Три чисти немат, барем девет десетини од рајава. Мене што ја пцујам корупцијата откако сум на форумов - ме етикетираат како да сум најголем вмровец. Иако во постовите сум ги отерал СИТЕ во три лепе пи*ке материне - пациентиве го читаат само делот за опозицијата.
Сега владее психологија на толпа. Еуфорија. Доле влада, и такви работи... И како контратежа - „ќе ја гласаме опозицијата„.
Кој да памти што правеше таа опозиција кога беше на власт. Ако ништо друго барем приватизацијата да ја запамтеа, настанот кога Македонија стана приватен имот на шака олигарси, покондурени сељачишта, а на кои сега им робува народов.
Толку памти рајава. Сега Зајко ќе го гласаат - за пар мандати потоа, пак овие сегашниве копита да ги вратат на власт. Се ла ви... во Македонија.
Има една интересна изрека за историјата. Велат дека, тие што не си ја научиле историјата - осудени се истата да им се повторува.
Така и народов овде, осуден е тие исти две партии да ги менува една со друга - затоа што кој да се „замара„ да памти пред пар мандати како го е*еле тие претходните.