ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

Член од
25 март 2012
Мислења
8.449
Поени од реакции
4.937
кои црни снимки,терористите се забарикадирани и напикани в куќи,да не мислиш дека ќе гледаш снимки од Орките како јуришаат кон замокот ко на филм :facepalm:

оди влези и сликај ги шо да ти речам друго
Па само во таков филм има такви глупи луѓе кои ќе се *забарикадирани * во куќа во распаѓање...
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.601
Поени од реакции
110.278
"МВР ќе ги соопшти сите детали по завршувањето на акцијата."
Па ако трае 24 саати треба ние овде на форум да нагаѓаме? Разбирам едка треба време ама добро е да има апдејт на пладне и официјална информација пошто и онака сме шампиони за теории само на форумов има 10 до сега.
Како сакаш да ти дадат апдејт у сред акција бе? Не играат џамлии па ај ќе ти даваат апдејт колку џамлии во шлајка влегле. Остајте ги на раат луѓето да си ја завршат работата, ако е воопшто можно тоа, па после ќе известат што и како се десило.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.118
Поени од реакции
6.770
Па само во таков филм има такви глупи луѓе кои ќе се *забарикадирани * во куќа во распаѓање...
шо викаш оти е куќата во распаѓање ти текнува ?? да врне неколку часа оловен дожд што би се случило шо викаш ?? или ти требаат вешти лица да одредат што би се случило
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Како сакаш да ти дадат апдејт у сред акција бе? Не играат џамлии па ај ќе ти даваат апдејт колку џамлии во шлајка влегле. Остајте ги на раат луѓето да си ја завршат работата, ако е воопшто можно тоа, па после ќе известат што и како се десило.
А бе да ама на пладне кратко инфо треба. Цел град е под опсада луѓево таму што живеат не знаат што се случува.[DOUBLEPOST=1431162282][/DOUBLEPOST]На албански медиум прочитав дека има тројца ЦИВИЛИ загинати - наводно мајка тато и дете. Ама они не се за верување...
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Котевски изјавил дека немало да се даваат никакви информации додека траела акцијата.

Инаку,во Босна ИСИС почнаа да се закануваат по телевизии,рокнаа и џандар на должност,во Црна Гора исто.Ние сме на ред сега.

Само гласно размислувам
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Па само во таков филм има такви глупи луѓе кои ќе се *забарикадирани * во куќа во распаѓање...
Ни јас не разбирам зошо не влегле во куќа каде има сателитска скајбокс и домаќинката само што не испекла погача и печено пиле.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.464
Поени од реакции
31.376
Па само во таков филм има такви глупи луѓе кои ќе се *забарикадирани * во куќа во распаѓање...
Може ја реновирале претходно, ти беше да провериш во каква состојба е сега?
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.118
Поени од реакции
6.770
А бе да ама на пладне кратко инфо треба. Цел град е под опсада луѓево таму што живеат не знаат што се случува.[DOUBLEPOST=1431162282][/DOUBLEPOST]На албански медиум прочитав дека има тројца ЦИВИЛИ загинати - наводно мајка тато и дете. Ама они не се за верување...
гледаш дека не е играчка работа, овие информации што излегоа досега во јавност протекуваат некако,пошто не е можно СЕ да се задржи во тајност..........постои опасност од појавување на други терористички групи,сакаш нашите медиуми да им вршат апдејт каде и што се случува ??

се надевам за брзо ќе заврши ова и нема да има ескалација и на други места.........
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.449
Поени од реакции
4.937
Не разбирам што зборат... :/
Нема превод изгледа...
Ништо ново освен тоа што од селото Отља е претреесена куќа и се земени двајца машки...
Блокирана е целата насселба...
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Нема превод изгледа...
Ништо ново освен тоа што од селото Отља е претреесена куќа и се земени двајца машки...
Блокирана е целата насселба...
ова ми се допаѓа ЗЕМЕНИ ДВАЈЦА МАШКИ. Стално тие фразз ги употребуваат албанците мислиш ги киднапирале. се вика уапсени. Исто така не се вика незадоволни младинци туку терористи.
 

Memento Mori

Yeah science, bitch!
Член од
24 август 2009
Мислења
1.132
Поени од реакции
1.562
Правам муабет со пријател Албанец кој живее во таа населба и ми вика ние албанците неќеме војна, дај боже да ги фатат тие што сакаат да исценираат меѓу етнички тензии.
Немој да ми споредувате со 2001, на никој од нормалните граѓани не им одговара војна...
Дај нека заврши само ова, џабе патат невини луѓе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom