Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Uvid%20gradezni%20raboti%20Gologanov%20%283%29.jpg

Чекај де еве митрополит Теодосиј Гологанов ќе го завршат во Мај па идеме накај Чаир. Кај брзаш? Исто како што ти не признаваш дека Коца Трајановски е најдобар градоначалник до сега, има и други кои немаат да признаат некои грешки кои ги направила власта....
 
тебе не ти значи, мене ми значи. Роден сум и растен сум покрај трговскиот, тогаш најголемиот на балканот. За жал, добар дел од овие во населбиве кои се фаворизираат ниту се родени овде, ниту го осеќаат гтц, маалата и други белези као нешто вредно. Исто како што јас немам никакви чувства за нивните маала во нивните градови. Затоа и не се мешам ако решат да го сменат текот на Драгорот или ако велешката чаршија го смени ликот.
И одеднаш решил некој ќе го преправа целосно, да не личи на ништо, во суштина даличи на сешто. Ете затоа требаше да гласа макар цело Скопје и тоа само оние кои се родени во Скопје. Тоа што му го прават на гтц и сличните објекти, никогаш нема Скопје да се опорави. Како што никогаш нема да се опорави од гужвите, стоилјадитната администрација и новите административни згради и загадувањата. И покрај сите укажувања, магарешки инает да кажеш дека имаат е малку. Скопје е тоталка веќе направено.
јас тебе те резбирам и све е тоа ок, јас си кажав само за себе, ова за мене е само циркус и си гледам сеир и во целава ситуација само се прашувам кој е побудала ...
 
Единствен градоначалник кој ја прошири и среди како така улицата беше Пенов. После него тротоарите низ Чаир се распаднати (поминете покрај стадионот или зад Циглана), урбаниот хаос е хорор, нигде нема една нормална патека за пешаци ни за велосипеди. Голем дел од патеките за возила се полоши отколку во предвоена Југославија, налик на макадам. Ние не бараме патека за трудници или кученца, само инфраструктура за едно нормално функционирање. Коце е веќе 7-8 години, сите пари ги потроши кај македонците во Аеродром и центар (макар да и тоа е знак прашање колку е центарот инфраструктурно среден и чист). Али затоа смешна е споредбата во темите со Словенија, Германија или Австрија.
Додека владеат, добивме за возврат неколкупати повеќе џамии и косовари. Коце го боли уво за половина Скопје. Него како и старите чаирски и сегашните бутелски градоначалници ги интересираат само пари и гласачи, тоа е јасно, макар по цена целосно да го албанизираат половина Скопје и да го накитат со џамии. За 25 години владеење на мвро, цели населби од старат општина Чаир се албанизирани и инфраструктурно, хигиенски и урбано во хаос. А тие се тепаат за некој стиропор, Гагарин и ограда од злато.
Овој проект веројатно ја одигра својата тројна улога, нели им е доволно да се мајтапат со граѓаните.
 
Која улица? Лани се реконструираа пешачките патеки карши мавровка до бит пазар. Стадионот т.е. улицата таму не е под надлежност на Меџити? Глупости е дека се инвестира само во две општини, него целта е нели Пенов најбољи гардоначалник. А уште посмешно ми е што обвинуваш за косовицазија а Пенов кога изгуби од Трифун се крстеше во гласовите од албанците а жерновски тогаш јавно зборуваше за контингент гласови од албанците за втор круг. И да не заборавиме, Пенов немаше ниту еден јавен настап во врска со територијалната реорганизација 2004 која го смени ликот на Скопје по што стана двојазичен град а Чаир мнозинска албанска општина. Само еднаш излезе со блага поддршка за новата организација. Еееј градоначлник на град кој ќе се смени него го нема нигде. Не знам ова како си го заборавил или селективна меморија? Ако си толку загрижен за албанцизијата не треба ни името да му го спомнеш.
еве да те потсетам
Со припојувањето на општините Сарај и Кондово на Градот Скопје бројот на Албанците се зголеми од 15,30% на преку 20% со што главниот град на Република Македонија стана двојазичен. На Скопје му се придадоа уште 229 км квадратни и голем број села кои (некои немаат ни канализација ни телефонска мрежа) кои се оддалечени и повеќе од 20 км од него.

За пенов - градоначалник од 1996-2005
вест од 2006 година

Булеварот „Крсте Мисирков“ плаче за реконструкција
Булеварот ?Крсте Мисирков°, главната артерија која го поврзува Бит-пазар со булеварот ?Кочо Рацин°, е во катастрофална состојба. Коловозот е преполн со дупки, а стариот асфалт набран и на повеќе места распукан. Оваа градска сообраќајница одамна ?плаче" за реконструкција. Зашто, ваква каква што е, претставува опасност за возачите. Оние што секојдневно возат по неа, вешто ги избегнуваат дупките во асфалтот, бидејќи веќе сите ги знаат на памет. Но, оние на кои тоа не им познато и уште ако поминуваат ноќе, тогаш јасно е колкава е опасноста што ги демне.
Но, освен асфалтот на коловозот, на овој булевар веќе сосема се раскопани и пешачките патеки и тротоарите, особено на делот кај Бит-пазар. Дел од нив минатата година Градот ги ?покри" со лиен асфалт и тоа на потегот од тогашниот продажен салон на ?Скопски пазар°, сега аптека на ?Зегин" до ТЦ ?Мавровска°. Градските власти се обидоа да се оправдаат дека немаат доволно пари тротоарите да се направат помодерно и да ги уредат со павер-елементи. Немањето пари е причина што тогаш како поевтино решение дупките беа покриени со лиен асфалт и што булевар ?Крсте Мисирков° сў уште останува нереконструиран

P.S. во моментов се врши реконструкција на цветан димов.
 
Последно уредено:
КПМ, како да не. Можда за тебе и таквите како тебе.
Можда вие се восхитувате у партија на моделите на дејствување и владеење на КПМ, па ваљда затоа ги ставаш на ист пиедестал, али меѓу обичниот човек малкумина има такви.
КПМ е носител на НОБ. И како таква, има силна употребна вредност кај обичниот човек. Тоа што неписмени не знаат да и ја користат е друга работа.
 
Дечки темава е Скопје 2014.. и овде ли сеа префрлати каква партија била СДС, а каква партија ВемероУ... ?!?!
??

Битно е да се застапени сите региони и сите крила. СДСМ откако дојде Заев, го нема тоа. Сега се Заев, Циц, Локвенец и другарите, со Рада како вокална поддршка. Не е битно каков потенцијал има човекот, кога извира од базата. Ако е назначен од некого, а треба да комуницира со база, колку сака нека е паметен.
Добро бе, за комуникација центар и месни заедници ли почна да збориш? Сеа овдека ли ја најде предноста? Не ти иде у прилог и ова, а и во случај да е така, тоа што сега овие кај дуи се избрани од базата ги рамниш нив на пиуни, тоа го спушта политичкото ниво во државата, и за тебе во овој случај интелектуалниот капацитет и политичко расудување на избраникот му доаѓа како мана а не предност, а тоа доволно збори колку ти е издржана тезата.
За начини и методи, прво треба да се јават, да добијат број на жиро сметка, да направат трансакција, па може да се муабети. Дотогаш, имам секакво право да им ги исмевам нивните идиотски начини и методи и да се фрапирам од нивните добри и половични неуспешни успеси.
Ги знаеш начините и методите преку кои дојдоа до политички капитал годината кога се формираа, не маневрирај со фактите, се дивиш на луѓе кои преку вооружен конфликт добија позиции, а кои преку константни немири и закани за дестабилизација ги држат истите позиции. Здраво размислување.(y)
 
Добро бе, за комуникација центар и месни заедници ли почна да збориш? Сеа овдека ли ја најде предноста? Не ти иде у прилог и ова, а и во случај да е така, тоа што сега овие кај дуи се избрани од базата ги рамниш нив на пиуни, тоа го спушта политичкото ниво во државата, и за тебе во овој случај интелектуалниот капацитет и политичко расудување на избраникот му доаѓа како мана а не предност, а тоа доволно збори колку ти е издржана тезата.

Ги знаеш начините и методите преку кои дојдоа до политички капитал годината кога се формираа, не маневрирај со фактите, се дивиш на луѓе кои преку вооружен конфликт добија позиции, а кои преку константни немири и закани за дестабилизација ги држат истите позиции. Здраво размислување.(y)
СДСМ 2002 - 497.342 гласачи, ДУИ 2002 - 145.615 гласачи; СДСМ 2014 - 283.955 гласачи, ДУИ 2014 - 153.646 гласачи.

ДУИ од 2002ра до 2014та не војуваше со никого, туку водеше политика со пресметани политички маневри и кадровски решенија. Не правиме муабет за дивење или мразење, констатираме капацитет.
 
Брате не знам што се објаснуваш. Јасно е што кажуваш, него овие ја вртат водата на друга воденица демек некој се воодушевувал од ДУИ. Ако некој се воодушевува и се крсти во нив тоа е опозицијата која стиска палци да се распадне коалицијата пошто само така може да дојдат (т.е. не знам баш ни така дали можат) на власт. Тоа е таа шизофренија, те плука тебе и иде гласа за тие што се крстат во нив уште пред да почнат изборите. Ти вика вие сте измеќари на ДУИ и после ти објавува снимки во кои ги нарекуваш шипци и вика ти си националист. Власта прифатила друго име пред самитот на НАТО уа пердавници и во истиот ден ти вика намерно не го менуваат името за да не влеземе во ЕУ и НАТО и да владеат како сакаат. Нема јасна мисла, нема концепт, идеја, визија ништо. Ај сеа за СК2014 што би рекол другарот МЕДЛЕ.
 
@Brutus , знаеш ли ти уопште за што пишеме овие неколку страни наназад?

СДСМ 2002 - 497.342 гласачи, ДУИ 2002 - 145.615 гласачи; СДСМ 2014 - 283.955 гласачи, ДУИ 2014 - 153.646 гласачи.

ДУИ од 2002ра до 2014та не војуваше со никого, туку водеше политика со пресметани политички маневри и кадровски решенија. Не правиме муабет за дивење или мразење, констатираме капацитет.
Доста беше, си ги напушти сите тези и не можеш да ги докажеш, нема да те следам у секоја твоја нова теза и маневар, збориме за начини и методологија на работење, а ти го презентираш финалниот продукт- резултатите. Дури ти е тешко да ги признаеш средствата со кои се служеа за формирање и дејствување на права и позиции , ваква размена на ставови само на форум може да постои. Биди доблесен барем малце, пробај да одговориш некогаш на тоа што те некој цитира, ти детериорира квалитетот на пишувањето со овие ефтини финти, не постои поента понатака да збориме.
 
Мене не ми е јасно како од 2011 година па до 2014 СДСМ изгуби многу гласови. Од 370 000 до 280 000 Тоа е голем минус. Некој ќе каже А1, може али па олку голем пад мора вината да ја бараат во раководството
 
Како не ти е јасно, пушти сега уште малку ќе има пренос од Павелшатевска и види кои фаци се таму.
 
@Brutus , знаеш ли ти уопште за што пишеме овие неколку страни наназад?

Доста беше, си ги напушти сите тези и не можеш да ги докажеш, нема да те следам у секоја твоја нова теза и маневар, збориме за начини и методологија на работење, а ти го презентираш финалниот продукт- резултатите. Дури ти е тешко да ги признаеш средствата со кои се служеа за формирање и дејствување на права и позиции , ваква размена на ставови само на форум може да постои. Биди доблесен барем малце, пробај да одговориш некогаш на тоа што те некој цитира, ти детериорира квалитетот на пишувањето со овие ефтини финти, не постои поента понатака да збориме.
Али у ваков посран Балкан неможеш ти да очекуваш голема демократија. Јасно е дека ВМРО уценува, манипулира, вработува, поткупува али види целта ги опревдува средствата
 
Претседателот на Државната изборна комисија, Никола Рилковски, вели дека владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ го бојкотираше референдумот за ГТЦ, дека партиското членство било под притисок да не излезе на гласање и дека тоа е причината зошто не се постигна цензуот од 50 отсто за референдумот да биде успешен.

Ова беа избори, вели тој, каде гласаше само една партија, да не се случеше бојкотот опозицијата ќе ја понесеше победата, и со градоначалник и во бројот на советници.

- Од страна на ВМРО-ДПМНЕ имаше апстиненција, си го повикаа членството да не гласа. Апстинираше и дел од администрацијата каде власта ја има контролата. Не смееја да излезат затоа што така им било речено. Имаше доста граѓани кои беа принудени да апстинираат со притисоци. Ова се избори каде излезе само една страна, опозицијата. На другите избори излегувале симпатизерите на најмалку две партии. Но доколку се спореди со локални избори, излезноста од 40 отсто говори дека имаме комотна победа на опозицијата, и за градоначалникот и во бројот на советници. Оваа бројка е најголема за опозицијата до сеа. Да излезеше и другата партија процентот на гласови ќе беше над 60 отсто – вели Рилковски.

Според него не е логично тоа што е потребен цензус од 50 отсто за локално прашање на референдум, додека за избор на претседател да биде потребен цензус од 40 отсто. Вели дека се потребни измени во Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, кои би наложиле на локален референдум цензуот да биде помеѓу 30-40 отсто од гласачите.

- Законот е одамна донесен и не е во согласност со Изборниот законик. Мора да се направи промена и усогласување. Промената на фасада е прашање од локален карактер и нема големо значење за државата. Во споредба со изборот на претседател, државник, тоа е минорно прашање, а сепак ни е потребен цензус од 50 отсто. Не држи тоа за избор на претседател да е доволен цензус од 40 отсто. За референдумот, како овој за ГТЦ, цензусот треба да биде помал од она што е предвидено за државнички прашања. Да речеме помеѓу 30-40 отсто – додава претседателот на ДИК.

Неуспехот на референдумот за ГТЦ, посочува, се должи и делумно на непрочистениот избирачки список. Во него има гласачи од Пустец, т.н. фантомски гласачи, починати и граѓани со повеќе лични карти.

Рилковски вели дека во план е Државната изброна комисија да отпочне проект за прочистување на списокот во соработка со невладините организации, така што лично би се проверувале сомнителните адреси. Но, додава, потребни за средства за да се спроведе тоа.​
 
Како не ти е јасно, пушти сега уште малку ќе има пренос од Павелшатевска и види кои фаци се таму.
Ја се молев Зоран Јовановски да биде избран за претседател на СДСМ, кога си замина БЦ. Али јебига тоа е. Со Зајко има 100 години да бидеме опозиција
 
Јасно е што кажуваш, него овие ја вртат водата на друга воденица демек некој се воодушевувал од ДУИ.
Не, тој има генијален план да ме натера да пишам дека ДУИ користел нелегитимни методи, и со тоа да ги оправда нелегитимните методи на Заев. Притоа, промашува дека никого не го боли кур дали се легитимни или не. Ахмети заврши амнестиран во Влада, Заев ќе заврши во затвор. И тоа е тоа што се брои.
@Brutus , знаеш ли ти уопште за што пишеме овие неколку страни наназад?

Доста беше, си ги напушти сите тези и не можеш да ги докажеш, нема да те следам у секоја твоја нова теза и маневар, збориме за начини и методологија на работење, а ти го презентираш финалниот продукт- резултатите. Дури ти е тешко да ги признаеш средствата со кои се служеа за формирање и дејствување на права и позиции , ваква размена на ставови само на форум може да постои. Биди доблесен барем малце, пробај да одговориш некогаш на тоа што те некој цитира, ти детериорира квалитетот на пишувањето со овие ефтини финти, не постои поента понатака да збориме.
Можеби. Ама тоа не го менува фактот дека откако е основана ДУИ до денес, стратешките грешки им се бројат на прсти. И дека се значително посериозен политички субјект од СДСМ.
Ете ми ја почетната теза. И уште стојам на нејзе. Ти не сакаше да прифатиш поткрепа со зборови, ете ти бројки. Сега и бројките не ти чинат, требало да разговараме за демократски принципи. Ти кажав, за глупости и празни демагогии не трошам време.
Мене не ми е јасно како од 2011 година па до 2014 СДСМ изгуби многу гласови. Од 370 000 до 280 000 Тоа е голем минус. Некој ќе каже А1, може али па олку голем пад мора вината да ја бараат во раководството
Црвенковски наспроти Заев, Циц и Локвенец. Слушај го 30 секунди првиот, па слушај ги ако сакаш и по два саати другиве, ќе приметиш разлика во капацитет. Додуша, види ги на слика, ќе ти стане јасно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom