- Член од
- 15 јануари 2015
- Мислења
- 203
- Поени од реакции
- 176
Барнли ФК е професионален фудбалски клуб од Барнли, мал град со околу 75 000 жители во областа Ланкшир(Lancashire) во северот на Англија, 32 километри северно од Манчестер. Клубот е основан во 1882 година, а нивниот дом од 1883 е Turf Moor. Овој легендарен стадион има капацитет од 21401 гледачи. Во 1886 година овој стадион станал првиот кој што е посетен од страна на кралското семејство откако принцот Алберт Виктор отворил болница во Барнли. Се одликуваат по Бордо боја на дресовите со сини ракави(бои преземени од Астон Вила во почетокот на минатиот век кога тој клуб бил доминантен во англија).
Најголемите успеси се освоениот ФА Куп во 1914-тата година победувајќи го Ливерпул во финалето со 1-0, и освојувањето на Премиер Лигата во два наврати, 1920-21 и 1959-60, како и влезот во четврт-финалето на Европскиот куп во 1961.
Доста солидни играчи поминале низ бордо-синиот (Claret and blue) дрес, од кои по актуелни се Чарли Остин, Џеј Родригез, Стивен Флечер, како и легендата на англискиот фудбал која што никогаш не го достигнала својот потенцијал, Пол Гаскоњ.
Моментално се натпреваруваат во Премиер Лигата откако минатата сезона на крилјата на таканаречениот двоец во нападот “Вингс“ (Дени Ингс и Сем Воукс), кои што постигнаа вкупно 47 гола во Чемпионшип, беа промовирани директно како второпласирани , зад Лестер Сити.
Сегашниот менаџер е Шон Дајх, исто така познат како "Ginger Mourinho" кој што е познат по својата пасија и моќта да ги мотивира своите играчи, да ги натера да веруваат во себе дури и кога никој друг не верува. Најдобриот стрелец од минатата сезона е Дени Ингс(21 гол на 40 меча), а исто така и во досегашниот тек на оваа сезона во која има постигнато 9 гола на 30 меча во Премиер Лигата.
Клубот секогаш има огромна поддршка што го докажува следниот факт: Барнли оваа сезона има најголем процент на посетеност во однос на бројот на жители на градот низ битките со големите титани од Премиер Лигата на Турф Мур во една сезона во која безбедната зона е секогаш толку блиску, а секогаш недостасува таа една победа за да се влезе во неа.
#Believe