Општи вело муабети, прашања, совети

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.364
Денеска беше одличен ден, јас отепав нешто околу 70тина километри од Минимаркет до Корита горе. Чинам дека во еден правец има околу 30тина километри(можеби грешам незнам, немам километража) одлично беше, чисто, сончево но на некои делови со ветер и прекрасен воздух за дишење со преубај пејсажи. Штета шо немам навика да сликам. Горе кај Корите ги сретнав луѓето вработени во Националниот Парк Галичица си праеја скара, па ме понудија со еден супер сендвич кој со задоволство го прифатив. Разговарав доста со нив, можеби нешто повеќе од 30тина минути, па планирав да продолжам нагоре но ми рекоја дека патот не е прооден и има неколку лавини кои имале истуркано цели дрва, па работеле на расчистување. Иначе горе на врв Магаро имат доста снег и е ептен тепсија сторено шо значит по мое мојт уште да се скијат, штета што немаме центар и тоа голема штета. Горе си скијат само поединци и ентузијасти кои се ретки и кои ја ценат целата природа и убавина шо ја нудит Галичица.
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Што би можело да се купи до 250 евра некој половен/нов точак? Маунтаин
Што знам јас би ти рекол ако можеш да си најдеш рам до кај 2,000 ден после другите делови сам да си ги купуваш на ново така подобро би ти било таа опција само треба да видиш што бараш и како отиди до кај некој кој е мајстор и воедно продаваат точаци,опрема, делови и разговарај па види што ќе ти понуди...
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.623
Поени од реакции
5.333

И кажи ми колку ќе заштеди така цели 50 евра??? Па нова рамка РАМ од работилница најефтината е околу 5000 денари.
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Шо е работава со cube зошто ги продават неколку месеци откако ќе ги земат ?

сеа листам на SPORTY SALE чудна работа
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Шо е работава со cube зошто ги продават неколку месеци откако ќе ги земат ?

сеа листам на SPORTY SALE чудна работа
Неколку теории од моја страна:

1. Лазе продава 95% 29er велосипеди. Да бидеме реални, нема секој нозе да вози 29er. Ако возиш road па се решиш за 29er ќе имаш сила да го свртиш. Ако се качуваш од 26 на 29, ќе имаш потешкотии и ќе ти биде потребен подолг период додека напукаш сила во нозете.
2. На мое огромно изненадување, конкурентски гледано помеѓу RAM HT.Two и Cube Analog 29er (двата модели меѓу кои се двоумев), Cube е велосипедот кој тежи повеќе. Значително повеќе. RAM-от тежи 13,15 кг, Cube тежи 13,7/13,9 зависи од изворот. Значи 14 килограми велосипед е прилично многу за денешни стандарди, и нема секој сила и кондиција да го движи тој велосипед.
3. Рамката е Cube, деловите се Shimano. Ако не чини велосипедот, не чини заради деловите. Рамката за обичниот корисник е парче метал на кое се наштрафени деловите. Ништо повеќе.
4. Најмногу половни Cube велосипеди има на продажба затоа што најмногу Cube нови велосипеди се продале во Македонија. Лазе продава неколку стотици велосипеди на сезона. Затоа и на „добар ден“ во продавница дава вртоглави попусти, иако прв пат те гледа во животот. Му се исплати и за толку да ти го продаде.

Каде, кој носи ктм велосипеди во скопје?
KTM, дуќанот се наоѓа во Карпош 4, не од страната на City Mall туку од спротивната страна. Кога се движиш од City Mall спрема Влае, прво иде продавница на Агротехна, па 20 метри понатаму KTM.
 
zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
На мое огромно изненадување, конкурентски гледано помеѓу RAM HT.Two и Cube Analog 29er (двата модели меѓу кои се двоумев), Cube е велосипедот кој тежи повеќе. Значително повеќе. RAM-от тежи 13,15 кг, Cube тежи 13,7/13,9 зависи од изворот. Значи 14 килограми велосипед е прилично многу за денешни стандарди, и нема секој сила и кондиција да го движи тој велосипед.
Рамката е Cube, деловите се Shimano. Ако не чини велосипедот, не чини заради деловите. Рамката за обичниот корисник е парче метал на кое се наштрафени деловите. Ништо повеќе.
Грешка си !!!
Многу зависи од каков алуминиум е направена рамката. Има рамки и компоненти кои се направени од 7071 алуминиум кој е многу поцврст и поквалитетен од 6061, но е потежок. Потоа зависи дали рамката е triple или double butted, зависи и од геометријата.
Ги спомна Shimano деловите, многу зависи која група ја носат точаците. Исто, тежината зависи од амортизерот, бандажите, гумите (димензии,жичани или кевларски, тубелес итн.)
И нема да осетиш разлика во тежината и перформансите од 0,5+кг, посебно не кај XC точаци од 13-14 кг. Тоа се осеќа ако ги споредиш со некои од повисоките класи, 9-10 кг. Така да не значи ако точакот е потежок за 0,5 кг. од другиот дека е послаб, како во случајов.
 
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
Вчера возев после работа, за 1 час и 45 минути поминав преку 30 километри. Тргнувајќи од Карпош-Св.Пантелејмон-СредноВодно-Аеродром-Карпош. Предобро беше времето да не возам и на враќање дома сеуште беше ден. Ако се сака се се може, макар и со МТБ. Да не го споменувам тоа што со него можам да одам на работа и се спуштам често од водно по downhill патеките. Со road bike тешко дека ќе можам да одам на работа а да не бушам гуми секој втор ден а и патиштава се ужасни за roadbike, само Водно може да се вози, се останато е голем ризик, нема велосипедски патеки, треба по улица да се вози...
Друже се си има свое.Но за човек што работи до 4 саат тешко дека има време да се качи и симне по лоши патеки на водно,особено во период од годината кога денот се намалува.
Пукањето на гуми според мене е незначително.Се знае дека кај нас гумите највеќе пукаат од тие трнки кои ги има по тротоарите.
Кога тие ги има спас нема,па каква и гума да е во прашање.Треба тие да се избегаваат.Еве штом помина сезоната во последниве 5 месеци не ми пукнала ниту еднаш гума.А кога ќе ги има овие трнки во еден месец и по 7-8 пати менував гума.Спас нема освен да се вози по улица.

Незнам за вас но нагоре кога одам со мтб-то ретко некој да ме престига,бидејчи возам доста агресивно,особено ако одам до средно..

Но со роуд точаци ме поминуваат доста и за многу кратко време не ги ни гледам веќе пред мене.
Разликата е огромна.И тоа се повеќе ми станува јасно дека е до точаците,а не до луѓето.
Огромна е разликата.Може и до 50% подобра за нагоре.[DOUBLEPOST=1429307729][/DOUBLEPOST]

Може и до 50% подобра за нагоре.[DOUBLEPOST=1429328546][/DOUBLEPOST]
Шо е работава со cube зошто ги продават неколку месеци откако ќе ги земат ?

сеа листам на SPORTY SALE чудна работа
Купувaaт RAM oд рaбoтилницa пa зaтoa cube гo прoдaвaaт:)

Шaлa нa стрaнa.Прoблемoт е верoјaтнo штo нaрoдoт премнoгу oчекувaл oд cube oткaкo прoчитaл нa aнглиски,aмерички пa и гермaнски сaјтoви.Нo секoгaш еднo зaбoрaвaaт,a тoa е декa квaлитетoт не е исти нa cube вo гермaнијa и мaкедoнијa.Тaкa е и сo кoлите,сo хрaнaтa итн.Сo Рaм пaк е oбрaтнo.Тие прaвaт зa стрaнски пaзaри и мoрa дa имaaт врвен квaлитет бидејќи вo еврoпa пoминувa сaмo тaквo.
Е зaтoa Ram е верoјaтнo пoскaп кaј нaс,бидејќи квaлитетoт му е пoдoбaр.

Дa сум вo Гермaнијa еден oд избoрите би ми бил сигурнo cube,нo тукa кaј нaс не се зaлетувaм,бидејќи еднoстaвнo немциве зaвдa пистигнaт ценa бa истoчниве пaзaри пуштaaт 2 клaсa рoбa
 
Последно уредено:
Член од
21 јули 2010
Мислења
352
Поени од реакции
320
Дечки, јас да си се пофалам............успеавме да го земеме cube-ot од цикло берза :D Се снајдов во последен момент, преку другар на другар кој поминуваше од Крушевац со камион вчера....... иако излегоа некои фрки, зошто лимит на картицата беше околу 330 евра да се извадат во еден ден, па му пракјав капар на момакот преку вестер унион уште 110 евра, срекја испадна чесен па излезе на автопат да го предаде бајкот.....ама се на се лудо патешествие..... Битно, помина без царина, безбедно стигна синоќа...... А пошто го подигнавме од Крушевац , ни го спушти на 440 евра......инаку бајков е донесен од австрија .

http://www.2bike.rs/cikloberza/mali-oglasi/bicikli-6/mtb-bicikli-7/cube-attention-29-velicina-15#.VTH9lpPcjVG
 
Последно уредено:
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Што мислите ?:icon_lol:

и зошто никој не го спомна к8

со амортизер- беше наменет за тоур оф фландерс по коцките

zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Шaлa нa стрaнa.Прoблемoт е верoјaтнo штo нaрoдoт премнoгу oчекувaл oд cube oткaкo прoчитaл нa aнглиски,aмерички пa и гермaнски сaјтoви.Нo секoгaш еднo зaбoрaвaaт,a тoa е декa квaлитетoт не е исти нa cube вo гермaнијa и мaкедoнијa.Тaкa е и сo кoлите,сo хрaнaтa итн.Сo Рaм пaк е oбрaтнo.Тие прaвaт зa стрaнски пaзaри и мoрa дa имaaт врвен квaлитет бидејќи вo еврoпa пoминувa сaмo тaквo.
Е зaтoa Ram е верoјaтнo пoскaп кaј нaс,бидејќи квaлитетoт му е пoдoбaр.

Дa сум вo Гермaнијa еден oд избoрите би ми бил сигурнo cube,нo тукa кaј нaс не се зaлетувaм,бидејќи еднoстaвнo немциве зaвдa пистигнaт ценa бa истoчниве пaзaри пуштaaт 2 клaсa рoбa
Хаха, уште ли верувате во тие "теории на заговор" ?? А бе нема врска тоа. Никој веќе не произведува во матичните земји, освен топ моделите, кои (некои) имаат рачно изработени рамки и толку.
Не само што им е поефтино на исток (Тајван и Кина), туку заради фактот што немаат капацитет да ја задоволат побарувачката. Не постои Cube на кој рамката му е произведена во Германија, зборам за актуелниве модели. Исто важи и за другите супербрендови. Само ги склопуваат и брендираат во матичните фабрики, ништо повеќе. Деловите се тие, едни те исти, за сите.
На крајот од краевите, во оваа глобална криза, на кого му се исплати да има различни производствени капацитети, еве да речеме за источна и западна Европа ?? Едноставно нема логика.
Што мислиш, твојот точак, каде е произведен и која класа е (како што тврдиш) ??
 
Член од
21 март 2015
Мислења
2
Поени од реакции
0
1. Rock Shox XC 32 Air 120mm
2. Rock Shox XC 32 TK Solo Air, PopLoc, 100mm

Бидејќи сум почетник прашањето ми е што е разликата помеќу овие две вили. Првата ја сретнaв на RAM точак а втората на Cube. Прашањето е од причина што никако да најдам официјални карактеристики за првата,осибено за тие 120мм како дане постои таква вила.

Уште едно прашање а тоа е, којa вила е подобра од овие што ги набројав погоре во споредба со SR Suntour XCR32 LO, 100mm, lockout за offroad и помалку downhill возење.

Фала многу.
 
Нема никаква разлика меѓу двата RS амортизери, освен одот од 120 мм кај втората, што ако возиш offroad е подобра т.е. подобро ги апсорбира ударите и вожњата е покомотна.
И двете се подобри од SR Suntour амортизерот кој си го навел.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom