Македонски специјални единици (полициски и воени)

Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.268
Поени од реакции
958
Зоки добар дел од сликите ги имам ставано тука пред 2 години,стари се сликите не сите баш ама повеќето се стари слики :)
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.268
Поени од реакции
958
Тие што го направија тоа пред 14 години трипати да им се врати мамата н...а :mad:
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
877
Поени од реакции
3.448
Milivoj Kosteski

ЗЛОЧИНАЧКИ КРВАВ ПИР НА ТЕРОРИСТИТЕ

Каков е билансот од крвавиот пир на терористите, кои сосема ладнокрвно, по вооружениот напад, го извршиле масакрот врз мртвите, а и некои беспомошни, тешко ранети припадници на безбедносните сили? На Миле Јаневски, со кундак од пушка му е згмечена, разнесена главата, а низ телото има осум канални повреди предизвикани од огнострелно оружје и вртлежи од “кинески” нож. На Бобан Трајковски, исто така, со кундак од пушка му е згмечена главата, има две прострелни рани, а со нож три рани му се отворени на градниот кош и во пределот на подлактницата. Беспомошното и мртво тело на Роберт Петковски со нож е бодено по нозете и гениталните органи. На Игор Костески му се нанесени седум огнострелни рани по целото тело. Сигурно додека давал знаци на живот, од близина со пиштол му е пукано во чело. Ако загинал зад воланот додека маневрирал со “хамерот”, загадочна е раната и големата расеченица на левото стапало, и отсечените три прсти на десната рака. Рачниот часовник, кога ми го донесоа од судска медицина, а и денес го носам на мојата рака, застанат беше во 18.12 часот. Дали запрел од компресија и експлозија или сам го стопирал Игор, со што сакал да ни соопшти дека во тој миг животот му престанал. Марјан Божиновски, иако се здобил со повеќе огнострелни рани, додека давал знаци на живот, бил запален од терористите, при што неговото тело е целосно јагленосано од изгореници од четврти степен, со одвоени долни екстремитети. Кире Костадиновски, бил тешко ранет со проектили во пределот на градниот кош и стомакот. Бил запален додека бил се уште жив, зашто во белите дробови му е најден јагленороден моноксид. Бошко Најдоски, додека бил тешко ранет, од близина му е пукано во неговото чело, за да потоа биде запален и целосно изгорен. Илчо Стојановски, покрај што е здобиен со прострелни рани во главата и стомакот, со кундак од пушка му е разнесена брадата а со нож му се нанесени рани на рацете и нозете. Запалени му се нозете но од целосно изгорување го спасиле првите “тигри” што пристигнале на местото на масакрот.
Да спомнам дека тројцата полицајци од Битола биле поставени еден до друг до нивната “лада нива”, со главите свртени кон “хамерот” и запалени. Останува енигма, зошто се запалени само загинатите полицајци, а не и “волците” и на кого му е испратена таквата порака? Нелогичност има и ако се анализираат снимките од целосно изгорените први две возила од патролата. Ако биле погодени во прв момент со тромблонски мини, тие целосно би биле разнесени и изгорени, заедно со бранителите во нив. Според начинот на извршување на масакрот, кој траел десетина минути, предизвиканите рани можеле да го направат добро обучени специјалци и ладнокрвни убијци. Но, бидејќи раководството на ОНА никогаш не обелодени дека во својата формациска воена структура има специјална единица, тогаш со право се наметнува прашањето, кој го изврши масакрот, по чија наредба, со каква цел и за колкава парична награда?
11138495_622048331266009_6179149371428555138_n.jpg
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.268
Поени од реакции
958
Мојата теорија на ова е само за пари.Убаво знаеме дека за глава на волк учк давааше 150 000 марки,на друг начин немаше како да убијат еден од нив затоа се направи ваква заседа.При која имаше патрола на волци а од нив 4 умреа,само за пари беше ова,а можам да се кладам дека тоа не го направија Албанците, туку или некои други истренирани муџахедини или странски платеници
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Мојата теорија на ова е само за пари.Убаво знаеме дека за глава на волк учк давааше 150 000 евра,на друг начин немаше како да убијат еден од нив затоа се направи ваква заседа.При која имаше патрола на волци а од нив 4 умреа,само за пари беше ова,а можам да се кладам дека тоа не го направија Албанците, туку или некои други истренирани муџахедини или странски платеници
 

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.256
Вчера беше годишница од заседата кај Ваксинце каде загинуваат двајца припадници на Скорпионите: Влатко Петров и Димитар Двојаковски. Таткото на Двојаковски, Јане (умре 2005 година) бил полковник во АРМ. Најдов интересен коментар за него и заседата каде што загинува неговиот син:



А сега читајте:

Заседа Ваксинце (03.05.2001)

Димитар веше на позициите во Кумановско. На трагичниот ден, во рамките на граничните единици беше на теренот кај Ваксинце. Смената им почна на 2 мај во 6 часот и требаше, откако ќе пристигне замената, туку без никаква замена да се нареди повлекување во 5 часот. И групата и нивните препоставени знаеле дека низ Ваксинце има поставено барикади. Кога возилото од 7 војници стасале до првата барикада, водникот им се јавил на своите претпоставени. Меѓутоа, оттаму не добиле дозвола да се повлечат, туку да продолжат низ селото. Очигледно некому му требало да демонстрира некаква сила и тоа со необезбедена патрола. Или можеби, наредбата има друга заднина. Како и да е, момчињата ја послушале наредбата и продолжиле.

Кога ја минале барикадата, навлегувајќи во селото, веднаш влегле во осило од терористи. Се нашле сардисани од сите страни и немале можност за борба, бидејќи се враќале од позиции и биле во возилото. Од друга страна, настанот укажува и на карактерот на терористите. Ако веќе претпочитаат борба, тогаш зошто не се бореле додека момчињата биле на позиција, туку ги чекале кришум, во заседа. Ова го спомнувам не толку за терористите колку за нашата тактика во сета оваа овјна. Проблемот требаше и можеше да биде разрешен уште во Танушевци. Ние моравме да си ја сочуваме границата и ние терористите да ги чекаме во заседа, а не да им дозволиме да влезат длабоко во земјата и тие нас да не дочекуваат и ликвидираат во разни заседи. Но тоа е друга приказна. И такви работи по правило се случуваат кога политичарите водат војна, а војската води политика.

Трет елемент укажува и на една сосема понаква спрега е фактот што терористите биле убедени дека го убиле таткото на Димитар, Јане Двојаковски, кој бил полковник во АРМ. Терористите на ОНА во својот прв извештај велат дека е убиен висок офицер на АРМ. Очигледно мислеле дека ме убиле мене, а не мојот син. Значи акцијата е водена без евиденција, без стратегија, без план кога и како да се дејствува. Во тој контекст, криво ми е што во врска со настанот, и не само со него, не бевме примени јас и повеќе мои колеги ниту од Претседателот Трајковски, ниту од премиерот ниту од Претседателот на Собранието. Не мора да не послушаат, но човечки беше да не слушнат, бидејќи имавме што да кажеме - вели полковникот (†2005), додавајќи дека точно ги знае сите што учествувале во убиството на неговиот син Димитар Двојаковски и Влатко Петров

Димитар Двојаковски
Влатко Петров

 
Член од
6 февруари 2009
Мислења
496
Поени од реакции
462
Policiski kazhano si ja rabotat rabotata >
Partiski nejkam da tolkuvam.
Na 1maj bev sluchajno svedok na protestite vo beshiktash vo Istanbul. Apsolutno miren protest bez niedna provokacija od protestantite NO policijata po 2 predupreduvanja na megafon da se razotidat gi frkna so vodeni topovi, shok bombi i solzavec. Seto ova sledeno beshe so 2 helikoptera! Mislam deka mn. toleriraat nashive.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Na 1maj bev sluchajno svedok na protestite vo beshiktash vo Istanbul. Apsolutno miren protest bez niedna provokacija od protestantite NO policijata po 2 predupreduvanja na megafon da se razotidat gi frkna so vodeni topovi, shok bombi i solzavec. Seto ova sledeno beshe so 2 helikoptera! Mislam deka mn. toleriraat nashive.
:pusigo:
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Na 1maj bev sluchajno svedok na protestite vo beshiktash vo Istanbul. Apsolutno miren protest bez niedna provokacija od protestantite NO policijata po 2 predupreduvanja na megafon da se razotidat gi frkna so vodeni topovi, shok bombi i solzavec. Seto ova sledeno beshe so 2 helikoptera! Mislam deka mn. toleriraat nashive.
Таква наредба.
Сакаат да докажат кој е силеџијата овде.
Што е очито.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.268
Поени од реакции
958
Димитар двојаковски е еден од 4-те загинати беровци во 2001.Се гордеам со нив,зошто беа сите страшни патриоти и храбри луѓе.Двајца од нив беа капетани во арм,еден специјалец тигар и еден пфв(димитар).од берово секогаш излегувале најдобрите војници и полицајци
 

Kajgana Shop

На врв Bottom