1000 денари ти се таман за белведере за салата, ракија, вечера и литар вино, освен ако не сакаш да се фраериш со сортни вина, јагне и риби...тино и чун се малку поскапи.
Во Скопје тие кафании кај што си била се биртии, а не кафани од овој тип, зошто и јас сум бил во неколку скопски со многу повисоки цени од охридските, а нормално и поефтини ама во стилот на јарец во косел, и боними кај полицијана.
Веќе 2 години излегувам исклучиво во кафани, и мислам дека помалку трошам во кафана одколку во ликвид и дак. Зш за 1000 денари во дак ќе добиеш 8 пива мали скопјански.
Порано имав еден дел од Арена, се чудев како некое сепаре ми праеше и по 400-500 евра на вечер, ама кога ќе пресметаш чаламот скапо се плаќат.
Во објектив, дак, кадмо, куба и ред други кафичи ракијата е иста цена...зш 1 флаша ракија е поскапа од флаша коњак, водка, џин, пелинковац итн.
Зборот ми беше, младите од другите градови излегуваат во кафана па макар и еднаш месечно, ама пијат, играат и се забавуваат.
А во Охрид излегуваат 3 пати неделно и најдосадно им е...зш се такви никакви, а не дека е скапо или дека немало избор.