Се дистанцирав од ваков муабет, али ајде, само постов.
Прво, не верувам дека ова е сценарио нарачано од големите играчи. Дека е со нивни амин, сигурно. Со нивни амин се и бомбите на Заев, и прикривањата на криминалните дејанија на властите, па сигурно и прикривањата за Смилковско.
Второ, криминогени структури во Македонија има премногу. Во последно време страшното е што тие не се само од албанска страна. Од соживотот си ги посвојуваме само лошите страни, така ние посвоивме од нив само лоши. Да не се лажеме не сме деца, знаеме какви криминалци се најголемите македонски имиња кои моментално се во фотелји и институции, го видовме тоа. Не беше монтирано, сечено и лепено сигурно.
Така да конечна пресметка со криминалните и терористички структури во земјава е во моментов речиси невозможна, затоа што нивните пајажини се испреплетени се нечиви наши пајажини и си се помагаат. Плус на тоа додај го амеркианското влијание, кое рака на срце сега е неспорелдиво помало од тоа што беше од 1999 до 2001, веќе и тие не се толку дефанзивно настроени кон пулените нивни. Искористи и плукни им прават.
Да не збориме па за вахабисти кои слободно се шетаат во државава. Останавме последна на Балканот која не спроведе акција за апсење на нивни членови. Тие се подвижна опасност, можеби поопасни и од овие, ама среќа во несреќа е што не сме таква таргет земја каде би направиле пакост, а што и би направиле коа слбодно се шетаат никој не ги чепка овде.
Она што е мое мислење за акцијата, а основано врз непартизиран мозок и информации од луѓе кои директно биле вклучени во драмата и информации кои смеат да ги кажат (остантото не смеат, логично е) е дека, ова излегло од контрола, гадно. Но имало иницијатор на акцијата, од наша страна. Така има две опции:
Или овој иницијатор ова пребрзо го наредил, без да подготви задолжително претходно сканирање на терен, разузнавање итн, се водел по застарени информации и направил лоша проценка,
или,
Некој гадно го предал планот на терористите, па отидоа затоа јабана наши полицајци.
Затоа што има многу нелогичности и факти за акцијава кои говорат така. Дефинитвно, од прва рака, не очекувале да начекаат спремни терористи, само поединци кои би чувале стража, овие сите биле спремни на штрек.
Факт е дека ги начекале во заседа и биле живо место. Таму нема спас колку и да си спремен, а барем тие што биле прва група се поискусни и поспремни, така да во „еднакви“ услови би се заштитиле добро. Потоа имале засилување од релативно тазе специјалци, со морам да бидам брутално искрен, сомнителен тренинг и квалитет, па не се ослободиле толку лесно од групата.
Што било точно нема да дознаеме, ќе остане да заклучуваме по сопствена волја (некои и по партиска за жал), жртвите нема никој да ги врати.
Трето, во тој муабет за гасоводот јас не верувам, ти веруваш и тоа е, џабе би се убедувале за тоа.