Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Толку од мојата самоконтрола, ги изгледав сите четири :oops: :свиркам:

Ма каква бре само контрола, а излегоа 4рите одма си ги изгледав , а преку форумов дечките кој ги немаат изгледано ми помагаат со анализирање епизода по епизода дека знам веке што се не се издеси.
Така да продужете си една по една за да можам на раат да видам да не сум пропуштил нешто. А тоа дали е ХД или маде не ми мења ништо , скромен момак сум ја :icon_lol:
 
Јас не ги изгледав четирите ниту планирам, баш ми е мило ако со тоа му помагам на некој друг да се потести и детално да си ги анализира гледаните епизоди :)
 
И покрај тоа што ликнаа епизодите, премиерата на ГоТ ја гледале околу 8 милиони луѓе. Колку за споредба, првата од 4та сезона ја гледале 6,84 милиони луѓе, а прва сезона ја гледале 2,2 милиони луѓе. Ќе видиме дали ликнувањето на епизодите 2-4 ќе се одрази на гледаноста на епизодите. Патем кажано, рекорди се срушија во симнувањето на ликнуваните епизоди.
Ако гледаноста на ГоТ продолжи да расте, ништо чудно да го сруши рекордот на HBO кој го држи „Сопранови“ со над 11,5 милиони гледачи.

Иначе, засега успеав да оддолеам да ги изгледам 2-4 епизода, видов само една сцена и можам слободно да кажам дека квалитетот е бетер од стрим.
 
Сoпрaнoви рекoрдoт гo нaпрaвијa нaјвише зaтoa штo тoa време немaше тoлку нaпреднa пирaтеријa кaкo сегa.

Sent from my LG G2 using Tapatalk
 
Сoпрaнoви рекoрдoт гo нaпрaвијa нaјвише зaтoa штo тoa време немaше тoлку нaпреднa пирaтеријa кaкo сегa.

Sent from my LG G2 using Tapatalk
Да али на запад никој не пиратира, сите имаат све на ТВ. А тие држави каде што има најголема пиратерија немале HBO,NBC,AMC и друго.
 
Што изгледано, една епизода е излезена засега. :D
 
Вие шо сте ги изгледале сите за да бидете „имуни“ на спојлери, колку сол ставате пред да го пробате јадењето?
 
Добри луѓево деновиве, ниеден спојлер не начекав на фејсбук. Тие групите одамна не ги следам. Појак ми е мене филмот да чекам една недела за епизода, а за тоа време да си ја тумачам претходната и да си правам филмови. :D
 
Бидејќи толку многу ликови умираат и приказната е толку широка, знаев дека ќе дојде момент кога толку многу ќе се оддалечиме од првата сезона што сами ќе си го поставуваме прашањето дали ова е истата серија.

Сега за сега јас не сум нешто многу фасциниран од првите 4 епизоди.
 
И покрај тоа што ликнаа епизодите, премиерата на ГоТ ја гледале околу 8 милиони луѓе. Колку за споредба, првата од 4та сезона ја гледале 6,84 милиони луѓе, а прва сезона ја гледале 2,2 милиони луѓе. Ќе видиме дали ликнувањето на епизодите 2-4 ќе се одрази на гледаноста на епизодите. Патем кажано, рекорди се срушија во симнувањето на ликнуваните епизоди.
Ако гледаноста на ГоТ продолжи да расте, ништо чудно да го сруши рекордот на HBO кој го држи „Сопранови“ со над 11,5 милиони гледачи.

Иначе, засега успеав да оддолеам да ги изгледам 2-4 епизода, видов само една сцена и можам слободно да кажам дека квалитетот е бетер од стрим.

Тебе ти покажал некој тетрис и си помислил змејовите дека ги гледаш. Добри се снимките...
 
Јас почнав одново да гледам првите епизоди, имам некои прашања

Зошто братот на Денерис (Регар) ја киднапирал сестрата на Нед (Лиана)?
Зошто Лудиот Крал, му рекол на Џејми да го убие татко му (Тајвин)? А одговорот да не биде оти бил луд :D
 
За да ја натегни

Пошто е луд.

:D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom