Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Јас зборам, тиникија ли тропа?:icon_lol:
btw, Флоренци како најдобриот десен бек на светот, голот му е у стил на Мајкон и Дани Алвеш во најдобрите години:D
Думбиа фала богу постигна гол, таков како што ни фале цела сезона, Пјанич за самодоверба(y)
Прва полесно добиена утакмица од Ноември па до сега :)
Еве ги головите, сите убави(y)
 
Крај на март 2004 год.- ден-два после натпреварот помеѓу Рома и Лацио, којшто беше прекинат на полувреме поради закани од навивачите, кои тврдеа дека полицијата прегазила дете, навивач на Рома. Низ светскиот печат кружеа секакви наслови и приказни позади нив, како: „Ако продолжеа да играат ќе беа убиени“, „Il derby del bambino morto“ и сл. со неповторливата фотографија на која Тоти разговара со водачите на навивачката група на Рома, кои се наоѓаа на теренот. Следејќи го светскиот тренд на настани и кај нас, односно во нашиот дневен печат известуваа за тој натпревар, но или преземено од некој од соседните медиуми или само неколку реда неутрелен текст. Следејќи го дневниот печат во тоа време и знаејќи за методите на работа на новинарите, не очекував нешто сензационално или нешто ново, но бев делумно демантиран. Имено еден дневен весник, за воља на вистината се потрудил малку да истражува, не конкретно за прекинот, туку за тие што го предзвикаа, за единствените AS Roma Ultras, или како што тие ги нарекуваа тогаш со стариот нивни назив Commando Ultra Curva Sud или скратено CUCS. Насловот во стил: „Навивачите на Рома популарните Commando Ultra Curva Sud – страв и трепет на чизмата.“ (нешто слично на ова, сепак ќе се потрудам да го најдам исечокот и да го објавам). Додека во продолжение, во воведната реченица стои: „Можете сешто да зборувате за италијанската мафија, за Моџи, Морати, Сенси, но доколку се осмелите да влезете во конфликт со Commando Ultra Curva Sud, тогаш си го загрозувате вашиот личен и идентитетот на вашите најблиски.“ ... Понатаму следуваше кратка историја на појавување на движењето и славните денови, се разбира со неколку неточни податоци и информации. Инспириран од ова решив да пренесам колку што можам пократка историја за раѓањето, кулминацијата и згаснувањето на неповторливата армија навивачи која долго време стоела зад 42-метарскиот банер Commando Ultra Curva Sud и за периодот на новите AS Roma Ultras. Сѐ започнало вака:[DOUBLEPOST=1430405060][/DOUBLEPOST]Во 70-тите години на минатиот век навивачите на Рома преживувале тешки моменти. Тие се собирале на јужната трибина на стадионот во главниот град, но немале никаво единство. Рома во тоа време официјално броела 6 навивачки здруженија, но во ниту едно официјалната бројност не надминувала 20 луѓе. Во таквиот случај навивачите на Рома често биле напаѓани и лесен плен за останатите навивачки групи, коишто во тој период биле обединети под една хомогена група како на пр. навивачите на градскиот ривал Лацио.

За непријателството помеѓу Рома и Лацио имало повеќе причини, но како основна причина е социјалната нерамноправност помеѓу поддржувачите на двата клуба. „Орлите“, коишто се 27 години постари од својот соперник биле концентрирани во буржоаската област Прати, а тренирале во Париоли, населба каде што живееле голем број водачи на нацистичката партија на Италија. Рома својата поддршка ја добивала од пролетерската област Тестачо. Во таквиот случај Лацио ја уживал поддршката на буржоазниот врв до таков степен, што за „небесно-сините“ навивал во свое време и фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини. Според ова, политичките погледи на навивачите на Лацио биле крајно десничарски, а природно спротивни биле погледите на навивачите на Рома, односно левичарски.[DOUBLEPOST=1430405197][/DOUBLEPOST]Во 1977 година помалите навивачки групи на „Волчицата“ биле изненадени од моќниот напад на лацијалите. Имено бандите на Лацио, кои се собрале во една група под име Commados monteverde Lazio, се движеле низ центарот на Рим уништувајќи сѐ пред себе си и напаѓајќи поддржувачи на Рома. После овој, така да се каже навивачки пораз, навивачите на Рома решиле конкретно да дејствуваат. За почеток четирите најголеми навивачки групи Boys, Pantere, Guerriglieri della Curva Sud и Fossa dei Lupi ги усогласиле своите ставови и се споиле во една голема хомогена навивачка група и на сцената се појавила Commando Ultra Curva Sud. Веднаш потоа биле создадени основните начела за дејстување, коишто биле отелотворение на легендарниот Џепо – водач на CUCS до 1987 година. Основните начела биле следните:

  1. Новата група активно започнала да се занимава со изготвување на кореографии, а исто така и со правење на колоритни банери, во коишто се криела длабока смисла.
  2. Членовите на CUCS активно започнале да го поддржуваат клубот и на натпреварите надвор од Рим.
  3. Членовите на CUCS први во Италија престанале да одржуваат било какви односи со администрацијата на клубот, што во навивачкиот свет се смета за едно од основните правила за истата да биде сфатена како сериозна.
  4. CUCS активно ги поддржувала помалите и новите навивачки групи на Рома и безрезервно им помагала како на групите, така и на поединци.
  5. CUCS строго се придржувала кон левичарската политичка ориентација. И поради тоа што историски навивачите на Рома се сметале за левичари, тие останале долго време затворени за десничарските движења и поддржувачите на десничарските елементи.
[DOUBLEPOST=1430405256][/DOUBLEPOST]to be continued....[DOUBLEPOST=1430405911][/DOUBLEPOST]Меѓу другото тогашниот претседател на "Roma Club Esquillino" Фаусто Јоза во врска со создавањето на CUCS вели:

"Commando Ultra" не се создаде спонтано, туку тоа беше умешен и предомислен потег и покрај тоа што многу од старите генерации сметаат дека тоа се случило стихијно и спонтано. Идејата била темелно разработена од Анцалоне и Фаитела: да се соберат различните групи со помош на поединечно или групно придобивање.(Се разбира таа идеја не била разработена и реализирана преку ноќ во "Roma Club", туку истата била зачната и созревала индивидуално во секој навивач на Рома, а тоа може да се види и од интервјуата во тогашните весници.) Тогаш јас бев претседател на "Roma Club Esquillino". Многу ги сакав боите на клубот на трибината и носев тапани на „Јужната кривина“. Тогаш Фаитела ме викна кај Анцалоне, каде што ми ги објаснија следните планови. Анцалоне рече: „Знаеш што треба да се прави? Продолжете. Јоза што е потребно за тоа?“ Јас ги изложив своите услови: „дозвола за предвремено носење тапани, банери и транспаренти. Дозвола за било какви знамиња и акции.“ Јас не се трудев да барам нешто невозможно, но барав неопходно. Првата средба со момците од „Јужната кривина“ се случи во канцеларијата на "AIRC" ("Associazione Italiana Roma Club" – клубот на навивачите, основан во 1972 година. Една од првите обиди да се создаде хомогена организација на навивачи. Но, таа не ги обедини навивачите, а интересно е тоа што и ден денес постои и финкционира на „Трибуна Тавере“. Ги обединува во себе сите официјални фан клубови на Рома од градовите ширум Италија). Сѐ течеше без проблеми. Но, не можеше да биде поинаку. Лидерите на навивачките подгрупи беа млади луѓе, но со зрели размислувања и визија за социјалните прашања – Антонио Бонџи, Роберто Рулли, Стефано Малфати, Џани Мацарели, Анџело Маљкори, Фабио Алезе, Серџо, Арчанџели, Марко Анџелини, Масимо Бонерба.

Што се однесува до името на навивачката група, било решено секој да предложи по едно име и потоа, по разгледувањето на предлозите беше избран називот, којшто го предложил Бонџи - Commando Ultra Curva Sud :

Се сетив на една статија во весникот "Corriere Della Sera" за судирите на палестинските Ултра-командоси. Ми се допадна називот и го издвоив како своја варијанта.Тоа им се допадна на мнозинството и помина,“ – се сеќава Антонио. После именувањето бил избран и симболот – две црвени букви "U" и "R" на бела позадина разделени со гром. Симбол на силата, којшто асоцира на решителноста и подготвеноста за акција, а сепак изгледа помалку мрачен од знакот со череп и коски од Торино. Повторно се гледа стремеж да се биде оригинален, да не се копира ништо и да се продолжи во развојот на ултра движењето, без да се нурне во бездната на фудбалското насилство.

За прв пат CUCS организирано се појавуваат на 7 јануари 1977 год. на мечот Рома-Сампдорија (3-0).[DOUBLEPOST=1430406132][/DOUBLEPOST]„Тоа беше фантастично! Ни беше наредено да одиме на стадион многу порано пред почетокот на натпреварот! Бевме единствени на таквиот голем стадион, а тоа беше нашето најдобро време. Бевме таму, полни со емоции, со единствениот и неповторлив 42 метарски транспарент. Тој ден гледавме прекрасен фудбал – победа од 3-0 против Сампдорија. Тоа беше победа, празник на љубовта и преданоста на екипата, но знаевме дека сето тоа е само почеток. Иако наша единствена грешка тогаш беше пеењето долго до почетокот на натправарот, при што многу наши членови потполно го изгубија својот глас за второто полувреме. ... Ја почувствувавме воодушевувачката реакција на навивачите и се трудевме да дознаеме кои се тие момци со транспарентот. Од нашите седишта лошо се гледаше. Тогаш се роди една група, која многу години ќе го држи приматот за најсилна во Италија. .... 1977 година, стана година на обединувањето. Тогаш не знаевме многу, имавме само 8 тапани и 2 знамиња. Но, имавме ентузијазам да се усовршуваме. Во 1978 год. првите финансиски проблеми ни нанесоа мал удар. Купивме уште 12 тапани и порачавме нови знамиња, се снабдувавме со димни бомби и бакљи и секоја недела правевме шоу. А тоа чинеше многу пари. Покрај тоа, никој не ни помагаше со пари, туку ние самите решивме да продаваме флаери и облека со амблемот на нашата група пред стадионот, за колку што можеме да ги покриеме загубите. ... Брзо се појави и идејата да се воведе и членарина во групата, не само од економска гледна точка, туку и со членските карти да се има поголема контрола врз бројката на поддржувачите и да се знае на кого можеме да се потпреме кога ни е потребна помош.“ – извадоци од историјата на "CUCS", којашто се појави во фанзинот "Giallorossi" во 1983 год.

Главен ривал на почетокот им биле навивачите на Лацио. Се разбира, војната со лацијалите била во преден план и била претставена како битка помеѓу „Лупа“(волчицата) и „Аквила“. Во 1979 година навивачите од „Јужната кривина“ прошверцувале на стадион сигнален пиштол со две ракети, коишто ги истрелале во правец кон „Северната кривина“. Резултатот ги надмина сите очекувања, при што на 22 годишниот навивач на Лацио со презиме Папарели му бил откинат дел од главата. Тој починал уште во истиот момент, а ривалството помеѓу навивачките групи на овие два клуба достигнува ново ниво, каде што и убиството се смета за нешто очекувано и возможно. Освен со лацијалите навивачите на Рома морале да негуваат свои односи (било позитивни или негативни) со повеќе од 10 други групи од Италија.[DOUBLEPOST=1430406646][/DOUBLEPOST]Италијанскиот модел на општествено и политичко уредување помогнал за уште веднаш по природен пат да се разграничат непријателствата и пријателствата на навивачките групи, при што територијалните разделувања на јужни и северни се делеле според општо-познатиот факт дека северот од Италија за разлика од југот е побогат и поразвиен, а политички се делеле на десничарски и левичарски партии. Така што Рома, односно нејзините подржувачи како левичари од југот уште веднаш, од времето на своето создавање како непријатели ги сметале сите навивачки групи и поддржувачи на северните клубови, а исто така и десничарските групи биле нивни непријатели. Освен лацијалите, главни опоненти на Романистите станале и навивачите на Јувентус (откако „Старата дама“ скандалозно им го украде скудетото на Рома во 1981 год.), навивачите на Милан (ривалитетот север-југ), навивачите на Интер (се сметале за ултра десничари, но пред сѐ биле близки на најголемите ривали на Романистите-Лацијалите).

80-тите години се обележани како најуспешни години на CUCS. Оваа навивачка армија успешно се претставува во Европа, а во Италија долго време им немало рамни. Без разлика на тоа што навивачите од „Јужната кривина“ не контактирале со управите на клубот, играчите на Рома ја чувствувале безрезервната поддршка на своите навивачи и на тоа им возвраќале со безрезервна љубов. Било вообичаено фудбалер на Рома по постигнувањето на голот да истрча кон „Јужната кривина“ и заедно со своите навивачи бесно да го прослави постигнатиот гол. Во тоа време како конкуренција на CUCS во границите на Италија се појавила миланската група Fossa dei Leoni. Двете групи се характеризирале со голема бројност и агресивно однесување. Почетокот на 80-тите се случиле повеќе судири помеѓу овие две навивачки групи, но најкрвав од сите е судирот на периферијата од Рим, во којшто учествувале околу 800 навивачи. Пресметката (однапред договорена) се одвивала прилично долго (повеќе од половина час) и како резултат на тоа двете страни доживеале големи загуби. Првично и миланистите и романистите биле одлучни да не користат орудија, иако во жештината на битката дел од едните и другите извадиле и ножеви, при што тепачката се преквалификувала од „рачна“ во тепачка со ножеви или во Италија популарна како „ласа“ (бодење). На крајот по доаѓањето на полицијата како резултат на судирот лежеле околу 50 неподвижни навивачи од двете страни. Од нив само еден навивач на црвено-црните не успеал да преживее, бил прободен со нож право во срцето. Долго време после овој настан навивачката група Fossa dei Leoni не доаѓала на гостувања во Рим, но затоа пак во потполна борбена готовност ги дочекувала романистите во Милано. Иако момците од CUCS патувале во Милано без било какви обележја од клубот, навивачите на Милан прилично брзо научиле да ги откриваат. Работата била во тоа што навивачите на Рома патувале без обележја, но имале малечки шијанки на јаките од јакните со наслов „Ултрас Рома“. Како резултат на овие заседи во Милано бил убиен еден навивач на Рома – Антонио Де Фалки. Секој ривалитет на CUCS со навивачките групи на останатите екипи во Серија А има сопствен шмек и секој поединечно е приказна сама по себе, за којашто пообемно ќе пишувам во друга прилика.
 
Последно уредено:
Сепак ривалитетот со лацијалите е во преден план. Жештината и страста од трибините се префрлила и на теренот. Така што во тоа време се појавува еден играч во Лацио, кој навивачите на Рома го мразат од дното на душата. Се разбира тоа е Паоло Ди Канио, кој откако го постигнал својот прв гол против Рома на градското дерби, истрчал кон „Јужната кривина“ и со нацистички поздрав ги испровоцирал истите. Тоа го повтори и неколку години после тоа, кога повторно го облече синиот дрес. Друг случај е со играчот на Рома – Астудиљо Марџољо, кој бил продаден во Лацио и покрај неговото негодување во врска со тоа. Меѓу навивачите на Лацио тој бил персона нонграта поради тоа што го носел дресот на нивниот најголем противник. За време на еден натпревар тој претрпел толку жестоки навреди и опструкции што за време на натпреварот го скинал дресот, го плукнал кај амблемот и го фрлил на земја, по што доброволно го напуштил теренот и се упатил во подтрибинскиот простор. Се разбира уште во истиот момент на овој гест Марџољо станува херој во очите на навивачите на Рома.

Во 1986 година во екипата на Рома доаѓа екс лацијалот Лионело Манфредони. Судбината реши тој да ја одигра судбоносната улога во историјата на римската навивачка група Commando Ultra Curva Sud. Навивачкиот врв на римската култна армија не одлучила каков став ќе заземе во врска со новодојдениот фудбалер. Ситуацијата ја осложнувале испадите на Манфредони за време на натпреварите против Рома, неговите невкусни изјави за црвено-жолтите и неговото јавно радување за поразот на Рома во финалето од тогашната ЛШ против Ливерпул. Па така еден дел од Commando Ultra Curva Sud сметале дека тоа што Манфредони во тој момент бил играч на Рома требало да се однесуваат лојално. Другата група новиот фудбалер на Рома го сметале за непожелен и непријателски дел од клубот. Поддржувачите на Манфредони се споиле во една група со назив Vecchio CUCS (стар CUCS), додека пак тие што не го прифаќале новиот фудбалер се обединиле околу групата CUCS-GAM (CUCS — Group Anti Manfredonia). Кулмнацијата се случила на 2-ри септември 1987 год. на куп натпреварот помеѓу Рома и Џенова. CUCS-GAM извадиле транспарент наменет за Манфредони со порака: „Недостоен, соблечи го дресот!“. Овој транспарент предизвикал нереди на трибината, на којшто учествувале повеќе од 2000 луѓе, односно членовите на Vecchio CUCS ги нападнале членовите на CUCS-GAM, при што 2 лица завршиле на интензивна нега. Со тоа и официјално престана да постои Commando Ultra Curva Sud. Откако се распаднала оваа група, навивачите на Рома привремено го изгубиле своето единство, коешто било еден вид нивни симбол, којшто не постоел кај ниту една друга група во Италија. После тоа се појавиле неколку нови подгрупи на „Јужната кривина“, коишто сакале да ја преземат контролата над останатите групи со цел да ги присоединат повторно, но безуспешно. Тие години за прв пат се појавуваат и подгрупи, поддржувачи на Рома со десничарски погледи. Подоцна една од најстарите групи ВОYS ќе биде етикетирана како десничарска. Верувајќи дека тоа е спротивно на традицијата на клубот и срам за групата старите водачи на CUCS на чело со Џепо создале нова група, во којашто сакале да ги сочуваат основните идеали на CUCS. Оваа група добила назив Opposta Fazzione (група противници). Сметајќи дека новите групи не ги почитуваат основните начела на трибината, Opposta Fazzione стануваат посебна навивачка група, која што не поддржува ниту една друга група од „Јужната кривина“. Челновите на Opposta Fazzione после тоа биле спојувани со многу криминални елементи и дела, а во 1992 веќе била обелоденета нивната соработка со италијанската мафија. Живејќи според законите на строгиот мафијашки завет „omerta“, Џепо и неговите соработници до денес се сметаат за единствена левичарска подгрупа на Рома, а можеби до некаде и Fedayn.

На почетокот на 90-тите години една од најстарите подгрупи ВОYS пробала да ја обедини „Јужната кривина“. Во новиот клан AS Roma Ultras влегле сите навивачки подгрупи, стационирани на „Јужната кривина“ од стадионот Олимпико. Новата група на трудела да ја обнови старата традиција и да ја повтори старата слава на легендарната Commando Ultra Curva Sud. Во текот на 90-тите и 2000-тите години, може да се каже дека оваа група и те како се стекнала со приматот, којшто долго време им припаѓал на CUCS. Голем број на акции, кореографии, баклијади, незаборавни гостувања се само еден дел од бројната палета на нивното постоење. Ако се пишува поединечно за секој натпревар, гостување или историја и хроника со настани на секоја подгрупа поединечно потребна е повеќе годишна работа. Би издвоил само еден настан од речиси поновата историја на клубот и групата а тоа е гостувањето во Неапол во 2001 година, кога на три кола пред крајот Рома со победа би го освоила своето трето скудето. И покрај тоа што гостувањето на Римјаните во Неапол се смета за исклучително опасно, ако се земе предвид долгогодишната „војна“ помеѓу навивачите на Рома и Наполи, кон Неапол се упатиле повеќе од 10 000 навивачи на Рома. Уште на самиот влез на Неапол судир. Врз автобусите со навивачи на Рома десетици наполитанци фрлале со камења и шишиња. Се чинело дека тој ден на улиците низ неапол излегле сите наполитанци, со цел да го блокираат доаѓањето на романистите на нивниот стадион. Кога конечно стигнале навивачите на Рома до железничката станица во Неапол (претходно договорено збирно место), можело да се видат речиси демолираните автобуси. Навивачите на Рома не останале ни малку должни, при што на железничката станица во Неапол пробале да детонираат самоделна бомба, која за среќа на присутните не експлодирала поради технички проблем во механизмот и навреме била деактивирана. За жал во тие немири животот го загубил еден полицаец а десетици навивачи биле притворени.

Крај (1 дел )
 
Истите C.U.C.S. напагани во фан клубот на ФБ.Истите тие што крварат за клубот се прогласени за црна дамка од луѓе што ја пратат Рома само преку ТВ приемниците.За жал македонските романисти немат појма што претставува нивниот клуб.За разлика од лацијалите во Македонија кои ите како знаат што е Лацио
 
Друже и тие не знаат. Еден ден се против Лотито бојкотираат, после тоа врзуваат некоја победа и оп сите се на трибина насмеани, а за Лотито никаков лош збор. Дури напротив имал убава политика.
Инаку што се однесува до нашиве, не сакам да обвинам никој или да застанам на една или на друга страна.
Факт е дека Рома беше на крстопат. Едниот пат беше тој по кој одеше Росела, односно патот на еден вид стагнација, односно секогаш тука во горен дел на табела. Другиот пат беше да се најде инвеститор странец, ако не се лажам за прв пат во историјата на Калчото и преку еден вид на транзиција да го дигне тимот на повисоко ниво.
Американциве сметам дека излегоа со развоен план, па и затоа Сенси се одлучија да им го продадат клубот, а штом се Американци се знае како ќе се одвива тоа. Реклами, ребрендирање на симболи, дрн-дрн и сл.
Како што кажав не сакам да заземам страни, не ми се допаѓа што го променија знакот, ама сметам дека е добро спонзорството со Најк. Не ми се допаѓа што продаваат ѕвезди после една сезона помината во клубот, а сѐ тоа за профит.
Нека продаваат, нека купуваат, можеби и ќе остваруваат голем профит и ќе го кренат тимот на повисоко финансиско ниво, ама на навивачите не им е гајле, тие гледаат само победи и титули и само тоа ги интересира, а и по тоа ќе се паметат и фудбалерите и славните денови на клубовите.
Времето ќе покаже.
п.с. Се надевам не звучам како латас
 
Сигурно ти на мене ќе ми објаснеш што претставува овој клуб, не си го прчи тука и немој да не просветлуваш, барем не мене ;)
 
Greska si navivacite se vratija da go bodrat Lacio, a Lotito seuste go plukaat.
P.s Mozete da mi cestitate za kupot vo primavera :D
 
Пред се мислам на филозофијата на клубот.Прво нашиве одвешни навивачи тврдат како логото било поубаво и тие од Рим биле болни што биле против логото.Потоа Curva Sud се нарко дилери и еден куп муабети што не се изначитав.
Greska si navivacite se vratija da go bodrat Lacio, a Lotito seuste go plukaat.
P.s Mozete da mi cestitate za kupot vo primavera :D
Честито куп во примавера.Барем оваа година да завршиме како 2ри бидејќи од наша оваа како тргнала ќе е лацијалска година.
 
Пред се мислам на филозофијата на клубот.Прво нашиве одвешни навивачи тврдат како логото било поубаво и тие од Рим биле болни што биле против логото.Потоа Curva Sud се нарко дилери и еден куп муабети што не се изначитав.

Честито куп во примавера.Барем оваа година да завршиме како 2ри бидејќи од наша оваа како тргнала ќе е лацијалска година.
Sakam derbito da odluci koj ke bide vtor,taka ke bide najzasluzeno :)
 
Нешто хумано од страна на Флоренци. (се извинувам за србско-хрватскиот):

Veliko srce Florencija: dres u dobrotvorne svrhe za navijača Lacija koji se nalazi u komi

Alesandro Florenci uvek pokazuje da ima veliko srce i da teži plemenitosti. Broj 24 Đalorosa je poklonio svoj dres u dobrotvorne svrhe za pristalicu Lacija, Chiara Insidiosa, žrtvu napada od pre par godina, koji se i dalje nalazi u komi. Otac ovog momka se zahvalio putem Fejsbuka igraču za njegov gest: " Igrač Rome, Alesandro Florenci, poklonio je svoj dres da bi se prikupila neophodna sredstva za lečenje mog sina. Dres se nalazi u baru Casal Bernocchi, gde će se održati licitacija za isti. U međuvremenu cela porodica se zahvaljuje Alesandru Florenciju."
 
:cuc:
 
Де Роси, Итурбе, Паредес, Дибала и не знам кој, гледаат Бока - Ривер :)
11193259_10155460314035125_2500807867721424817_n.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom