- Член од
- 7 мај 2013
- Мислења
- 6
- Поени од реакции
- 0
Го сонував дедо ми кој е починат веќе две години, меѓутоа нема ден да не помислам на него.
Сум седела во неговата куќа со баба ми и стрина ми и сум јадела нешто. Мајка ми и татко ми поминаа и ми рекоа ќе одат на бајачка дали сакам и јас, но ги одбив. Во еден момент се завртев и на креветот седеше дедо ми и дремеше седејќи. Се прашував дали е жив, зошто седи тука и видов како дише и ги отвори очите. Се држев за срцето кое забрзано ми чукаше и ми течеа солзи, а тој ми се насмевна и ме праша дали ми треба сок, млеко нешто..(секогаш се грижеше и не дозволуваше нешто да фали) Јас ништо неможев да одговорам и и кажав на стрина ми дека дедо е тука а таа вели.: а ти се причинува, и мене така ми се случува, што ти вика? И и кажувам а тој легнува во креветот и се покрива целиот преку глава.
И се разбудив.. Се разочарав дека било сон, бидејќи премногу реално ми се чинеше. Ве молам кој знае нека ми протолкува.