Јас некако не сум убеден дека ова е сценарио на ВМРО и екипа, и покрај сите каканици на кои што бевме сведоци изминатиов период. Можеби некој ќе каже дека на ваков начин они би да се исперат од сите гомна во кои пливаат периодов и заташкаат криминалите, но ова е сигурен пат кон провалијата на пропаста за ВМРО, а можеби и за ДУИ без кои секако ова не би можело да биде изведено. Се сеќаваат како завршија после 2001. година. А они тоа ич не би го сакале.
Но, дури и да грешам, ете да кажеме дека погрешно сум ги проценил и не ми оставиле впечаток на брутални психопати, секако им е мат ситуација, а вака на маса ја вложуваат и државата. Ако ја спукаме јако, ова е сигурно еден од начините да го изгубиме суверенитетот за што веќе има срамежливи најави помеѓу европолитичарите. Тогаш, сосема комотно можеме да се опростиме со обликот на државава кој нам ни е познат и да се поздравиме со федералната држава.[DOUBLEPOST=1431155868][/DOUBLEPOST]
Не.
Првите две ти се помалку реални, читај нереални опции, а вторите две се многу веројатни. Поубаво кажано, една од двете е сигурна. Прашањето е која.