Сонови, толкување на сонови

Член од
23 март 2015
Мислења
12
Поени од реакции
7
Имам пробано тоа, но како да ти кажам свесен сум дека е сон, но не можам да реагирам, а тука исто свесен сум и дека девојка веќе имам, проблемот ми е што и да сонувам нешто што нема врска со таа личност, во секој сон секаква ситуација пробувам да имам внимание од неа, како да правам се за неа... чудно е, се се врти околу таа личност, која порано ми била ''се'' и ако таа не знаела, и нема да знај....Госпо да чува, страшно подсвеста е срање
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Сонував мачка како ме касна и ме гребеше, како беше језива и страшна ептен., толкување?
Во кој филм викаа frienemie --- ни friend ни enemie
Некој за кој си со живот сигурна дека ти е пријател, ти е непријател и кај да е ќе те нападне. Ќе те оштети за нешто што ти значи

Сепак, сон е, не давај му толку значење

По црковно мислење, дел од соништата идат од нас од подсвеста нешто што сме потиснале излегува во сон (да речиме 10%)
Трошка може еднаш двапати во животот да дојде од Бог некое предупредување (да речиме 1%)
Другите 89% ако не се и повеќе, тоа ѓаволот си игра играчки со нас.
 
Член од
26 март 2015
Мислења
1
Поени од реакции
0
Сонувам скоро секоја вечер, уживам во тоа, без разлика дали се работи за убав сон или кошмар. Со задоволство легнувам да спијам. Дали имам проблем со реалноста па уживам во соновите или едноставно ми е развиена имагинацијата?
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
по втор пат сличен сон
ја сонувам мајка ми, почината е
плаче не може да се смири силно плаче
ја земам в раце како таа да ми е дете и и викам готово е смири се помина, и ми заспива в раце
Првиот пат во сонот некој ја откопал од гробот, сега не беше така...
 
Член од
13 април 2012
Мислења
38
Поени од реакции
4
Што значи да сонуваш како на некој му помагаш при расчистување на двор т.е. корнење на зелена трева :)
 
Член од
13 април 2012
Мислења
38
Поени од реакции
4
Сонувам како возам кола, до мене е еден колега од работа, а надвор е темно, потоа наеднаш се наоѓам во некој кафич/кафана/ресторан со големо друштво (машки и женски), и како одеднаш влегуваат тројца мои блиски луѓе од минатото заедно со керката на едниот пар која им се роди пред околу 4-5 месеца и седнуваат на маса блиску до нас, и они забележуваат дека сум тука но се прават како дека не ме виделе, и јас станувам како божем ке одам до тоалет и се поздравувам со нив, седнувам кај нив на маса, се шалиме, многу позитивно сме расположени, весели сме (но не се смеевме -напоменувам бидејќи знам дека смеењето има посебно значење), и како станувам од таму, одам до другата маса каде што ми стои ташната и од новчаникот вадам 500 ден и ги давам на бебенцето и и напоменувам "мајка ти и татко ти да ти купат среќа и едно братче", и продолжуваме да си се зезаме....
 
Член од
13 април 2012
Мислења
38
Поени од реакции
4
Сонував како златниот прстен кој постојано го носам ми се скршил (на сон го носев на другата рака-десната, на средниот прст, ако има и тоа нешто врска), што би значело... :)
 
Член од
9 април 2015
Мислења
15
Поени од реакции
10
Сонував како околу едната нога имав замотана змија, и ја тресев ногата за да отпадне. Знае некој што значи ова ?
Имаш душманка, змијата на сон тоа значи.[DOUBLEPOST=1428733494][/DOUBLEPOST]Што значи во сон да бегааш од некои, да бегаш и да си многу уплашена додека тие трчаат по тебе?
 
Член од
11 април 2015
Мислења
4
Поени од реакции
0
Здраво. Сонував како со поранешен партнер сум во кафуле, навечер, и наеднаш се најдовме на иста маса, на масата имаше голема чаша полна со пијалок и две лажички. Јас почнав да мешам со едната лажичка а тој со другата. Неколку пати ни се потчукнаа лажичките и тој ми вика следно кога ќе ја допреш мојата лажичка ти частиш пијачка а кога јас ќе ја допрам твојата јас те частам, и цела вечер пиевме и на крај бевме пијани и почнавме да играме потоа тој ми предложи да си одиме, и заминавме во стан, но таму одеднаш се најдов со сестра ми и друг поранешен партнер со кој веќе немам никаква комуникација. Станот беше најгоре на зградата, а терасата немаше ограда. Сестра ми заспа, а тој почна да ме бакнува и како што ме бакнуваше јас снемував воздух. Потоа си заминавме од станот јас и сестра ми, но тука оставив мои алишта со мисла дека пак ќе се вратам. Кога се симнавме долу сретнав девојка со која се дружев порано и целата беше мокра во косата и не изгледаше баш најдобро. Благодарам однапред.
 
Член од
9 април 2015
Мислења
15
Поени од реакции
10
Што значи во сон да бегааш од некои, да бегаш и да си многу уплашена додека тие трчаат по тебе?
 
Член од
21 февруари 2015
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво на сите!
Јас сонував прво како се грижам односно како во рацете носам бебе(женско) и ми излава една професорка што ми предава и ми вика да те потсетам дека треба да ми донесете презентации наредниот час, пренеси им на другите.
Потоа како се наоѓаме кај бабами јас со моите седам доаѓа една комшика стара е жената, и плачела дека и направиле некаква збрка за сметката за струја.
И на крај како сум спиела со мајка ми заедно и кога сме станале од спиење преку прозорите сум видела дека небото е многу убаво светло, и облаците во многу убави облици де пеперутки авиони човек како седи на клупа и до него куче,и јас веднаш сум ги сликала и гледам ми отидел автобусот за школо и и викам на мајками мамо јас ќе одам со тебе со вториот автобус.
Ако може некое толкување ќе ве молам, ова ми дојде како некако долг и неповрзан сон.
Благодарам однапред! :)
 

S.L

Желба по титула :D
Член од
1 јули 2013
Мислења
1.893
Поени од реакции
1.337
...Одамна беше ова, ама ипак ќе го пишам.
Пред година дена или така нешто... секој пат кога ќе легнев без разлика дали е навечер, попладне, сабајлечки... еден исти сон сонував. Појезиво да биде тоа се случуваше секој ебен ден, месец дена.
Сонот идеше вака: Јас во лотус позиција бев седнат на трева, беше во планина, а девојката беше облечена во бело фустанче, боса, стоеше и правевме муабет... она повеќе зборуваше, одколку јас. Како да ми држеше часови. После тоа скоро 6 месеци не сонував ништо.
Ако има некој логично објаснување, баш би ме интересирало што може да значи... иако сонов е постар.
 
Член од
5 април 2015
Мислења
4
Поени од реакции
0
zdravo sonuvav kaj sto stojam na sredina na raskrsnica a okolu mene imalo mnogu zgradi i naednas me prefrla sono kaj so cekam red vo lift i vo liftot covek crn go turka mojot brat da vlezi vo liftot i liftot otvoren se kacuva nagore i go smackuva bratmi a jas uspevam da go spasam i pak da zastanam na redot kaj so sum bil t.e. pred samiot lift . odma posle me dava pred mojata kuka kaj so tovaram bagaznik so mojot drugar vo avtomobil stavam jadici vnatre i drugi raboti i naogam malo crvce i naednas me nosi na vozackoto sediste kaj sto ja vozam kolata i slusam radio a na radioto gi imalo brojkite 1,2,3,6,5,6 i posle 6kata prazno dugme .
Ne mi e ova prv pat da sonvam tolku izmesani raboti ako mozi me interesira da mi kazite so znaci sonot vi blagodaram na vaseto vreme sto vi go odzedov pozdrav i imajte ubav den
 
Член од
13 април 2012
Мислења
38
Поени од реакции
4
Што би значело ова....телефонски разговор за смирување (он ми се јавув да дојдам кај него), ми приредил романтицен ручек, а воедно со прстен ме бара за жена, но јас ништо не огдоварам, но многу сум срекна и радосна.....т.е. и двајцата сме многу весели што повторно сме заедно........ :)
фала :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom