На Z2 и Galaxy S4 има лаг при кликање, како на некои јава модели што имаше. Батерија јаде како лудо. Кај другар на Нексус 7 се инсталира и имаше куп заебанции додека се среди. И не може да го врати на фабричка 4ка, освен да го флешува со друг ром.
Не сум експерт за мобилни телефони и нивниве оперативни системи ама од користење можам следново да ти го кажам.
Другар на Нексус 7 2012 супер му работи и е задоволен од него, малку побрзо му ја цица батеријата вика ама е незначително за да се жали. Други лагови или багови нема приметено.
Јас на Нексус 7 2013 исто ми работи супер дури и батеријата ми трае повеќе одколку на старите верзии. Не лагира, не сецка нема некој проблем. Ама и не играм игри или да гледам филмови на него. Го користам за да проверам маил, за чат, да расчитам по интернет на страните кои најчесто ги посетувам без да морам да палам лаптоп.
Понекогаш се јавува проблем со претерано цицање на батеријата и на нет мн се жалеа од ова па некој имаше пишано дека со хард ресет и wipe data го решил. Пробав и стварно помага, па сеа често ако почне батеријата да ми ја цица брза (а тоа се случува секогаш кога ќе оставам да падне под 15%) му правам хард ресет преку рикавери и пак се враќа се во нормала(истиов метод на верзијата од 2012 не помогна).