Луѓе, ве молам, значи од се срце ве замолувам да не го политизирате ова што се случува моментално. Јанкуловска, која изузетно ја презирам и не можам да ја поднесам, вчера даде доста добар одговор на прашањето дали стои СДСМ зад ова или дали овој настан има било каква политичка позадина. Рече дека премногу е сериозна ситуацијава за да може да се кажат такви работи и да може некој да исценира таква ствар.
Затоа од се срце ве замолувам, уште еднаш, не мешајте баби и жаби, веќе загубивме седум наши драги пријатели/роднини/познаници, и тоа во еден ден, што е преголема бројка. Тажен ден за Македонија, не додавајте сол на раната...