Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Навивач на Арсенал да плука по Венгер ми е исто како навивач на Челзи да плука по Абрамовиќ.Нема логика.
 
Да се плука по Венгер во моментов треба да си малоумен во најмала рака.
 
Ја ко шо прочитав Венгер нема да си замине ама ќе добиел некоја друга функција у клубот. А овоа шо читам сенилен и ред други навреди кон Венгер од страна на фан е жално и мизерно! После се шо направи и со кој направи! Ја искрено не можам да го замислам Арсенал без Венгер бидејќи откога сум за Арсенал само едно име останува и само едно име се спомнува така да влезен ми е под кожа :D
 
Абе се што е надвор од Арсенал чини,а внатре не.
 
Па нормално баравте класа ДМ а уствари имавме класа ДМ у тимот цело време :)

Него онака чисто информативно ме интересира, после мизерниот старт на сезоната и сите тие повреди, некој да ви понудеше ФА Куп и 2ро место, немаше да прифатите?
 
Сенилен ...
Сериозно бе дечки ?
Човек којшто му слугува на клубот и остана лојален во најтешките времиња, дали сериозно го заслужи ова именување Венгер...
:facepalm:

Сенилен = човек кој лесно заборава.

Пример. Губиме од појака екипа 3-0, после натпревар си вика мора да сменам тактика. Пред другиот тежок натпревар со појака екипа заборава, пак излегува со истиот состав истата тактика.


Навивач на Арсенал да плука по Венгер ми е исто како навивач на Челзи да плука по Абрамовиќ.Нема логика.

10 добри работи не анулираат 1 лоша, па и обратно. Ако треба „низ прсти“ да гледаме за сериозни пропусти тогаш не сме ништо подобри и поамбициозни од mid-table тим. Да не заборавам дека Абрамович е плукан и плукан за сите глупости што ги правеше и прави со тренерското место. :) Ама Ромче реши да ја тргне гордоста на страна и да го врати Жозе. Типичен пример дека Венгер не е таков е Цеск.


Да се плука по Венгер во моментов треба да си малоумен во најмала рака.

Па нормално баравте класа ДМ а уствари имавме класа ДМ у тимот цело време :)

Него онака чисто информативно ме интересира, после мизерниот старт на сезоната и сите тие повреди, некој да ви понудеше ФА Куп и 2ро место, немаше да прифатите?

Во моментов сме одлични. Ама тоа е во моментов. Кој е крив за тој мизерен старт ? Ако играчите немаат мотив, на тебе е како менаџер да ги мотивираш. Ако тимот не е комплетен за борба за титула, на тебе е како менаџер да го поправиш. Ако премногу играчи се повредуваат, проблемот е или до нив, или до медицинскиот тим или до тебе како менаџер и тренерите што им ја прават програмата.


Лесно е да го браниме кога сме колку толку успешни, лесно е да бараме изговори „ама него не му се играше “ ... „немавме среќа“....„имаме многу повредени“. Баш како што Тодд напомена, Венгер го дотурка Арсенал до ова ниво ( дали е добро или лошо ниво сеуште е рано да се каже ), и на самиот Венгер е да го раководи целиот тим. Тимот е многу повеќе од тие 25 играчи.[DOUBLEPOST=1429549391][/DOUBLEPOST]Зависно од тоа како ќе ја завршиме сезонава. Доколку тоа е уште еден куп и 2ро место. Со 2-3 засилувања летово, Венгер заслужува да му се даде шанса да го доработи договорот до 2017. Ако не... јеби га.....искрено фала за се што направи ама промени се морални ако сакаме да останеме на врвот на Англија, Европа и онака одамна ни е далеку од дофат.
 
Најлоша одлука би била да менуваме менаџер при ваква добра игра во текот на 2015 година, ако догодина се повтори истата ситуација како стартот на оваа сезона нека се пензионира предвреме. Сега ако доаѓа Клоп,нека дојде како тренер на младинците. :D
 
венгер можеби наредни 10 години нема да стане од клупата на Арсенал... Не пошто им "носи титули" туку им носи голем профит на газдите..

Aј групно да му се изнасмееме на страчателата.
 
Гледам у фан клуб Ливерпул, го бркаат Роџерс после елиминацијата во полуфиналето, читам у фан клуб Арсенал го бркаат Венгер после влез во финалето и второ место во лигата.
Едното со другото не ми се сложува баш....
 
Најди пост каде кажувам лошо за Венгер.
Сакаш да ми кажеш дека после нерешеното со Лестер на почетокот на сезоната и после тие 2-2 со Ливерпул ништо лошо не си кажал за Венгер ?
Овие две утакмици прво ми дојдоа на памет и затоа ги кажав како пример за утакмици после кои сме биле убер изнервирани.
Сеа да барам низ твојата историја на форумов и да барам вакво мислење не планирам, ама реални да бидеме сите имаат нешто лошо кажано за Венгер, дури и да не го мислеле тоа и да го кажале во афект да речеме.
 
@Bojan Van Buuren
У живот никогаш не сум плукал по Венгер.Само сум увидувал некој негови грешки како не купување дмф и штопер оваа сезона итн. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom