Тоа со различните презимиња не е проблем за занемарување. Имаше еден таков случај во Софија кога бев пред некој месец, службеничката му рече на кандидатот да донесе документ од Македонија со кој ќе се потврди дека станува збор за истото лице на изводот и венчаницата. Му даде рок од една недела да го достави. Ако не го доставиш тој дополнителен документ, воопшто нема ни да се разгледа барањето, автоматски ќе биде одбиено после неколку месеци. Не знам која институција овде може да ти го издаде тој документ, може некој на форумот знае да ти одговори.
Многумина сметаат дека ако при доставата на документите лицето на шалтер не забележи неправилности или несовпаѓања дека им успеало да се провлечат и дека се ќе биде во ред, но искуството покажува дека не е така. Службеничката не донесува одлука на кој ќе му се одобри потекло, а на кој не. Таа само прави преглед и филтрира што не чини. На крај, комисија ги разгледува детално документите, а совпаѓањето на презимињата е една од првите проверки кои се прават.