ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.644
Поени од реакции
32.681
Последен пат кога проверив и ние бевме вазали на САД и позиција и опозиција.

А постот не се однесуваше на тебе, по грешка сум те цитирал,

тебе те упатив во подфорум мистерии , илуминати и заговори каде ќе си најдеш другарчиња со кои одлично ќе се разберете.
ZOTE мислам дека е најфаца таму, но сигурен сум дека ти ќе можеш да го надминеш.
Атлантисту, ти врвен познавачу - еден куп глупости се изнакажа ама на самото прашање не се ни обиде да одговориш.

Едноставно е прашањето: Дали гасоводот Турски Тек може да постои, а да не поминува низ Македонија?
Или па повели избегавај одговор пак, да знаеме дека не си кадарен да одговориш на едноставно прашање. ;)
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.938
Поени од реакции
4.432
Па тоа ти зборувам. Не се покажавме достојни да имаме држава. Тоа што зависеше од нас, го сјебавме. За носењето, ќе се однесам јас каде сакам, не е проблем тоа. Ти ќе останеш да живееш во држава каде Миле е закон, а Сител и Курир ј сервираат вистината.
За носењето веќе сум однесен... и тоа одамна :D
Немам ништо против тебе туку не поднесувам веќе кога ќе прочитам груевски миле шиле горде
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Јас барем не слушам никакво пукање.
Незнам од каде се прошириле вакви информации.
Преку трет-пет човек стигнаа до мене, затоа и прашав зашто не ми се веруваше да е така.
Фала ти на одговорот :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
За носењето веќе сум однесен... и тоа одамна :D
Немам ништо против тебе туку не поднесувам веќе кога ќе прочитам груевски миле шиле горде
А од далеку се секираш за Македонија за која дедовците се бореле? Не си во Македонија, ама те боли курот за Горде, Морде, Шиле, Миле?

Тоа навистина има смисла... :cuc:
 
W

wicked_1

Гостин
Носи се и ти и Миле и грујовци и мујовци... Не спомнав нити некаков миле нити било кој друг, јас те прашав само дали си свесен што зборуваш. Државата е наша по заслуга на нашите предци, а ние сме тие што треба да се избориме да ја зачуваме. Тоа каква ќе е од нас зависи. И лекот не е „па поарно да се распаднеме“.
По никоја цена не смееш да подриваш сопствен интегритет и личност, коа си свесен за таква состојба, изгубени се сите објективи и вредности..
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Атлантисту, ти врвен познавачу - еден куп глупости се изнакажа ама на самото прашање не се ни обиде да одговориш.

Едноставно е прашањето: Дали гасоводот Турски Тек може да постои, а да не поминува низ Македонија?
Или па повели избегавај одговор пак, да знаеме дека не си кадарен да одговориш на едноставно прашање. ;)
Не. Ајде сега ти одговори ми на уште полесно прашање.

Дали било која влада на Македонија може да му се спротистави на било какво барање на Американците на било каква тема? Дали на Американците им е потребно да ја дестабилизираат Македонија за да го спречат Турскиот тек?
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.938
Поени од реакции
4.432
А од далеку се секираш за Македонија за која дедовците се бореле? Не си во Македонија, ама те боли курот за Горде, Морде, Шиле, Миле?

Тоа навистина има смисла... :cuc:
Мислам дека не се разбираме.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.677
Поени од реакции
4.208
Не. Ајде сега ти одговори ми на уште полесно прашање.

Дали било која влада на Македонија може да му се спротистави на било какво барање на Американците на било каква тема? Дали на Американците им е потребно да ја дестабилизираат Македонија за да го спречат Турскиот тек?
Можеби мислат дека Путин им го штити грбот?
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.987
Поени од реакции
112.235
Исповед на припадник на полициските сили:

“Не знам од каде да започнам но од некаде ќе морам.Слава им на колегите кои беа убиени во Куманово, но зошто !? Најпрво да се запрашаме кои се убиените колеги, станува збор за припадници на единицата “Тигри” но повеќето млади и неискусни, можеби ова и да им беше прва и за жал последна акција. Од разговор со колегите се претпоставуваше да се случуваат вакви монтирани напади, како можни локации беа предочени Куманово и уште неколку села во околината на Скопје каде има мешовито население. Цела ситуација е со многу нејаснотии. Како тоа косовари ја преминале нашата граница, а имаме гранична полиција ? Кој тоа и по чија наредба се пуштени таканаречените терористи ? Од какви рани се починати колегите? Од каде е пукано ? Зошто во вчерашната прес конференција министерката Јанкуловска го лажеше цел народ дека состојбата е ставена под контрола кога утринава имаше повторно акција. Како тоа стануваше збор за униформирани лица во црни одела, а приведените беа во цивилна облека ?

Сега почнуваме и со одговорите на прашањата.

Пред два дена колегите од посебните единици беа донесени во Скопје, под изговор дека има сомнение дека ќе има терористички напади. Па се чекаше околу 10 часа за да започне акцијата. Еден од поврдените колеги ми кажа дека станува збор за добро обучени лица кои што едноставно се спремни за ракување со оружје, имаат и познавање од боречки вештини, што можело да се види од движењето на истите. Говореле на повеќе јазици, српски, руски, албански а мислам дека еден зборувал и на француски, што е јасно дека станува за порачан инцидент со највероватно дебело платено сценарио. Ајде да го подледнеме денешното видео од апсењето кое го објави МВР, како најпрво човек во бела кошула е застанат од кај полицијата, па подоцна истиот човек со лисици на рацето го носат во полициско комбе. Кој е сега будала ? Зошто никој не кажува дека колегите од ДБК цела вечер имаа работа и испрашуваа “терористи” од месното население на кумановското “Диво насеље” ? Кои беа тие гревови кои беа испрашувани ? Тие луѓе немаа ни Т од терористи да бидеме јасни. Имам искуство од 23 години до сега сум видел и сум бил во повеќе ситуации сум учествувал во повеќе акции, но како оваа последнава не сум видел никогаш. Бледа режија, боливудски филм. Би замолил за анонимност поради лудата министерка која што вчера се шминкаше пред да има прес конфренција за да изгледа натажено, иако сите и ја знаат бездушноста, до сега требаше 100 пати да си поднесе оставка, само сега не е моментот за тоа. Во некоја наредна прилика за оружјето во МВР што го има,а понекогаш и го нема … За крај уште еднаш наклон до земја за невините убиени колеги кои што беа само топовско месо сервирано од … се знае кој …
Зошто постираш невистини?
Ова од погоре ако е кажано од полицаец не знам што да кажам... Ама шанси нема да е тоа така.
Прво и основно немало полицајци кои прв пат биле во акција. ЛОЛ, аман, амеба си за да не можеш очигледна работа да сфатиш? Се пушта ли некој копиљ 93 годиште кој никогаш до сега не бил во акција, во престрелка или слично да оди да ја извршува една од најтешките мисии во историјата на оваа шугава и напатена земја? Не, и не ни биле пуштени да ја извршуваат мисијата.

Границата како ја поминале? Ти како мислиш? Што мислиш ова е граница како кога патуваш со автобус на одмор во Грција, ќе помине цариникот, ќе ти го земе пасошот и ќе ти каже: Имајте убав одмор. Ало границата е на сред планина, во шуми, каде секојдневно одат патроли ама не се обезбедува секоја можна педа од просторот пошто е шума, ти текнува? Терористите веројатно ги следеле патролите и знаеле во кој момент може да поминат. ОМГ слепи се правите за одредени работи, најискрено.

Околу делот кај “одговорите“, првиот дел е точен, освен тоа дека зборувале 590 јазици. У реду е, не ги зборуваат сите тие јазици што ги наброја. Друга работа, човекот во белиот мантил е од крим техника, ПОБОГУ, не е оној уапсениот. :yid:

П.с. Твојов пост е типичен пример како грешно да информираш одредена маса на луѓе и после се чудиме зашто се тресат зелени на секој чекор.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.125
Поени од реакции
26.817
Дај олабај ме со Заев, жити леб. Да е по мое, никогаш не би му дал власт на Заев ниту на СДСМ. Што се однесува на Турскиот тек, не постои ниту еден политички субјект во Македонија кој може да прдне настрана без дозвола на американците. Не им трена ним дестабилизација на Македонија за да го спречат поминувањето на цевките низ Македонија ако сакаат. Сите теоретичари на завери му даваат преголема важност на Македонија.
Види, од 2008 до сега, ме нема да дискутирам за Македонската политика ниту за поставеноста кон надвор, од причина што сум сметал тоа што ти сега го сметаш. Но тоа време помина, за жал Македонија го има онаа геостратешка важност што ја имала во почетоците на 20 век, во моментов втора по важност после Калининградската област. Како што кажав, тоа не е заради Турскиот Тек, тој е само повод. Едноставно сме стратешка дупка во НАТО која би можела да ги неутрализира сите околни НАТО држави.
Све почна во 2012 (или 2011) година кога Америка им даде 400 најмодерни абрамси на Грците (Дури и превозот им го плати), а Ромни во предизборна кампања ги посочи Русите како единствени непријатели на САД(ја најави новата ладна војна). Единствена земја која не е НАТО, а граничи со Грција е Македонија. А за да влеземе во НАТО, САД ќе треба да си замери со сите 3 наши соседи, пошто 2 имаат територијални претензии кон нас, а третата има спор во идентитетот. Решението е едноставно влез на Македонија во НАТО како територија и волкот сит и овците на број.

Тоа што почнав при крајот на годината да разглабам дека тоа што сум го осуетил се случува е поради тоа што имав некои информации дека се подготвува дестабилизација на Македонија.

Не сум ја прочитал нигде оваа теорија ниту пак можеш да ја најдеш негде, ова е мое лично размислување од податоците што ги имам. И викам дај боже да не сум во право.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.987
Поени од реакции
112.235
Мене ме интересира како се одвивала акцијата дали е нападот од повеќе страни, дали само од долнит дел па нагоре по улците, а делот горе автопатот е блокиран само ради првентива, да спречат некој да не се повлече преку него нагоре и да се извлечат.
Многу нејаснотии има, кажуваат толку и толку упасени,а само 4ца ги покажаа до сега. По сликите делува ко да се гаѓале со зољи од 10м растојание многу рушевини, има една слика каде има и три спремни молотови коктели.
Како што кажав многу нејаснотии, а само штури известувања се кажуваа.
Исто колку лежерно е сватена ситуацијата доказ е дека не биле доволно полицајци ангажирани во акцијата, па дури одпосле се носи засилување.
Обрач беше направен, од сите страни беа опколени. Иначе да, од блиску се гаѓале, кажано е дека уличките и куќите се многу тесни и збиени.
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.938
Поени од реакции
4.432
Однесен мислеше во метафоричка смисла? :pos:

Навистина не се разбравме... :D
Дури сега не се разбравме :D

Мислев на тоа дека имаш погрешна слика за мене околу власта и сл. Како да ти кажам... не ги сакам овие што се на власт, уште помалку тие што беа пред нив. И многу јасно дека се грижам за Македонија, па и од далеку. Во Македонија израснав и сите што ги сакам и ми значат се дома. Јас друг дом немам освен тој во Македонија.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.644
Поени од реакции
32.681
Се дистанцирав од ваков муабет, али ајде, само постов.

Прво, не верувам дека ова е сценарио нарачано од големите играчи. Дека е со нивни амин, сигурно. Со нивни амин се и бомбите на Заев, и прикривањата на криминалните дејанија на властите, па сигурно и прикривањата за Смилковско.

Второ, криминогени структури во Македонија има премногу. Во последно време страшното е што тие не се само од албанска страна. Од соживотот си ги посвојуваме само лошите страни, така ние посвоивме од нив само лоши. Да не се лажеме не сме деца, знаеме какви криминалци се најголемите македонски имиња кои моментално се во фотелји и институции, го видовме тоа. Не беше монтирано, сечено и лепено сигурно.

Така да конечна пресметка со криминалните и терористички структури во земјава е во моментов речиси невозможна, затоа што нивните пајажини се испреплетени се нечиви наши пајажини и си се помагаат. Плус на тоа додај го амеркианското влијание, кое рака на срце сега е неспорелдиво помало од тоа што беше од 1999 до 2001, веќе и тие не се толку дефанзивно настроени кон пулените нивни. Искористи и плукни им прават.

Да не збориме па за вахабисти кои слободно се шетаат во државава. Останавме последна на Балканот која не спроведе акција за апсење на нивни членови. Тие се подвижна опасност, можеби поопасни и од овие, ама среќа во несреќа е што не сме таква таргет земја каде би направиле пакост, а што и би направиле коа слбодно се шетаат никој не ги чепка овде.

Она што е мое мислење за акцијата, а основано врз непартизиран мозок и информации од луѓе кои директно биле вклучени во драмата и информации кои смеат да ги кажат (остантото не смеат, логично е) е дека, ова излегло од контрола, гадно. Но имало иницијатор на акцијата, од наша страна. Така има две опции:
Или овој иницијатор ова пребрзо го наредил, без да подготви задолжително претходно сканирање на терен, разузнавање итн, се водел по застарени информации и направил лоша проценка,
или,
Некој гадно го предал планот на терористите, па отидоа затоа јабана наши полицајци.
Затоа што има многу нелогичности и факти за акцијава кои говорат така. Дефинитвно, од прва рака, не очекувале да начекаат спремни терористи, само поединци кои би чувале стража, овие сите биле спремни на штрек.

Факт е дека ги начекале во заседа и биле живо место. Таму нема спас колку и да си спремен, а барем тие што биле прва група се поискусни и поспремни, така да во „еднакви“ услови би се заштитиле добро. Потоа имале засилување од релативно тазе специјалци, со морам да бидам брутално искрен, сомнителен тренинг и квалитет, па не се ослободиле толку лесно од групата.

Што било точно нема да дознаеме, ќе остане да заклучуваме по сопствена волја (некои и по партиска за жал), жртвите нема никој да ги врати.

Трето, во тој муабет за гасоводот јас не верувам, ти веруваш и тоа е, џабе би се убедувале за тоа. :)
Во ред си е тоа, како твое лично мислење. Во твоево мислење, јас во принцип немам проблем со резонирањето - но не се согласувам со реконструкцијата на настаните. Не знам кои се твоите извори, ама освен ако не знаеш нешто од прва рака - а што не се напиша на форумов, тогаш секако прејудицираш. Јас ако ти одговорам со моја теза за реконструкција на настанот - и јас ќе прејудицирам и ќе теоретизирам. Не сакам тоа да го направам, пошто до смрт е веќе правено на темава.

Туку, интересно е што си напишал опширен пост - ама не си се осврнал конкретно за суштината на постот, на кој ми реплицираше. Тој муабет беше за конечна разврска со локалниот дел од албанската мафија во регионов, и за нетолерирање на заложништвото под кое не држат со децении.
Објаснив дека проблемот не е решен, и ќе ни прави невољи се до неговата разврска. Објаснив дека проблемот во суштина и не е со албанскиот народ, туку со мафијата која е под контрола на САД. Објаснив дека оружјето од 2001ва сеуште не е собрано, границата не е обезбедена, а полицијата и војската треба да бидат многу поопремени со воени средства.
Ти ништо не напиша за ова, само ги пренесе твоите генерални ставови на темава. :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Види, од 2008 до сега, ме нема да дискутирам за Македонската политика ниту за поставеноста кон надвор, од причина што сум сметал тоа што ти сега го сметаш. Но тоа време помина, за жал Македонија го има онаа геостратешка важност што ја имала во почетоците на 20 век, во моментов втора по важност после Калининградската област. Како што кажав, тоа не е заради Турскиот Тек, тој е само повод. Едноставно сме стратешка дупка во НАТО која би можела да ги неутрализира сите околни НАТО држави.
Све почна во 2012 (или 2011) година кога Америка им даде 400 најмодерни абрамси на Грците (Дури и превозот им го плати), а Ромни во предизборна кампања ги посочи Русите како единствени непријатели на САД(ја најави новата ладна војна). Единствена земја која не е НАТО, а граничи со Грција е Македонија. А за да влеземе во НАТО, САД ќе треба да си замери со сите 3 наши соседи, пошто 2 имаат територијални претензии кон нас, а третата има спор во идентитетот. Решението е едноставно влез на Македонија во НАТО како територија и волкот сит и овците на број.

Тоа што почнав при крајот на годината да разглабам дека тоа што сум го осуетил се случува е поради тоа што имав некои информации дека се подготвува дестабилизација на Македонија.

Не сум ја прочитал нигде оваа теорија ниту пак можеш да ја најдеш негде, ова е мое лично размислување од податоците што ги имам. И викам дај боже да не сум во право.
Ако целта на Америка беше Македонија да се распадне, тоа го имаа на тацна пред неколку години. И многу им е гајле на Американците дека ќе се замерат со Бугарија, Грција или не дај Боже Албанија. :D Ќе се замерат со Албанија бе? Па да не беа Американците, Албанците наместо 2 и пол ќе имаа една држава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom