Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Прашањето како треба СДСМ да функционира е барање совет. Ако нешто пред 15 години ги сменило начините на дејствување, како јас кој ги прифаќам новонаметнатите начини сум необјективен, а ти кој плачеш и тагуваш по старите си објективен?
Абе дај сфати дека само им го легитимизраш конфликтот кој им беше главна алатка за да дојдат до позициите, тоа беше turning point за целото нивно дејствување, и до ден денес се користат со истата алатка само со намален интензитет, индиректно се имаат добиено на тој начин. Пред тие 15 години се смени начинот на функционирање на една партија т.е еден политички блок, за другите принципите останаа исти.
 
Веруј ми има. Бауер, Трансмет и Бетон се дпмнеовски фирми, гледај кои проекти ги земаат само. Гранит освен во екот на Скопје 2014 у последниве години се јавува дури и ко подизведувач на странски фирми. Ко на пример Штрабак за Автопатон Катланово - Велес, па дури и за Кичево - Охрид. На страна тоа што на Гранит му дужат 16 милиони евра.
Значи од немајкаде ги користат? Ај сеа фати им го крајот на вмровциве? Јас искрено го гледам крајниот резултат и не ме итнересира мн кох е изведувач. Пред НРБМ беше утка (ваљда Бауер) , пред Бисер е топ (Гранит). Е сеа малку тука игра улога и нивото до каде се реконструира и тн.
 
Абе дај сфати дека само им го легитимизраш конфликтот кој им беше главна алатка за да дојдат до позициите, тоа беше turning point за целото нивно дејствување, и до ден денес се користат со истата алатка само со намален интензитет, индиректно се имаат добиено на тој начин. Пред тие 15 години се смени начинот на функционирање на една партија т.е еден политички блок, за другите принципите останаа исти.
Конфликтот се легитимизира во моментот кога сите политички субјекти го потпишаа рамковниот договор па само си го зголемуваше легитимитетот кога Собранието изгласа амнестија за борците на ОНА, кога Република Македонија дозволи ОНА да прерасне во политички субјект, кога тој рамковен договор стана составен дел од Уставот, кога ДУИ влегоа во влада... Тие досега беа ептен нелегитимни, и никој не ги признава, па јас требало да сфатам дека сум им давал легитимитет. :pos:

И после сакаш сериозно да дискутираме за политика.
 
Не е тоа оддавање легитимитет, ептен ги имаш измешано работите: Ама барем упорен си и си седиш на ставот дека преку конфликт денес единствено може да се дојде до поени, и тоа им фали на овие што ги мразиш и сметаш дека се неспособни. Се и сешто имам прочитано, ама ова е некаков врв у последно време. :icon_lol:
 
Не е тоа оддавање легитимитет, ептен ги имаш измешано работите: Ама барем упорен си и си седиш на ставот дека преку конфликт денес единствено може да се дојде до поени, и тоа фали на овие што ги мразиш и сметаш дека се неспособни. Се и сешто имам прочитано, ама ова е некаков врв у последно време. :icon_lol:
Среќа вам ви се наредени работите како што треба, па така наредено ќе дојдете на власт, ќе го стрпате Груевски во затвор и ќе ја оправите работата. Како што го одбранивте ГТЦ. :icon_lol:
 
Среќа вам ви се наредени работите како што треба, па така наредено ќе дојдете на власт, ќе го стрпате Груевски во затвор и ќе ја оправите работата. Како што го одбранивте ГТЦ. :icon_lol:
чекај стрпи се сега ќе иде 40-та бомба па коа ќе се упецаат на неа твиерџииве па лајкови коа ќе почнат да фрштат...
 
Баш е позабавна сега темата. Порано само MEDDLE од време на време ќе крикнеше - КИЧ! ОДВРАТНО! УА! И толку, немаше реакции...вака барем има муабет.
P.S. ГТЦ не е дел од СК2014.

Епа ви личи на сите вакви муабети.....

тоа е тоа...[DOUBLEPOST=1430222839][/DOUBLEPOST]

Шо се чудиш.. има нешто нејасно?

се испартизиравте ебаве беља ебаве....
 
Агресивно нешто ќе биде денес. Butthurt се. :D

Мала дигресија од темава, ама кога веќе тераме ме интересира дали веруваш на бомбите, во смисла дека разговорите не се монтажа?
 
Мала дигресија од темава, ама кога веќе тераме ме интересира дали веруваш на бомбите, во смисла дека разговорите не се монтажа?
Монтажа е творечка постапка на бирање и распоредување на кадри во сцени и секвенци и нивно групирање во едно конечно дело - филм.
Монтажерот работи со снимени кадри кои ги селектира и групира во сцени и секвенци кои пак се групираат во конечно дело - филм.
 
Лесно е да се монтира, ама уште полесно е да се види дали е монтирано нештото слика/видео/аудио.;)
 
Монтажа е творечка постапка на бирање и распоредување на кадри во сцени и секвенци и нивно групирање во едно конечно дело - филм.
Монтажерот работи со снимени кадри кои ги селектира и групира во сцени и секвенци кои пак се групираат во конечно дело - филм.

Фала за објаснувањето на тоа што е монтажа. Баш тоа ме интересираше да знам.
Инаку, еве и за тебе, кога да речиме министерката вели (отприлика) “ние секогаш ги праќаме на технички автобусите на опозицијата...„ дали според тебе е веродостојно или секој збор од реченицата е земен од некој друг разговор?
 
Мала дигресија од темава, ама кога веќе тераме ме интересира дали веруваш на бомбите, во смисла дека разговорите не се монтажа?
Разговорите се имаат случено. Зборовите се изговорени од тие што ги слушаме. Ама контекстот во кој се ставени е режиран и е правен cherry picking. За да добиеме верна слика, треба да ги добиеме сите разговори, само подредени хронолошки, без попување и дообјаснување.
 
Последно уредено:
Фала за објаснувањето на тоа што е монтажа. Баш тоа ме интересираше да знам.
Инаку, еве и за тебе, кога да речиме министерката вели (отприлика) “ние секогаш ги праќаме на технички автобусите на опозицијата...„ дали според тебе е веродостојно или секој збор од реченицата е земен од некој друг разговор?
Да, мислам дека е земен од претходниот и претходниот и претходниот и претходниот министер за внтарешни.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom