Навистина не е проблем?! Па тогаш зошто вие протестиравте!? Ако материјалот сте го совладале, не би требало да претсатвува проблем, дали после 2-ра, 3-та или 4-та ќе полагате уште 100 пати. Јас нормално дека не се сложувам со ова, но ти направи компарација меѓу барањата на едните и на другите и рече дека овие биле бесмислени.
И начинот е многу битен. И поставените прашања се многу битни. Е тука веќе настанува оној технички проблем, за кој упорно се правиш нем. Се знае, сакаш успешна матура, не ризикувај, нека биде само писмено. Не ти треба ни систем, ни компјутери, ни училници.
И како нема дискиримација?! Некој да има право на 2 изборни, а друг само на 1? Тоа ти е класична дискриминација. А сите барања ти се чиста утопија, со ваков министер. Јас искрео не би можел да коментирам повеќе ако ти имаш своевидни ставови за тоа што е исправно, а што не (притоа не изнесуваш аргументи, даваш смешни примери и ги игнорираш моите агрументи). Ако сакаш ќе одиме и преку еден вид дедукција (кога веќе го дефиниравме општото), ќе биде одлично. Мене така повеќе ми одговара. Но и ќе заврши овој твој мазохизам при пишувањето. Сега што конкретно е лошо во нивните барања? Јас не видов ништо конкретно во твоите реферати.
И примерот не ти е адекватен. Факултетот е избор. Сакаш одиш, сакаш не. Средното е задолжително. И екстерното е задолжително, што значи дека без него нема сведителство. Така што предметите ти се бираат без никаква логика, и без разлика дали ќе бидеш оштетен или не (да, и сите жалби се без основ, па секој треба да ја вкуси демократијата, нели?). Но и твојот успех не ти го кажуваат. Оценката може да се извади од ракав, нели? Дали таа треба да кореспондира со таа што си ја добил за време на целата учебна година?