Fan club: Burnley FC

  • Креатор на темата Креатор на темата ivajlo26
  • Време на започнување Време на започнување

Резултат против Лестер на Турф Мур?

  • Победа

    Гласови: 7 33,3%
  • Пораз(или нерешено)

    Гласови: 14 66,7%

  • Вкупно гласачи
    21
Па не бевте вие за Челзи?

@Донев што е ова бе брат? Змејски, Ивајло, КомшијаТи...
 
Па не бевте вие за Челзи?

@Донев што е ова бе брат? Змејски, Ивајло, КомшијаТи...
Во сезона во која уште пред да почне знаеш дека си шампион, мора да си најдеш некоја дополнителна занимација. Не им замерувам :D
 
Во сезона во која уште пред да почне знаеш дека си шампион, мора да си најдеш некоја дополнителна занимација. Не им замерувам :D

У крф ви е тоа :D
Слаб ни бил тимот, дај ќе го мењаме
Јак ни бил тимот, дај ќе го мењаме.
 
Многу лош сплет на околности доведе до тоа Барнли да остане осамен на дното на табелата тогаш кога најмалку требаше и кога најмалку сите ние очекувавме. Само неколку секунди по промашениот пенал на Мет Тејлор што многу веројатно можеше да му донесе на нашиот тим круцијални три бода, Лисиците возвратија и по остриот центаршут на Џејми Варди, искусниот Мајкл Даф ја затресе сопствената мрежа.
 
11092666_10205489674457976_1209150944_n.jpg И покрај тоа што сите не отпишаа, и покрај тоа што сме заковани на дното на табелата, гордо го носиме грбот на Барнли на нашите гради и веруваме во подобри времиња за клубот. Прв натпревар од последните 4 е во сабота против Вест Хем на Болејн Граунд. Тие се безбедни на средината на табелата и се без шанси за излез во Европа, но сепак се доста квалитетен противник. Но, со оглед на тоа дека нашите браќа од врвот, Челси го добија Лестер на гости, сеуште има надеж за момците во Claret and blue.Трагичарот Мет Тејлор изјави дека во последните 4 натпревари против Вест Хем, Хал и Вила на гости и Стоук дома, доколку сакаме да опстанеме треба да извојуваме 3 победи, што секако ќе биде многу тешко со оглед на тоа дека немаме постигнато гол од 14-ти март, но не и невозможно ако се потсетиме како Сандерленд се спаси минатата година, со неверојатни победи на гости кај Челси и Манчестер Сити.

#BELIEVE!
 
Мислам дека се е во наше раце и следната против Вест Хем to be or not to be!
 
Конечно постигнавме гол, конечно победивме, конечно имавме среќа, но за жал уште нешто беше конечно, а тоа е завршетокот во овогодинешната борба за опстанок. Животот не е фер а тоа најмногу го докажа вчерашниот натпревар. Зарем има наш навивач кој не скокна од своето место во тој момент кога Дени Ингс го зафати тој магичен полуволеј кој што заврши во мрежата на Харпер. Зарем има навивач кој барем во тие моменти на еуфорија не се понадева дека Саутемптон, иако веќе губеше со 2-0, ќе дојде барем до бод на Кингс Пауер стадионот и ќе ни овозможи сламка за која што ќе имавме огромни шанси да се фатиме, сега , кога се “откукаа“ бордо-сините после скоро два месеци, а следни жртви ќе беа Стоук и Астон Вила. Но, тоа е што е, треба да се одиграат чесно и без притисок последните натпревари и да се изгине на теренот што ќе покаже за какво лавовско срце се работи, пред летово кое ќе смени многу работи, во кое се надеваме дека ќе успееме да ги надоместиме загубите на оние што се доволно добри за да останат во Премиер Лигата.Danny.jpg
 
http://prntscr.com/aai92w

Нашиот Барнли е на врвот на табелата на Чемпионшип и е многу блиску до пласман во Премиер Лигата следната сезона, ако не директен пласман тогаш ќе не очекува борба во плејофот. Овој викенд не очекува источното Ланкаширско дерби против Блекбурн, а нашата екипа го доби првиот дуел во октомври на гостински терен со голот на Скоти Арфилд. Доказ за тоа колкава е големината на ова дерби е и тоа што ќе се емитува ширум светот, кај нас во сабота во 13.30 таа чест ќе ја има Спортклуб.

No nay never no more, till we beat the bastard rovers!

promotion-2014113-1494639_478x359.jpg
 
Иде пласман 99% директно меѓу нас и Миделзборо за прво место битка (Y)
 
Во меѓувреме Хал загуби на St.Andrews кај Бирмингем на крилјата на поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Томаш Кушчак кој што имаше одлична вечер. Со ова нашиот Барнли останува на првата позиција со ист број одиграни натпревари со Хал и 1 бод повеќе, и со еден бод повеќе но и еден одигран натпревар повеќе од Мидлзброу.

COME ON YOU CLARETS!
 
pod hitno pod kluc.. Ne moze za sekoj eban petorazreden klub da se pravi tema...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom