Претседателот на Државната изборна комисија, Никола Рилковски, вели дека владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ го бојкотираше референдумот за ГТЦ, дека партиското членство било под притисок да не излезе на гласање и дека тоа е причината зошто не се постигна цензуот од 50 отсто за референдумот да биде успешен.
Ова беа избори, вели тој, каде гласаше само една партија, да не се случеше бојкотот опозицијата ќе ја понесеше победата, и со градоначалник и во бројот на советници.
-
Од страна на ВМРО-ДПМНЕ имаше апстиненција, си го повикаа членството да не гласа. Апстинираше и дел од администрацијата каде власта ја има контролата. Не смееја да излезат затоа што така им било речено. Имаше доста граѓани кои беа принудени да апстинираат со притисоци. Ова се избори каде излезе само една страна, опозицијата. На другите избори излегувале симпатизерите на најмалку две партии. Но доколку се спореди со локални избори, излезноста од 40 отсто говори дека имаме комотна победа на опозицијата, и за градоначалникот и во бројот на советници. Оваа бројка е најголема за опозицијата до сеа. Да излезеше и другата партија процентот на гласови ќе беше над 60 отсто – вели Рилковски.
Според него не е логично тоа што е потребен цензус од 50 отсто за локално прашање на референдум, додека за избор на претседател да биде потребен цензус од 40 отсто. Вели дека се потребни измени во Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, кои би наложиле на локален референдум цензуот да биде помеѓу 30-40 отсто од гласачите.
- Законот е одамна донесен и не е во согласност со Изборниот законик. Мора да се направи промена и усогласување. Промената на фасада е прашање од локален карактер и нема големо значење за државата. Во споредба со изборот на претседател, државник, тоа е минорно прашање, а сепак ни е потребен цензус од 50 отсто. Не држи тоа за избор на претседател да е доволен цензус од 40 отсто. За референдумот, како овој за ГТЦ, цензусот треба да биде помал од она што е предвидено за државнички прашања. Да речеме помеѓу 30-40 отсто – додава претседателот на ДИК.
Неуспехот на референдумот за ГТЦ, посочува, се должи и делумно на непрочистениот избирачки список. Во него има гласачи од Пустец, т.н. фантомски гласачи, починати и граѓани со повеќе лични карти.
Рилковски вели дека во план е Државната изброна комисија да отпочне проект за прочистување на списокот во соработка со невладините организации, така што лично би се проверувале сомнителните адреси. Но, додава, потребни за средства за да се спроведе тоа.
За тоа дека треба да се прочисти списокот се согласувам, ама другото му е... мех.
Како може по завршување на референдумот сите да се жалат зошто било 50+1? Правилата на игра си се утврдени уште од почеток. Никој не го ни споменуваше овој факт, а сега одеднаш не чинело. Референдум е еден од облиците на директна т.е непосредна демократија, кадешто граѓаните се прашуваат за мислење по одредена тема, не е битно дали е на локално или на државно ниво.
И сега прашањето биле од локален карактер, не било битно за државата, а до вчера беше ГТЦ е историско наследство на Македонија...
Штом се работи за прашање, проект и сл. каде се бара мислењето на жителите, логично е дека треба барем половината од нив да се изјаснат. 40% не е мала бројка, ама утврдено е дека треба истата да биде 50 +1. Не сме измислиле ние топла вода, мноооогу пред нас некои паметни луѓе го составиле тоа. СЕКАДЕ кадешто се организира референдум се бара 50+1, ако не се лажам, читав некаде и за држави кои бараат и 60% излезност. Мнозинството треба да гласа. И сега одеднаш, не чинело...
За претседател го намалија цензусот на 40%, затоа што одамна кај нас и нема некоја голема заинтересираност кај луѓето за претседателски избори, дури имаше и дебати дека треба да се бира преку Собранието (со што лично строго не се согласувам).
И во 2004 беше истото, немаше цензус, пропадна референдумот. Само различни беа страните. И тоа е тоа. Нема лутиш, кој гласал - гласал, кој не гласал - не гласал и тоа е.
Јас лично сум против неизлегување на избори и слични форми на гласање, тоа ми е лично убедување, сметам дека секоја демократска алатка треба да биде искористена, но неизлегување си е легитимен избор, колку тоа се допаѓа некому или не. И не е прв пат, а нема ни да биде последен пат да пропадне референдум, проблемот е што веројатно некаде погрешиле во пресметките.
Муабетов не ми соодветствува на претседател на ДИК, посебно со муабетите, победа на опозиција, како ги споредува бројките? Кој број на советници, кој градоначалник? Врз која основа ја базира статистиката? Ако на локалните излегле 60%, 32% да биле за опозиција, 28% од тие за ДПМНЕ (не ми се точни бројкиве, груба пресметка правам), имаш уште плус 8% кои излегле, кои тврдам дека не биле сите за опозиција или за бомби-момби, туку искрено си излегле да гласаат за референдумот. Малку се промашува поентата. Од моментот да го зачуваме ГТЦ, отпосле излегуваат изјави победа на опозицијата, па не излегоа сите заради опозиција, гарантирам.

Плус имаше и 4 посто кои гласале против, значи тоа се исто така
можеби гласачи на власта. Значи 32% да се опозиција + 4% кои гласале против еве да ги земеме дека се гласачи на власта + уште 4% кои излегле заради идејата за ГТЦ = ете ти ја излезноста.
Не знам од каде излезе дека ова било опипување пулс за бомбите. Можеби во позадина да, било за да се опипа пулс, ама не верувам дека повеќето што излегоа гледале на тој начин.
Многу ми е муабетов како за муабет пред кооперација, а не за претседател на ДИК, искрено.