Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Џ

Џонтра Волта

Гостин
Пред да тргнам за Милано, шетнав низ град да видам да си зеам некои тренерчиња за по пат. Наоѓам едни у Рамстор за 590 денари. Топ.



Ми ги украдоа у Милано!
У градот на факинг модата, на еден обичен фиромјанин му беа украдени мртви тренерки од нецели 10 евра.

:toe:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
http://www.dokaz.mk/pekol-vo-josip-broz-tito-direktorkata-brka-profesori-i-uchenitsi/

До кое дереџе ли стигна најелитната скопска гимназија? А мислев дека е распашана банда јас кога завршив. Гимназија контролирана од директорка што пучи гз на сите во тандем со покондурен сељак што предаваше со покерска јакна.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Викам ќе се пука пак, ќе си остам уште една пушка таа првата кизне кај е :icon_lol:. М. вика мајор немајор чин бегал за Швајцарија :pos::pos::pos::pos::pos::pos:.

 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.144
Поени од реакции
8.107
Зачитан по форумов, занесен во лаптопов, во истата соба мајка ми гледа на Алфа некое Српско срање и само едно време слушам: Убио бих бога у њему!
Слатко се изнасмеав не можејќи да споделам со жената, ах овие мемињата хахахаххах
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
На уредникот од Нова ТВ, Борјан Јовановски, му оставиле венец пред куќа, на којшто пишувало ,,последен поздрав''.

Без разлика дали некој го сака Борјан и ги цени неговите човечки и новинарски квалитети. Ова е уште еден показател за нивната забеганост, умноболност, ретардација и нечовечност. Ѕвонеле на влезната врата, го направиле ова, додека во домот била неговата сопруга и трите малолетни дечиња.

11117220_10155405588295109_8727924675100873539_n.jpg

И ќе ми дојде некој квази како Инглориус, ќе игнорира, банализира и релативизира, ќе го сведува сето ова на дневно партиска основа, ќе ни објаснува дека сите се исти и дека исти се и овие и оние од опозицијата и сите останати кои размислуваме со своја глава, рационално и критички.

Епа не. Не се си сите исти. Овие не знаат за доста. Овие не знаат за мерка. Овие не знаат за крај. И за да си ги спасат нивните бедни задници, спремни се да направат се, ама буквално се. Да тепаат, да се закануваат по живот и да убиваат и фрлаат во ендек.

Ќе победи граѓанството, подоцна или порано.
 
Последно уредено:

ХулахопкиСоТочки

Out of step with the world
Член од
9 август 2014
Мислења
1.494
Поени од реакции
5.250
А со автобусиве шо праиме... Лимена кутија, небаре херметички затворена.Поготово приватните, 2 прозора-буквално и тоа прозор отварање никако (ако отвориш следи, "затвори, ми дува"), а внатре згужвани сите. А се намачив да го отворам. Замисли си ги сите "најопојни" мириси на светот...епа тоа. На некои може и не им е топло, може до мене е. Еднаш така си се симнав на пола пат, не можев да издржам.
Да го опремам точакот за подолга вожња и ето ме.

И иам приметено дека зимоска нема фонтани со вода низ градов. Ретко ептен у некое насеЉе да начекаш
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.329
Поени од реакции
26.279
Не ми текнува кога јас сум викал дека сите се исти. Јас цело време кажувам дека овие, за разлика од тие другите, се подготвени на се. Тоа им е предност, не маана. Ама јебига, не сме сите исти.
 

бутЕ

старлета
Член од
29 март 2011
Мислења
2.232
Поени од реакции
3.837
Кеј овде ќе пишам за да не одам оф топик во темана за гошинце.

Значит преку кур ми се дојдени оние неколку фаци шо од уста не не истадоја нас средношколците и маршот шо го планираме во четврток. Шојмат врска то со темана? Или се прајте паметни? И не не сме водени од никоја политичка партија. Бојкотов последниве 3 недели и маршот во четврток се за да не полагаме НИЕ или ако сакате поточно јас, бидејќи учам медицина, да не полагам математика а воедно да не полагам македонски и англиски 3 пати на матура. Бојкотот е за да не ги пишит оценките од екстерното на полугодие во сведителство, пошо се полугоднишни. Бојкотот е за да не им ги пишат единици на сведителство на тие шо добија на екстерното слаби. Бојкотот е за ЛОШИТЕ РЕФОРМИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО, а не за нешто плус. И задутре немат само Скопје да имат марш. Се прат напори да е на ниво на Македонија. Оргомен притисок трпиме ние неколку организатори охрид шо сме од политичкиве партии, од директори, професори, родители, дури и укинаја УМС - Вмро Дпмне, ама немат запирање дури не викнит онај сељакон средба со средношколски пленум.

Вие 90% сте студенти, ама то не ви дават никакво право да терате сеир со нас и да не ставате во иста торба со оние шо се бележани партиски.
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.318
Поени од реакции
10.354
Кеј,

Почнав да ти пишувам еден филозофски пост, ама сфатив дека е рано.Ќе се погоди некад да ме удри жичката приквечер.Моментално да ти кажам дека прв пат во мојата кариера во било која игра изгубив од французи.А французи не поштуем.Јазикот им го знам , ама не ги поштувам ич.Го чекам денот кога ќе заборавам се.Завршив цел курс по тој глуп јазик зошто мајка ми ме запиша кога добив 4ка у основно.За иронијата да биде поголема и у средно не мрднав од 4ка. И да си знаеш среќата е во малите нешта пропратени со ладно пиво.A пиво нема.Нема ни среќа.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Драга,

Воопшто не сакам да се мешам во вакви работи, но премногу почна да смрди работата во државава, премногу ми мириса на нова војна, а тоа што ме плаши е граѓанска војна. Ангелов уште пред три недели најави за ова што се случи денес, али не сум многу во тек и не можам да си ја поврзам сложувалката. :misticen:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.065
Поени од реакции
74.719
Поздрав до @Cassaro со Sur le pont d'avignon :icon_mrgr:

Топ песничка

Продолжувам со трендот да сум болен на секои две недели. Не ни превземам веќе нешто, знам дека ќе си помине за 2-3 дена, како ништо да не било :вонзем:
Тоа е последица кога ќе седиш во ходник од воз каде што е отворена вратата, ќе те шиба ветер во парк цела вечер, а ти си искочил само по блузон...
Камо да бев како Вини за време на ветровитите денови, а не да ме корнат синусиве цело време :D
DSC02436.JPG
DSC02437.JPG

То је мој омилени дан за посете. Прво чу скокнути до мог пријатеља ПРАСЛИНА <3
 

Kajgana Shop

На врв Bottom