реакции
41.874
ЗЗ изјави дека поседува докази оти власта имала сознанија за движење на терористичката група разбиена во Куманово, уште од септември 2013 година. :cautious:
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
ЗЗ изјави дека поседува докази оти власта имала сознанија за движење на терористичката група разбиена во Куманово, уште од септември 2013 година. :cautious:
Нема да ме чуди, Иванов вчера самиот кажа дека знаеле со месеци за групава.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238

Да, ајде да не збориме за ова, туку за Самсоненко и Американците против Русите и Илуминатите кои владеат со светот и Економик хитмени џакали шакали макали
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Зошто мислиш дека сад ќе вложува толку многу во дестабилизација на Македонија за таа цел.
Доволно е само да му се јави американскиот амбасадор на Груевски и да му рече не може да се гради гасоводот иначе мамето ви ебавме. Ќе иде Груевски против тоа свесно иако знае дека ќе го направат партал? Дали е тоа пресметлив чекор во тој случај.
Ако сакаш ќе збориме и за гасоводот колку е реален и остварлив, кој ни е бенефитот кога би се изградил.
Јас не мислам дека се работи за некакво огромно вложување во споредба со целите кои се многу поголеми, а тоа е да се задржи овој регион настрана од Русија, бидејќи моментално играта се води за оние територии кои преостанаа - а Македонија засега не е ниту во НАТО нити во ЕУ, што значи легитимна цел на руските интереси.

Муабетите дека доволно е да му се јавел, можеби важат за пониски структури од Премиер, така да прашање на лична перцпеција дали сакаш истите да ги пресликуваш во високата политика и можда мислиш дека секој така може да биде на истата функција.
Затоа што не знаеме какви разговори се водат и какви карти има Груевски кој и понатаму ИНСИСТИРА за приклучување на Македонија кон руската енергетска мрежа, односно зајакнување на геополитичката улога на земјава како транзитен регион. Тогаш значењето на земјава за Русија само би се зголемило.

Албанците знаеме кому се должници, па следователно не гледам никаква пречка во нивнотоповторно ангажирање, кога и самите имаат корист.

Можеби треба да се оди и да се праша Груевски, зошто смета дека вреди ризикот да го градиме гасоводот и да проаѓаме низ нова фингирана дестабилизација. Знаејќи дека Македонија нема реална моќ да и' опонира на САД, тогаш останува заклучокот дека мора некој да стои позади.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Ги ставил ѓаволот нозете во жешка вода!!
Или ако сакате Чаушеску е спремен на многу поголеми сценарија од ова. Се игра на картата луѓето да живеат во страв и да не протестираат заради стравот од некаква меѓуетничка војна. Со тоа диктатот добива тежина и владее вечно. Човечките животи и криминали прашината ги носи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom