Android корисници (проблеми, прашања, совети)

  • Креатор на темата Креатор на темата Џои
  • Време на започнување Време на започнување
Одлично работи на нексус нема дилема тука и да може да се враќа назат пак на КК

Sent from my SM-N910F
 
Иам 5ка од ноември или таму кога искочи на Нексус 7 и одлично работи. Зашто би сакал назад? Незнам како ви ја средиле за на другиве уреди ама на нексусите одлично работи
На Z2 и Galaxy S4 има лаг при кликање, како на некои јава модели што имаше. Батерија јаде како лудо. Кај другар на Нексус 7 се инсталира и имаше куп заебанции додека се среди. И не може да го врати на фабричка 4ка, освен да го флешува со друг ром.
 
На Z2 и Galaxy S4 има лаг при кликање, како на некои јава модели што имаше. Батерија јаде како лудо. Кај другар на Нексус 7 се инсталира и имаше куп заебанции додека се среди. И не може да го врати на фабричка 4ка, освен да го флешува со друг ром.
Не сум експерт за мобилни телефони и нивниве оперативни системи ама од користење можам следново да ти го кажам.
Другар на Нексус 7 2012 супер му работи и е задоволен од него, малку побрзо му ја цица батеријата вика ама е незначително за да се жали. Други лагови или багови нема приметено.
Јас на Нексус 7 2013 исто ми работи супер дури и батеријата ми трае повеќе одколку на старите верзии. Не лагира, не сецка нема некој проблем. Ама и не играм игри или да гледам филмови на него. Го користам за да проверам маил, за чат, да расчитам по интернет на страните кои најчесто ги посетувам без да морам да палам лаптоп.
Понекогаш се јавува проблем со претерано цицање на батеријата и на нет мн се жалеа од ова па некој имаше пишано дека со хард ресет и wipe data го решил. Пробав и стварно помага, па сеа често ако почне батеријата да ми ја цица брза (а тоа се случува секогаш кога ќе оставам да падне под 15%) му правам хард ресет преку рикавери и пак се враќа се во нормала(истиов метод на верзијата од 2012 не помогна).
 
@wiksa на 4ката ги немаше овие работи. Затоа има во рок од неколку месеци 2 апдејти. Ќе видиме што ќе биде со 5.0.2
 
На Z2 и Galaxy S4 има лаг при кликање, како на некои јава модели што имаше. Батерија јаде како лудо. Кај другар на Нексус 7 се инсталира и имаше куп заебанции додека се среди. И не може да го врати на фабричка 4ка, освен да го флешува со друг ром.
Кај мене на S5 екстра работи, после вториот апдејт на 5.0. Со првиот апдејт, точно е, ја трошеше батеријата за неполн ден. Сега, неверојатно, со нон стоп вклучен мобилен интернет, e-mail, разговори, вибер, сурфање и нон стоп (освен кога спијам :D) приклучен Gear часовник трае два дена. Project Volta во 5.0, конечно, одлично функционира.
Да не зборам дека е многу побрз него ли на KitKat.
Еве скриншот :

Screenshot_2015-04-18-23-30-32.png
 
Имам проблем со .thumbnails фолдерот во DCIM кој е околу 1 гб од фајлови по 100 мб, гледав на интернет, нема корист од нив тоа се всушност минимални слики од секоја што била внесена досега во системот и прави проблеми покажува дека нема меморија телефонот. Да не имал некој сличен проблем со ова и да има пробано решение? Доколку нема гледам се препорачува зачувување на сите слики од мобилниот и бришење на тие фајлови па истата процедура по неколку месеци. Благодарам однапред. :)
 
Дечки имам Alcatel OneTouch Idol две години и пред некој ден на 3 пати ми замрзна екранот и не сакаше ништо да функционира и ме даваше како исклучен. Два од трите пати се рестартира сам одма додека еднаш му требаше околу 5 мин за да се рестартира. Пошто ми е помината гаранцијата да побарам некое мислење ако знае некој што би можело да е проблемот. Фала ви
 
Тие што имаат LG F 60 има Android 5.0 упдате но се инсталира исклучиво преку LG PC Suite. Денес кај другар видов
 
Некој Алкател, Сони...
 
дали можи да се најди самсунг галакси с5 ако е исклучен или ако не е пуштен џпс ? каква корист можи да има арамијата од него ? заклучен е преку android device manager. во мојов случај мене ми го украдоја. ако знае некој нека ми објасни. фала многу
 
Да продава делови може само. И да, може да се најде.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom